Сакате една филмска и психо анализа за сите на основ на предлозите? Само нормално е зафрканција, да не си земе некој на срце. Сега ќе влезам малце во филм, а вие забавувајте се и не ми се лутете
@Zlatikevichius : Harvie Krumpet, The world is big and..., Titanic, Serendipity, The Last Unicorn, Kalifornia, A Second Chance
Злате е носталгичен дечко судејќи по титаник и еднорогот, живеел прекрасно детство и минато и се што го потсетува на тоа време му ја топли душата. Затоа филмовите што ги предложува за него се сентиментални и топли и сака да ни ја пренесе и нас таа енергија што ја осеќа гледајќи ги. Исто е и чуствителен и романтичен тип кој верува во вистинска љубов, а за него семејството е на прво место и злате најмногу можеш да го допреш и растревожиш ако му раскажеш некоја семејна трагедија. Затоа и A Second Chance толку го восхитил. Емпатичен е и сочуствителен, го цени животот и сака да живее со полна пареа во него (Harvie Krumpet,The world is big..) посветен пријател е и посветен работник, сигурно пошто е толку посветен како шо гледаме и на подфорумов има некоја висока позиција на работа како шеф или менаџер, ако нема тогаш има ненормален газда што не знае да ја искористи посветеноста на Злате.
@moongoses : Character, The Men who Shot..., Conan the barbarian, Taste of chery, Manhunter, Shine
За жал малце негови предлози изгледав, ама по она што видов, М е тип што ептен си ги бира пријателите и не може да функционира со секого. Сигурно нема многу добри пријатели ама оние малку што ги има му се сродни души. Сигурно сака дооооолги разговори со човек што му е погоден, ужива во филозофски дебати ама како што кажав не со секого, замислувам дека во големо друштво со непознати луѓе М само седи и ќути, додека е со избраните е опуштен и зборлив. Заклучив дека е постар од нас по начинот на пишување, по преведувањето на филмовите и по темите што ги бира, посебно The Men who shot... каде дел од темата е едно старо време и навики заменето со ново, смирен човек е ептен, сигурно никогаш не навлегува во расправии и тешко можеш да го изнервираш, а никогаш да го натераш да избувне. Работите никогаш не ги гледа површно, па така и филмовите и ако него му се допадне личност и филм, иако изгледа обично и нормално, се работи за нешто со голема вредност и секогаш има некоја приказна зад него.
@Corvus: A good year, The Phantom of the Opera, Love in the Afternoon, Shadows in the Sun, Love Actually, How to steal a milion
Со Корвус неколку пати сме имале непријатни моменти, ко што викаат две жени во една кујна не можат да се поднесат, па така и ние тука, ама за доброто на подфорумов што двете ептен го сакаме, правиме жртва и ја држиме мирна ситуацијата
По предлозиве Корвус исто е романтична душа и моторот на се што прави во животот и е љубовта. Не само кон спротивниот пол, него кон се. Ако спрема нешто Корвус не осеќа љубов, не може да функционира со него и сигурно го става на игнор нештото или целосно се откажува. Кога сака нешто, има потреба цел свет да знае за тоа и чуствува дека тоа што го сака е само нејзино и друг нема право да го има, до толку се заљубува во нештата. Покрај љубовта, Корвус сака да има и забава, колку и да сака нешто, би избегала ако се осеќа напнато и мелахонично. Сака забавни луѓе и филмови, ама да има и доза црнило, пријателите сигурно и се забавни и зборливи, ама поседуваат чудна некоја смисла за хумор, т.е црн хумор. Такви луѓе мислам дека и се омилени. Во врска сигурно нема да ја освоиш ако си обичен човек, мора да си премногу жив и забавен, ако нема акција секој ден во врската и животот, Корвус одма ќе те напушти. И ако не сакаш филмови се разбира. И ако немаш смисла за хумор и ако не гледаш од носот подалеку, мора да си тип надвор од кутија. Мрази рутина и гарант рутината и е најголемиот непријател во животот. Кога рутината би била живо суштество, Корвус ќе извршеше убиство.
@grande-juve : All about eve, Singin' in the rain, Final Cut, Day for night, Local Hero, My Sassy girl...
Гранде e гооооолем вљубеник во филмовите и музиката. Па микс на музика и филм за Гранде е еднакво на совршенство. Сигурно секогаш е расположен и спремен за танц. Сака во животот да му се случуваат работи како на филм, ако Гранде случајно се судри со некоја и испопаѓаат документи и книги насекаде, секундарно е заљубен и веќе размислува за раскошна свадба со неа каде сите 24 часа ќе танцуваат. Се во животот му се врти околу филмот, гарант и местата во кои ужива и се осеќа свој се со залепени филмски постери, со филмови насекаде, со култни филмски цитати, слики од актери... На такво место може и со години да седи и да ужива и да си фантазира за некоја филмска лепотица со убава фризура како седи до него, а тој само и реди комплимент до комплимент. Добра личност е Гранде, позитивец е во филмот што го живее, мрази негативци и бега од нив...
@devilko : The trap, The Wave, The Crow, Spacewalk, Isle of dogs, Bitter moon.
По предлозиве, девилко е многу пребирлива особа, голем ситничар и не се задоволува со обично и несовршено. Гарант за да си девојка на девилко мора да си секогаш средена и многу да се разликуваш од останатите девојки. По филмовите, колку и да му се случува добро на девилко, секогаш во себе ќе осеќа некоја празнина за која цел му е да се пополни. Мислам дека главен фактор за девилко е надворешниот изглед и не би му сметало да има до себе помалку паметна девојка ако изгледа топ. Мислам дека неколку пати бил разочаран од пријателите и сега премногу пази при контакт со луѓе и поради тоа на другите им изгледа како препотентна и недостижна особа. Сака да истражува и дознава нови работи, мислам дека е фасциниран од галаксијата најмногу. И ми делува и како човек што сака во слободно време онака скришно да читка за паранормални дешавки. Добар човек е , ама и многу претпазлив, многу размислува пред да се впушти во некоја врска, било пријателска или љубовна и гарант и кога ги бираЛ филмовите размислувал да им погоди некако по малку на сите, не сака да е оценет со ниски оцени како тука така и во реалноста.
@wot : The Congress, Only lovers left alive, House of tolerance, Phoenix.
Вот исто како М не може да комуницира со секој. Само со луѓе со кои има заеднички теми на муабет и исти погледи кон животот. Замислувам како во друштво некој му се обраќа, а Вот не е заинтересиран за него и си ја врти главата на друга страна без да се замара дали ќе му ги повреди чувствата. Не сака обични луѓе, за да го заинтересираш мора да си ептен различен, уникатен и единствен. Не сака луѓе што не се свои, ако си во масата исти и секојдневни луѓе не си интересен за Вот. Исто мислам дека Вот има многу големо мислење за себе и смета дека луѓето како него се ретки и тежнее да ги пронајде сите, да си основаат култ, да зборуваат само меѓу себе и со никој друг од надворешниот свет. Ја сака уметноста, знае да препознае добри уметнички дела и знае да ужива во нив. Во врска, Вот исто сака многу акција, ама не акција што им се дешава на сите, него авантури невидени и неслушнати до сега за другите. За добра авантура и лева рака би дал. Не сум сигурна дека Вот има многу пријатели а и за тие малку што му се често се прашува што видел кај нив за да се спријателат. Мислам дека совршен филм за гледање би му бил филм со еден откачен пар кој решил да го ограби музејот во кој патем има неверојатни уметнички дела и во голем дел од филмот акцент е ставен на нив, ама онака индиректно и невпечатливо, а со парите ќе си купат жирафа и ќе го поминат остатокот од животот во кикотење и дрогирање.
Ви благодарам!
Woooowww огромен пост.