Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби не сум во право, но мислам дека големата врева што се крева заради сезонава е што сѐ досега е ЕПТЕН УБРЗАНО. Во 2 епизоди се случија работи што претходно требаа по 2 сезони да се случат. Затоа е голем револтот кај гледачите, а не дека Денерис станала "Mad-Queen".

И мене ми пречи тоа. 6 епизоди се премалку за гледачот да се внесе во серијата.

Btw на добар пат е петицијава до крај на неделава да има 1.000.000 потпишани, што е прилично голема бројка за петиција на change.org
 
Никогаш не ми било гајле за фановите на книгите, intelligent or otherwise... :cautious:

Абе, ти праша зошто некои шо ја мразат серијата, сепак ја гледаат. Ти одговорив, барем за дел од нив, тие што се фанови на книгите. На темава, низ цел интернет, од критичари до фанови, последнава сезона јаде негативни реакции од огромно мнозинство. Претпоставувам дека повеќето од нив и дале шанса оти очекувале добра разврска на приказните на главните ликови. Ако ги гледаш реакциите, сигурно не очекувале да го видат Џејми, човекот шо убил крал за да спаси невини и шо отиде да се бори против зомбија за да спаси невини, пред да умре да рече дека кур го боли за невини луѓе or otherwise.
Последиците од ова ќе ги видиме кога ќе излезе првата сезона на спиноф серијата. Оваа се извлече на стара слава.

Ама, не сакам, нема ни зошто да го направам тоа, едноставно нема причина за јас да тагувам за нешто што не сум го ни доживеал, нит па сакам да го доживеам.

Упорно ме/не прашувате зошто сме ја гледале серијата. Ако не ве интересира, не прашувајте. Наместо пасив агресив оти не ви се свиѓа одговорот, може он топик, на пример, да објасниш од каде на Џејми изјавава дека никогаш не му било гајле за невини луѓе? Ако и тоа не те/ве интересира и само сакаш/сакате да гледа(те) спектакл, оваа тема не е за тебе/за вас, затоа шо ГоТ е 80% политичка драма, семејна драма/трагедија и трилер, а 20% епска фантастика.
 
Апсолутно не ми е гајле за вас, зошто ви се допаѓа или не, само не можам да си објаснам зошто трошите време на нешто што не ви прави мерак? Јас пример Ливерпул би го гледал и во 7ма сандеј лига во Англија (доколку има пренос, нели), заради љубов према клубот. Дали и вие поради преголема љубов према ГоТ непрестано ја гледате серијата?
 
Пишав на претходна страна зошто ја гледам. Нацртав.
Ама ти не одговори зошто Џејми му рече на Тирион дека никогаш не му било гајле за луѓе, innocent or otherwise. :D
 
Упорно ме/не прашувате зошто сме ја гледале серијата. Ако не ве интересира, не прашувајте. Наместо пасив агресив оти не ви се свиѓа одговорот, може он топик, на пример, да објасниш од каде на Џејми изјавава дека никогаш не му било гајле за невини луѓе? Ако и тоа не те/ве интересира и само сакаш/сакате да гледа(те) спектакл, оваа тема не е за тебе/за вас, затоа шо ГоТ е 80% политичка драма, семејна драма/трагедија и трилер, а 20% епска фантастика.
Како човек што седи на форумов врз столче на коешто пишува „филозофија“, треба да размислиш дека има логика. Јас на пример, да сум ко Џејми, би се убедувал себеси дека сум го убил кралот за да ги спасам луѓето. Уствари сакам да се спасам себеси, пошто лудакот нели мислел дека ако изгори све он ќе се вивне као змај. А ако он запали све, и ја ќе умрам. Кој го ебе, нејќам да умрам со него, лудак е, ќе го убијам. И после тоа коа ќе ми ја вреѓаат честа дека на кралот сум му забил нож у грб, ќе се тешам со тоа дека сум го направил за да спасам невини луѓе.

Муабетот Џејми што го направи на Бриен дека било за невините луѓе, е негово тешење. Обид да си прости себеси и да си најде изговор и оправдание. Он го направи за да преживее и за да си биде со Серси, најде начин да се тргне од клетата работа која ја имал.

На крајот си признава дека само Серси, неговиот порок, е битен, и ништо друго. Дека е слаб човек кој не заслужува ништо повеќе. Only Cersei. Only his drug.

Вистинското исповедание е ова на крајот. Колку и да звучи фин redemption arc-от, Џејми нема вистински redemption. Жалам.
 
Ако ги гледаш реакциите, сигурно не очекувале да го видат Џејми, човекот шо убил крал за да спаси невини и шо отиде да се бори против зомбија за да спаси невини, пред да умре да рече дека кур го боли за невини луѓе or otherwise.

Не знам зошто е толку проблем да се сфати ова. Колку сакаш причини можам да ти наредам.

1. Не отиде да спаси невини. Отиде да помогне да ги спаси живите од тотално истребување.

2. Го уби кралот затоа што овој нареди да му ја донесе главата на Тајвин.

3. Дури и да имаат врска со тоа обичните луѓе, се работи за млад Џејми кој не може да гледа што се случува. Ова е Џејми 20 години подоцна, искусен, созреан, со поинакви погледи на светот. И јас размислував поинаку кога имав 20. За многу работи сега сум на спротивната страна.

4. Love conquers all.

Итн...

Дај бе доста цепидлачите мајку му, срамота е. За луѓе се работи, не знам како си ги упростувате работите така...
 
Како човек што седи на форумов врз столче на коешто пишува „филозофија“, треба да размислиш дека има логика. Јас на пример, да сум ко Џејми, би се убедувал себеси дека сум го убил кралот за да ги спасам луѓето. Уствари сакам да се спасам себеси, пошто лудакот нели мислел дека ако изгори све он ќе се вивне као змај. А ако он запали све, и ја ќе умрам. Кој го ебе, нејќам да умрам со него, лудак е, ќе го убијам. И после тоа коа ќе ми ја вреѓаат честа дека на кралот сум му забил нож у грб, ќе се тешам себеси со тоа дека сум го направил за да спасам невини луѓе.

Муабетот Џејми што го направи на Бриен дека било за невините луѓе, е негово тешење. Обид да си прости себеси и да си најде изговор и оправдание. Он го направи за да преживее и за да си биде со Серси, најде начин да се тргне од клетата работа која ја имал.

На крајот си признава дека само Серси, неговиот порок, е битен, и ништо друго. Дека е слаб човек кој не заслужува ништо повеќе. Only Cersei. Only his drug.

Нема логика. Во контекст на серијата нема никаква логика. Да не редам други работи, од Oathkeeper до Riverrun, да се задржиме на оваа сезона само. Ти викаш себичниот Џејми, типот со една рака, мислел само за себе. Истиот тој оди на север да се тепа со орда зомбија FoR tHe LiViNg. Може да остане со only cercei, only his drug и да батали глупости на север, па ако се сјебе работата и зомбија пробијат, земаат бротче и бегаат Есос. Шо бара цел сакат на север, да и помогне на таа шо сака да и ебе матер на onlyhisdrug? Зошто таму е тужибаба и ја кодоши дека испаднала педер и најмила платеници?
 
Бидејќи верува дека со тоа ќе се искупи. За војната што ја почна коа го проби Нед, за Брен што го бутна, за братучед му што го уби, за сите срања што ги направи пред и после тоа. Верува дека треба да отиде у plus points од правење добри дела за да биде добар човек. Се бори против самата смрт, па дури и наоѓа друга жена. И откако све тоа завршува, сфаќа дека не е доволно... не е доволно што ја победи самата смрт и го спаси човештвото...

Има нешто прекрасно а трагично во тоа, дека животот не е собирање негативни и позитивни поени, па да пробаш да си фатиш net positive, дека нема искупување. Нема вадење од сите срања кои си ги направил, секогаш ќе те прогонуваат и ништо нема да ги исчисти.

Токму тоа го сфаќа во моментот кога го напушта Винтерфел, и неговиот живот има смисла само ако се врати таму кај што припаѓа.

Јас пореална и поубава порака од целата негова приказна не можам да замислам.
 
@RickyLFC9 А тоа што сфати дека сестра му го прати Брон да го убие?

И како после тоа, Џејми оди кај сестра му и се понашаат ко воопшто да не се случило ништо?
 
@RickyLFC9 А тоа што сфати дека сестра му го прати Брон да го убие?
Брон требаше да умре у The Spoils of War, ова што го исфорсираа со него е утка максимална, немаат појма што да праат со ликот више. Сакам да заборавам дека таа сцена се деси искрено и пробувам да се правам ко да не постои, се надевам дека у complete edition ќе ја избришат скроз.

Едит: А можда и Серси се надеваше дека некој ќе го скине Брон за да има еден loose end помалце, и тоа држи вода. Али ипак, глупо изведено.
 
Бидејќи верува дека со тоа ќе се искупи. За војната што ја почна коа го проби Нед, за Брен што го бутна, за братучед му што го уби, за сите срања што ги направи пред и после тоа. Верува дека треба да отиде у plus points од правење добри дела за да биде добар човек. Се бори против самата смрт, па дури и наоѓа друга жена. И откако све тоа завршува, сфаќа дека не е доволно... не е доволно што ја победи самата смрт и го спаси човештвото...

Има нешто прекрасно а трагично во тоа, дека животот не е собирање негативни и позитивни поени, па да пробаш да си фатиш net positive, дека нема искупување. Нема вадење од сите срања кои си ги направил, секогаш ќе те прогонуваат и ништо нема да ги исчисти.

Токму тоа го сфаќа во моментот кога го напушта Винтерфел, и неговиот живот има смисла само ако се врати таму кај што припаѓа.

Јас пореална и поубава порака од целата негова приказна не можам да замислам.
А тоа што Серсеи не ги гаѓаше со балистите кога и' беа пред нос? А? Ај објасни ми го тоа со твоите паметни зборови!
 
Бидејќи верува дека со тоа ќе се искупи. За војната што ја почна коа го проби Нед, за Брен што го бутна, за братучед му што го уби, за сите срања што ги направи пред и после тоа. Верува дека треба да отиде у plus points од правење добри дела за да биде добар човек. Се бори против самата смрт, па дури и наоѓа друга жена. И откако све тоа завршува, сфаќа дека не е доволно... не е доволно што ја победи самата смрт и го спаси човештвото...

Има нешто прекрасно а трагично во тоа, дека животот не е собирање негативни и позитивни поени, па да пробаш да си фатиш net positive, дека нема искупување. Нема вадење од сите срања кои си ги направил, секогаш ќе те прогонуваат и ништо нема да ги исчисти.

Токму тоа го сфаќа во моментот кога го напушта Винтерфел, и неговиот живот има смисла само ако се врати таму кај што припаѓа.

Јас пореална и поубава порака од целата негова приказна не можам да замислам.

Стварно ми се свиѓа дека се предизвикуваш сам себе да извадиш нешто од ништо. Поштуам труд. :)

Значи, глупости. Ова ти е контрадикција на тоа претходно шо го пиша. Себичен човек не размислува на ваков начин, не праи вакви селски математики.
Ако е Џејми себичен(мисли на себе), тогаш од каде тоа дека верува дека ќе се искупи? Пред кого да се искупи? За кого му е гајле на тој, според тебе себичен Џејми, па да мора да собира mana points и да се искупува? Према себе? Тогаш не зборуваме за себичен човек и претходниот пост ти нема смисла. Во чии очи сака Џејми да излезе дека е добар човек, ако не му е гајле за никој освен за Серси? На Серси исто не и е гајле за никој освен за нејзините деца.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom