Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 213540


@Zlatikevichius Извини што те замарам цело време за Оскаровски прашања, ама мислам ти најдобро ги знаеш правилава.
Еве Фавро вика цел филм е CGI уствари...
Дали филмов може да биде номиниран за најдобар анимиран филм? Кои се правилата за нешто да биде сметано за анимиран филм?

Или....може да биде номиниран секој CGI филм....ама мора да не е римејк? Или тоа со римејкови нема никаква врска?
Искрено, не сум многу упатен, само знам дека ако анимацијата е направена врз база на движењата на живи суштества (не знам како се вика тоа, на човек, на пример, му лепат такви електроди, ги снимаат движењата, прават фоторобот и после со тој фоторобот ја создаваат анимацијата, а за животни, пак, користат видео снимка од движењата на животното) тогаш не се смета за анимиран. Тинтин беше така направен пред неколку години, и не беше eligible.

Е сега, кај анимиран има и друга цака: не може да се натпреварува за анимиран ако не е пријавен како таков. Таму се бира само од оние филмови кои конкурирале. Има многу случаи каде традиционално анимирани филмови не биле во конкуренција за наградата, затоа што не се пријавиле. Прв таков на кој ми текнува е Batman: The Killing Joke. Впрочем и 99% од анимираните на Марвел и DC. Тоа значи дека ако студиото не го пријави филмот како анимиран, џабе е и CGI, и со кукли да е, и традиционслно нацртан...
 
Многу работа или во последниве денови стомачниот вирус си го направија своето да се заковам пред телевизор. Не пуштам филм наменски да се замарам со нетфликс/хбо после напорен ден на работа или сега со триста глупости, туку буквално блеам пред телевизор и гледам/догледувам тоа што ќе го начекам.
И тоа ги начекувам сите филмови што ми се веќе гледани барем еднаш.

Едно од поголемите разочарувања ми е Goodfellas, во моето сеќавање филмот беше ремек дело, а не сум го гледал откога бев детиште или тинејџер, така нешто. Сега, мислам дека филмот е престарен, и не е воопшто добар, туку напротив, многу долг, досаден и со одбивен протагонист. Мислам, Реј Лиота си одглуми супер, но нема ништо макар малку допадливо во неговиот лик. Дејството ниту се движи напред, ниту се знае за што е приказната, на моменти изгледа како три филма да се споени во едно. Доста преценет филм.

Другиот филм што го начекав на тв, секако, The Dark Knight. Него не го коментирам, се е кажано, секогаш кога го има на тв го догледувам. Истото важи и за Shakespear in Love, го репризираа по стотти пат месецов.

Го изгледав, скроз случајно, и Daddy's Day Care, и тоа утринава го даваа на тв и како што бев целиот замаен, скроз ме расположи филмот, го имам гледано 2-3 пати претходно и секогаш на телевизија. Ова е трејдмарк филм на Еди Марфи. Не знам зошто неговите филмови секогаш имаат слаб рејтинг, ама човекот е ѕвезда на 90-те, раните 2000-ти и многу ми е криво што не е активен. Филмов, доста искрен и коректен, како фамилијарните комедии од тоа време, воедно и неповторливи, понекогаш нуди зачудувачки суптилен хумор. На пример овде имаше неколку сцени што ме насмеаа на глас - децата во „лошата“ градинка учат 3 јазици и слушаат предавање за Фројд, а во градинката на Еди Марфи, кога доаѓа инспектор, го тераат да држи куклена претстава. Во следниот кадар - инспекторот уствари прави дијалошка сцена со две кукли, машко и женско, и женската нешто му раскинува, а машката кукла ѝ вели демек абе 55 години имам, живеам со мајка ми, и децата ова го гледаат, па се смеат без да сфатат дека овој кутриов душата ја остави во креативност. Не ги прават повеќе вакви, или што би рекол еден мој другар - филмови смислени во недела навечер.

Има нешто кај Лиота што мене лично ми е одбивно. Не глуми лошо, но како да ми е скроен за лигави, препотентни негативци. Иритира со појавата.

Еди Марфи првпат го гледав кога глумеше африкански принц (VHS :) ) и мислам дека тој уште во 80-тите беше ѕвезда (Полицаецот од Беверли Хилс, 48 часа), но почна полека да се гаси во 21 век. Неколку неуспешни филмови во серија кои заработија малку и добија лоши критики - и толку треба.

Но дијалозите во Goodfellas се филмско злато. Како и Казино. Само Гудфелас ми е малце подобро спакуван. Казино е баш многу долг.

Оваа сцена ми е ептен класика.


Старицата во сцената, всушност, е мајка на М. Скорцезе
 
Еди Марфи направи неколку катастрофални филмови на почетокот на 21-ви век и си ја упропасти репутацијата. Па сега тешко да ја врати. Веќе има некоја стигма врз неговите филмови па секој негов филм се плука уште пред да излезе. Додуша јас и немам гледано нешто со него последните години, последно ми текнува на A Thousand Words. Филмот не е ништо посебно ама па не беше ни ужасен. Ама и него го отепаа со лоши критики.

Ист случај е и со Адам Сендлер. Кај него хејтот е најчесто оправдан ама некогаш мислам дека е претеран. На пример мене Pixels не ми беше толку лош. Дури мислам дека идејата беше симпатична.
 
Ист случај е и со Адам Сендлер. Кај него хејтот е најчесто оправдан ама некогаш мислам дека е претеран. На пример мене Pixels не ми беше толку лош. Дури мислам дека идејата беше симпатична.

Сендлер ми е мене посимпатичен ко појава на интервјуа, смешен и пријатен е за слушање. Нетфликс специјалот исто не му беше лош. Мислам дека стенд апот му е каде каде подобар од филмовите. Ај тие од 90ти се трпат некако, али овие од последниве две декади се правени со оној грд, одбивен, благо ретардиран хумор.
 
И вие сте нашле па сте зашле, филмовите на Адам Сендлер увек не чинат, тој хумор негов ретардиран.:facepalm:
 
Како што пиша Маја во 90-тите имаше Сендлер океј комедии. Барем тогаш ми беа смешни, така ми останале во сеќавање. Пример Happy Gilmore и Big Daddy. Исто добар беше во посериозна улога во Punch Drunk Love.

Кога веќе почнавме со муабетов, сега ми текнува за пример на „комичар“ кој никогаш не бил смешен - Роб Шнајдер. Буквално секој филм каде тој е главна улога е ужасен.
 
Најуспешните филмови на боксофисот во деведесетите

1564410480540.png


Терминатор - годинава нов

Аладин - излезе годинава

Кралот Лав - излезе годинава

Тој Стори - излезе годинава

Стар Ворс - ќе излезе годинава

Џурасик Ворлд - ќе излезе за година-две новиот

Индепенденс Деј - пред пар години изелзе продолжението


Да очекуваме и Гоуст римејк а?
 
Еди Марфи е легенда. Суперстар од 80-те и 90-те. Јас во принцип не се замарам кога кешираат на стара слава, не се ни трудам да ги гледам поновите филмови. Ги гледам кога се во прајмот.

Адам Сандлер е генијалец кој направи кариера од снимање dumb-down филмови.
 
Ако сакате добри комедии, гледајте ги оние на Stephen Chow... али филмовите да бидат на оригинален кинески јазик, а не преведен на англиски :)

goldofcookery1.gif
 
Ако сакате добри комедии, гледајте ги оние на Stephen Chow... али филмовите да бидат на оригинален кинески јазик, а не преведен на англиски :)

goldofcookery1.gif
Stephen Chow (на кратко Стефчо) е легенда, оној филмон со сиренана што го режираше откако се повлече ко актер се намлати пари. Имаат карактеристичен хумор азијциве, као овер д топ или гадни работи, ако не си навикнат на тоа ќе ти биде одбивно и чудно/глупо али затоа и ми се интересни нивниве комедии што се поразлични и доста креативни а имаат и доста симпатични глумци, ко Стефчо, Само Хунг кој кај нас не е толку познат али таму е подеднакво ценет ко Џеки Чен (третиот од нивново друштво Биао за жал не направи некоја кариера иако најталентиран од нив тројца, заедно имаат тренирано), исто цепки ми се и Хуи браќава
images

и Лаки Старс дружинава
TwinkleScreenshot.jpg

мислам дека имаат давано нешто од нив и по нашиве телевизии, некад Џеки Чен или Само Х. (прв од лево) имаат камео у нивниве
Автоматски споено мислење:

Сендлер, Спејд и Шнајдер, трио фантастико. Ги правеа едни од најјаките комедии на времето. И Вил Ферел на времето беше добар, но низ годините се изгуби.
Спејд се шлепаше поред Крис Фарли... дебелиот беше лудница, не сум глеал скеч со него а останатите да не искочат одма од карактер
Не знам тоа, али знам дека и Critters излезе сега.
Серија, ја чекав цело време и на крај коа искочи трејлерот не личи на ништо. Краткиов фан филм е дајштадаш
 
Последно уредено:

Само шо го изгледав филмов. Одлична драма. Онака на моменти длабока, тажна, па во други радосна, си игра со емоциите. Приказната топ, репликите исто. Кучето само се појавува како еден засебен момент. Топла препорака од мене, после фала ќе речите :)
 
Ако некого го интересира, овој петок во САД лимитирана премиера има Honeyland.


Претпоставувам ова е прв пат пoсле Dust македонски филм да има каква таква премиера/прикажвуање некој македонски филм

Можеби и ќе добие номинација за Оскар
Fun fact, на бокс-офисот само еден филм имаше подобар просечна заработка (per сала) од Honeyland - Кралот Лав.

Очигледно таргет публикава го сака филмот и постои баз меѓу критичари (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom