Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Топ три најчкарт муабети што се праат у овој подфорум се:
- Дај пушти ги младинците, ќе играат со срце барем ВОВОВОВОВООВО
- Наместо овој, боље оној играч да се купи, подобро ќе се уклопу ВОВООВОВВОО форумски експерти

И сеа најново, периодов се фура:
- Овој играч им го „украдовме“ на овие (најчесто лути ривали кои според форумски иМформации биле блиску до потпис со него ама он ги преебал и дошол кај нив).

Дај бе луѓе :D
 
Топ три најчкарт муабети што се праат у фан овој подфорум се:
- Дај пушти ги младинците, ќе играат со срце барем ВОВОВОВОВООВО
- Наместо овој, боље оној играч да се купи, подобро ќе се уклопу ВОВООВОВВОО форумски експерти

И сеа најново, периодов се фура:
- Овој играч им го „украдовме“ на овие (најчесто лути ривали кои според форумски иМформации биле блиску до потпис со него ама он ги преебал и дошол кај нив).

Дај бе луѓе :D
Сите три се дебилни ама второто ми е нумеро уно.

Као клубовиве во кои гледаме (а и да немаш чепкано на нет, ќе претпоставиш) дека има вработени личности образовани на какви не факултети и со какво не CV зад нив од сектор IT до правен сектор, не ја разгледале можноста да го потпишат Ојле наместо Дојле.

Побогу, во првата епизода од серијана за Сандерленд, се гледа на таблата дека Ибра го имале разгледувано да го потпишат. Значи кога еден Сандерленд што отиде втора лига се распрашувале за Ибра, сите X, Y, Z опции што ги дискутираме тука за некој клуб сум убедена дека им се разгледани ама ете, нешто пресудило да го потпишат тој што го потпишале.
 
Тие што се со факултетите и CV ата во Јунајтед, слободно или нека кинат дипломите или нека идат да продаваат хамбургери!
Шест преодни рокови еден мочан Ојле да не погодиш, па стручњаците од форумов биле тие со глупи фори.
Не изигравам после битка генерал, ама кога веќе ги браните бар малку од малку да имаат резултати!
 
Купени им се дипломите :D
 
Работата во Јунајтед ми се чини дека е малце поразлична, барем ја така ја имам сфатено.
Ќе пробам да ти ја објаснам преку пример, и вие имате стручњаци со дипломи, само со различни дипломи на различни позиции.

Како да имаш доктор со завршена диплома за доктор, добиена лиценца и долгогодишно искуство во струката и имаш Министер за Здравство со диплома од Економски Факултет, подструка маркетинг кој едноставно знае само кеш да прави и тоа го прави многу добро реално.
И што се дешава, му доаѓа докторот на министерот и му вика ни требаат нови апарати за магнетна резонанца, зашто старите се веќе истрошени и не се во функција. Не ви требаат им вика министерот, и старите ќе завршат работа.
После некое време пак иде докторот и му вика на министерот, ни требаат апарати за магнетна резонанца. Аха, јасно вика министерот. Иде и купува апарати за вештачко оплодување зашто оценил дека тие апарати ќе и ја покачат многу вредноста на болницата. Се слика, вика медиуми и прави цела маркетинг кампања околу апаратите за вештачко оплодување.

Се надевам дека ме разбора. :)
 
Нападот на Евертон во новава сезона ќе е Заха-Кеан

:kajgana:
 
Заха-Кеан-Ричарлисон
Делф-Гомеш-Сигурдсон
Диње-Мина-Кин-Колман
Пикфорд

Солиден состав, опасен напад. Плус на клупа имаат солидни замени во Бернард, Калверт-Луин, Волкот. Сеуште немаат квалитет за топ 6 им дишат во врат со Лестер и Вулфс.
 
Ke го биде Мегваер, прашање е колку само ке не ошурат.

Последно Скај Спортс вика не помалку од 90 милиони фунти за Мегваер.
 
Работата во Јунајтед ми се чини дека е малце поразлична, барем ја така ја имам сфатено.
Ќе пробам да ти ја објаснам преку пример, и вие имате стручњаци со дипломи, само со различни дипломи на различни позиции.

Како да имаш доктор со завршена диплома за доктор, добиена лиценца и долгогодишно искуство во струката и имаш Министер за Здравство со диплома од Економски Факултет, подструка маркетинг кој едноставно знае само кеш да прави и тоа го прави многу добро реално.
И што се дешава, му доаѓа докторот на министерот и му вика ни требаат нови апарати за магнетна резонанца, зашто старите се веќе истрошени и не се во функција. Не ви требаат им вика министерот, и старите ќе завршат работа.
После некое време пак иде докторот и му вика на министерот, ни требаат апарати за магнетна резонанца. Аха, јасно вика министерот. Иде и купува апарати за вештачко оплодување зашто оценил дека тие апарати ќе и ја покачат многу вредноста на болницата. Се слика, вика медиуми и прави цела маркетинг кампања околу апаратите за вештачко оплодување.

Се надевам дека ме разбора. :)
Половично точно, половично докторите мислеа дека апаратите се третман сами по себе, а не само начин да дојдеш до подобра дијагноза.
 
Евертон и лани имаа добар состав па видовме шо направија
 
Тие што се со факултетите и CV ата во Јунајтед, слободно или нека кинат дипломите или нека идат да продаваат хамбургери!
Шест преодни рокови еден мочан Ојле да не погодиш, па стручњаците од форумов биле тие со глупи фори.
Не изигравам после битка генерал, ама кога веќе ги браните бар малку од малку да имаат резултати!
Ама нели ги заебававме Челзи со години како Роман им купува играчи и менаџерите немале ни збор во изборот, те на ќерка му и се свиѓал фудбалер, не знам што. Сега години подоцна кога сфаќаме дека им се купи на сите фудбалери какви што сакаа, пак не чини. Единствен менаџер кој не беше вистински поддржан со играчи беше Мојс и тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom