За прв пат после..5-6 години сигурно, работата менаџер на Челзи повторно изгледа атрактивно.
До сега цело време велев дека треба ептен да ризикуваш и малце да не си арен за да ја прифатиш работата, знаејќи дека имаш притисок од управа, притисок за резултати, тим што не носи резултати и управа што не ти помага да добиеш резултати и тоа стварно беше така.
Ја добиваш работата на Челзи и во старт потпишуваш отказ сам за себе за година-две.
Е сега....работата изгледа ептен атрактивно.
Особено за тренери што не се докажани на највисоко ниво.
Сега, кога Челзи има бан за трансфери...ова е супер работа.
Доаѓаш од рандом екипа во Челзи..екипа што е една од попознатите екипи во Европа. Имаш милијарда младинци за работа. Немаш притисок за резултати пошто јбг, не си ти крив што е клубот баниран. Играш во ЛШ. Управата не можеш да ја хејташ зошто не ти носи играчи што ги сакаш пошто јбг, трансфер бан е ипак. Не може управата тебе да те хејта пошто "јбг, не сум ја крив што претходните сезони сте ги позајмиле сите овие играчи што сега ја треба да ги претворам во играчиштa", и така натаму и така натаму.
Значи, дури и Челзи да бидат шесто место, би требало новиот тренер да остане уште една сезона со сигурност, па особено и ако е солиден во втората сезона или заврши топ4 во правата? Охоо, под нормални услови во кој што управата реално ја проценвуа ситуацијата..минимум 3-4 години остануваш во клубот. Нешто како Мурињо во Јунајтед што остана (значи, ќе изгубиш работа ептен ако си во лоша серија и ја изгубиш довербата на играчите)
И ова го викам онака..кој и да е нов тренер ќе важи ова.
А особено ако е Лампард? Охоо, Лампард може само да добие од тоа што ќе стане тренер на Челзи.
Па дури и да толкав флоп како Мурињо што беше во последната сезона во Челзи, пак Френки ќе добие минимум уште една работа во солидна Европска екипа.
Ако останеше во Дерби...тоа е..ќе се шеташе со години во екипи ко Њукасл, Барнли, Саутемптон и што ти уште знам.
Ама вака дури и да флопне ќе има шанса за уште еден сериозен проект.
Како и да е...ајде, да видиме што ќе се деси, ама секако, од страна на фановите, а ваљда и играчите не верувам да има притисок во првава сезона без разлика што ќе се деси.
По секоја логика ваљда не би имал притисок и од управата ама........кој ги знае.