Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Од број 5 до 13 и јас ги барам. Балканвавилонци ја видов на саемот мислам, ама не прашав што цена беше, гарант соленка.
Ја имам во pdf ако ја сакаш.[DOUBLEPOST=1563056785][/DOUBLEPOST]
Ја барам и Разговор со Спиноза од Смилески.
Ја имам јас, ама не ја давам.[DOUBLEPOST=1563056924][/DOUBLEPOST]
И дајте предлози што вреди од Или-Или, да се искористи попустот до крај на август. За предлози, мислам на тебе и @Saladin како најверни Или-Или трошаџии. :D
Се од Господинов, Мичел, Фаулс... Од македонските: Пармаковска, Станојоски, Стојановски, Димковска (само не Скриена камера).
 
Горе-долу истите ги бараме. Јас ги барам сите од Орхан Памук издадени од Табернакул, ама по пристапни цени. На саем најдов една 500-че беше и се пишманив.

Куќата на Мазарена ја имам. Одлична е. Ја земав лани, ама не се сеќавам колку. 200 ден. мислам.

Од број 5 до 13 и јас ги барам. Балканвавилонци ја видов на саемот мислам, ама не прашав што цена беше, гарант соленка.

Ја барам и Разговор со Спиноза од Смилески.

И дајте предлози што вреди од Или-Или, да се искористи попустот до крај на август. За предлози, мислам на тебе и @Saladin како најверни Или-Или трошаџии. :D

У глобала се` од Ларс Саби Кристенсен (2 книги) вреди, колку и да е цената. Такви наслови не се пропуштаат, и ќе ти биде ептен криво како што мене ми е уште криво за Волшебникот од Фаулс.
Од македонскиве - Улиците што ги нема од Ќорвезироска ти е полн погодок. За Пармаковска више станувам досаден :D. Не знам дали ќе ти се свиѓаат романите на Петар, но ако ти се свиѓал The following филмот на Нолан, тогаш Очи со боја на чевли истотака.
Од увозно друго добри се романите на Хаж, особено ако си љубител на филмови налик на Таксист со ДеНиро. Играта на ДеНиро е одлична (нема никаква врска со гореспоменатиот). Мене ме потсеќаше сторијата на Once upon a time in America во некое Сиријско воено сценарио.
Супер книгиче ти е и Приказна за суштината на времето на Рут Озеки. Ако си љубител на Ишигуро, па и Мураками донекаде.
Од турциве едина што ја читав и што ми фати ептен око е Мачешки писма. Опишува за животот на турските дисиденти видени од окото на нивните миленичиња.
Тоа е вака накратко што паметам, а ако ја видам библиотеката, сигурно ќе ми текне уште некој наслов.
 
Ја имам во pdf ако ја сакаш.[DOUBLEPOST=1563056785][/DOUBLEPOST]

Ја имам јас, ама не ја давам.[DOUBLEPOST=1563056924][/DOUBLEPOST]
Се од Господинов, Мичел, Фаулс... Од македонските: Пармаковска, Станојоски, Стојановски, Димковска (само не Скриена камера).

Пушти ми ја во пдф, ако не најдам hard copy ќе ја читам така.

Некни си ја зедов Тринаесетиот месец од Русјаков, не го многу обичам, али знам лани снимаа наш филм по романов, па викам ај да видам што се дешава во книгава пред да излезе филмот, Светот од Милјас (ме привлече описот на задната корица) и Карневал од Хаж, чинам Сал го фалеше.

Од Господинов имам сè освен И сè стана месечина, од Пармаковска, Станојоски и Петар Андоновски имам сè, од Димковска само Резервен живот, ќе бидат и останатите.
Од Давор Стојановски не ми се допадна романот на годината, така што не би продолжил со нешто друго, засега.

Фала Сал за предлозите. Ќорвезироска ми е во план, а од Хаж прво да видам како ќе ми легне Карневал.

Од Мичел во план ми е Илјадагодишната есен на де Зут, а ме интересира Атлас на облаците каква е. Филмот што го гледав пред неколку години ми беше доста конфузен.

Ги има некој прочитано Вергина и романот на Свидерски? Исто мислење за Ирена Јорданова и Јолдески?
 
Не е на Табернакул, ама еве за Памук нешто:


f395956441ea7674d113b9b505807f8c.jpg


Sent from my Huawei Honor 8x using Tapatalk
 
Од Мичел во план ми е Илјадагодишната есен на де Зут, а ме интересира Атлас на облаците каква е. Филмот што го гледав пред неколку години ми беше доста конфузен.
И книгата делува конфузно, ама ако се внесеш во неа доволно, ептен е добра.
 
Магор се цареви, година-две им ја барам Снег и прееска ми пишале порака дека ја имаат. :love:
 
Најдобриот расказ на светот - Радјард Киплинг

Најдобриот расказ на светот е збирка на раскази од Киплинг во издание на Темплум. Повеќето раскази обработуваат теми поврзани со Индија (родното место на Киплинг) како животот на британските војници во Индија, морепловците и неговата опсесија со пловењето, карактерите на луѓето по британските колонии и слично.

Иако дел од расказите не ми се по вкус, неколку други раскази се генијални и одлични.

Во секој случај книгата содржи разновидни раскази со различни карактеристики и нијанси а Киплинг е страшно добар писател.
 
Тунел - Ернесто Сабато

Постоеше еден единствен тунел, темен и осамен: мојот, тунелот во којшто помина моето детство, мојата младост, целиот мој живот. И во еден од тие проѕирни делови во камениот ѕид јас ја видов оваа девојка и наивно верував дека доаѓа од друг тунел паралелен на мојот, кога во суштина му припаѓа на широкиот свет, на светот без граници на оние што не живеат во тунели.

По трет пат го читам црното коцкасто книжуле во издание на Табернакул кое го купив одамна. Генијален роман за човечката психа, опсесивноста, мрачниот дел на човековата душа испреплетена со осаменоста и отуѓеноста на човека од општеството.

Еден од најдобрите кратки романи, ever.
 
Бумбаров Мед - Торгни Линдгрен

Приказната е за комплицираната врска на двајца браќа кои живеат еден до друг во рурална северна Шведска. Кога во сликата ќе се вмеша една жена која е на посета кај едниот брат, целото клопче помеѓу нив почнува да се одмотува.

Не ми се допадна баш книгата и некако со сила ја прочитав, пред се дека беше кратка. Да беше подолга од 200 страни сигурно ќе ја оставев. Мислам дека главна причина беше стилот на пишување, кој не ми беше по вкус. Некако немаше некој тек целата приказна и се беше напишано така да го опишам сирово. Не знам може е до мене, али тоа беше мој впечаток.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Сакам да чујам коментар за книгата (доколку ја има некој прочитано) на Неле , Фајронт од Сараево .
Ваше мислење дали вреди да се чита или не, го бива Неле за пишување или само за пеење и свирење.
 
Прв пат пишувам тука, со низа книги прочитани минативе десет месеци... што да издвојам? Што е тоа што најмногу ќе одговара? ...

Не знам,... Тоа може да е книгата на Богосијан и Линдзи :

How to have impossible conversations : a very practical guide“ (2019)

„Невозможни конверзации“ = оние кои изгледаат комплетно залудни.
Практичен, навистина водичот е практичен. Не ветува ѕвезди и сл. Зборува обраќајќи се на секој кој би посакал повеќе насоченост, а помалку чудење што да рече на идиотишта, чудаци и „лудаци“. И, на пример, што да млад фанатик против хххххх зборува на семејна средба со старец кој се залага за Ххх-изам.
Упатствата се засновани на :
- илјадници часови на разговори очи во очи меѓу автор атеист и религиозни тврдокорници
- многу години лични расправии по интернет
- разговори со криминалци на теми на морал...
... и стручна литература наведена на обемен список на крајот
Начинот на изразување е прост, можеби премногу.
И не е ова од селф-хелп жанр кој очекува прекрасни резултати веднаш... туку, отворено вели: „земи си време ... ова бара време...“ А, за разлика од други проблеми кои бараат време, од конверзации со луѓе -нема бегање.

Фајл (е-книга) на англиски, ене ја на Лајбрари Џенезис.
 
Последно уредено:
Бев на промоција на Жена вредна злато од Сашо Тасевски, бидејќи бев поканета со вртоглаво убави зборови од негова страна...И секако таму ја купив книгата...
До 10 поглавје сум, хаос ми е во глава од содржината и не можам да ја коментирам дури не ја прочитам до крај, ама вака не ветува баш многу...
Истомисленици ...?
 
А што очекуваше ти од лик без речник? Слушнал за Буковски и одма се направил писател. :LOL:
 
Бев на промоција на Жена вредна злато од Сашо Тасевски, бидејќи бев поканета со вртоглаво убави зборови од негова страна...И секако таму ја купив книгата...
До 10 поглавје сум, хаос ми е во глава од содржината и не можам да ја коментирам дури не ја прочитам до крај, ама вака не ветува баш многу...
Истомисленици ...?

Сашо Тасески и писател не идат заедно во една реченица. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom