Branded To Kill
Еден сосема краток увид за (покрај другото, интересниот визуелен стил на) режисерот
Околу контроверзноста, ај и ја на кратко...
Очигледно во таа 1967-ма не биле спремни за нешто поразлично (еден вид ноар/Џ. Бонд не-само-по-насловот микс) од уште еден шаблонски Бе јакуза кримич за кои имало тогаш верна публика, а уште помалку па и за сатира на истиот тој жанр, која произлегува од фрустрациите на Сузуки-сан затоа што тој негов посебен стил кој го развил во меѓувреме, не можел да дојде до израз во ситуацијата во која се наоѓал. Човекот не одлучувал за ништо - ни дали ќе снима во боја или црно-бело, му доделувале глумци и едни-те-исти сценарија, па си рекол по нашки шогиебамќегисечам (а по Сузуки "Like the fish in the deep ocean, we have to make our own light") и како и секој талентиран режисер морал, тоа било поголемо од него нали, да експериментира, да види до кај може да иде со филмот, да ги притисне границите, и ја платил цената за креативната слобода што си ја земал, самсебегоубијал, "I was told i make movies that make no sense and no money", при тоа создавајќи го по мене неговиот најдобар филм со кој ќе остави траен белег во Јапонскиот Нов Бран.
Исто како што не бев и ја спремен и ме фати со спуштен гард. У низа клише филмови ќе наидам повремено вака на нешто неочекувано, вон стандарди, што ќе ме размрда убаво.
Да, абсурден е. Мелодраматичен. (Типично јапонски. Затоа и ме привлекуваат тие филмови.) И тежок за пратење. И приказната е во втор план. И не се сфаќа самиот сериозно.
Сузуки-сан вели (со онаа нивна типична скромност) дека само се фокусирал како од просечно сценарио да направи што поинтересен филм и дека за тоа на режисерот целта треба да му е како да ја изненади публиката. "That's entertainment".
Енд бој лет ми тел ја, воз ај ентернтејнд!. И изненаЃен. На секои 5 минути се случуваше нешто
, немаше време да се замарам да барам логика (ако пак на некој чуден начин функционира) или да е неопходно да разберам што-и-како (на пр. Линч), ако уживам додека го гледам, мислам (по)важно е како ќе го доживееш, ефектот кој ќе го има врз тебе....Или да барам приказна, ако филмот ми надоместува за тоа на друг начин, како на пр. Годар, посебно во неговото деби Breathless (прво па мушко, би рекол), за мене е совршенство у овој style-over-substance стил. И како што има кажано Годар - "All you need for a movie is a gun and a girl".
Искуството на Сузуки стекнато во претходните 39 филма тука доаѓа до израз.
Филмов изгледа феноменоменално у црно-бело, контрастот, светлото, што се вика од секој кадар може постер да извадиш.
Потоа, креативните и оригинални акциони сцени. Иновативната режија, еден куп различни агли (дури и од под кола у прво лице).
Jump cut-овите у време и простор. Френч Њу Вејв атмосферата. Анимациите...итн.
Бр. 3, еден од најкул ликовите што сум ги видел... за што, покрај Сузуки е заслужен и Шишидо со неговата енергична изведба тука. Со амбицијата да биде бр.1, фетишот за ориз, темпераментните испади на бес или ентузијазам кога ќе го прифатат одвреме-навреме...а најјако ми беше кога пред тензичниот климакс кој следи ќе земе наеднаш да си игра со балон!
(А крајот потоа да биде у бокс ринг, кај му текнало само и тоа на Сузуки не знам).
Останатите ликови се доволно впечатливи...еднава жена опседната со смрт, другата со секс. Мистериозниот Бр. 1 и неговата тактика да ги измачува психички жртвите.
Во апсурдноста совршено се вклопува Џо "
д ејс" Шишидо со неговите трејдмарк образи
, откако ги зголемил станал мегапопуларен и остварил, според Имдб 200 и кусур, а некои викаат дека се и 300! улоги.
it's easy when you're big in Japan...
Импактот на филмов е огромен, да не кажам неверојатен, и во и вон Азија.
Додека го гледав, добив некој впечаток дека ова е како некоја основа на која Тарантино го базирал неговиот целокупен стил. Мислам, где чеш поголем pulp од Branded !!?? (Наидов btw на едно интересно азијско интервју со него за КилБил кајшто го спомнува Сузуки, покрај другите влијанија.)
Исто така, во режијата на Џон Ву (чиишто стандарди btw кога станува збор за акција не верувам дека некој ќе ги достигне а не па и да ги надмине тоа е импосибиле) и во сите оние негови кул ликови со наочарчиња (со кои btw се прослави Chow Yun-Fat), после Branded во нив не можам да не го видам Бр. 3.
Или оние јакуза драми од 90тите на "Beat" Такеши Китано со кои се прослави...
And the list goes on...Fallen Angels на КарВаи...Ichi the Killer на Мике... Oldboy...
Џармуш сцената со (т.е., низ) водоводната цевка, и тука и таму уште по нешто собра за неговиот Ghost Dog кој во една прилика и му го има прикажано на Сузуки, не знам само на каква реакција наишол?
. Џармуш може и најдобро го опиша филмов - "probably the strangest and most perverse hitman story in cinema".
Од мене има 7.5/10 со (голема) можност да отиде накај 8 на второ гледање.
п.с. Мунгос за прв пат не го преведе насловот ???