Работата во Јунајтед ми се чини дека е малце поразлична, барем ја така ја имам сфатено.
Ќе пробам да ти ја објаснам преку пример, и вие имате стручњаци со дипломи, само со различни дипломи на различни позиции.
Како да имаш доктор со завршена диплома за доктор, добиена лиценца и долгогодишно искуство во струката и имаш Министер за Здравство со диплома од Економски Факултет, подструка маркетинг кој едноставно знае само кеш да прави и тоа го прави многу добро реално.
И што се дешава, му доаѓа докторот на министерот и му вика ни требаат нови апарати за магнетна резонанца, зашто старите се веќе истрошени и не се во функција. Не ви требаат им вика министерот, и старите ќе завршат работа.
После некое време пак иде докторот и му вика на министерот, ни требаат апарати за магнетна резонанца. Аха, јасно вика министерот. Иде и купува апарати за вештачко оплодување зашто оценил дека тие апарати ќе и ја покачат многу вредноста на болницата. Се слика, вика медиуми и прави цела маркетинг кампања околу апаратите за вештачко оплодување.
Се надевам дека ме разбора.