UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.
Тотенхем освојува, пишано им е... последни моменти се извлекоа од групата, Сити го добија у последни 10 минути, еве Ајакс ги нокаутираа во 4:59 од 5 минутното продолжение.

Пишано им е бре...
 
Клоп, па после нека се реди кој како сака.
Клоп и Покетино.
Тренери кои вадат максимум од секој играч, било да е просечен или топ играч.
Таков беше Ферги.
 
Убедливо најјака сезона во ЛШ откако пратам фудбал. Не рунда, немаше вечер без возбудувања до максимум посебно на возвратните дуели, сите до еден беа неверојатни, крунисани во вакви два пресврти во полуфиналињата. :cuc::cuc::cuc:

Жал ми е за Ајакс стварно, каква талентирана генерација. Децата ќе си газат низ Европа наредни години, нема збор за тоа, но клубот испушти историска шанса да се пласира во финале на ЛШ после 100 години.

Од друга страна, екстремно мило ми е за Тотенхем и Покетино. Заслужија кокошките успех после сиот труд во овие 3-4 години. Мора да ги тагнам @Peja989 и @Донев кои на секои два саати ми се смееја во ПЛ темата во периодот кога паднаа малце кокошките дека сум кажал оти ред е веќе да имаат некој позначаен успех. Што би рекол господинот Пеја од сношти: ":kuracc: пријатели" :icon_mrgr::icon_mrgr:

Се надевам на уште појако финале. За победникот не коментирам, да не правам малери. :P
 
Убедливо најјака сезона во ЛШ откако пратам фудбал. Не рунда, немаше вечер без возбудувања до максимум посебно на возвратните дуели, сите до еден беа неверојатни, крунисани во вакви два пресврти во полуфиналињата. :cuc::cuc::cuc:
Imase, Mancester-Barselona :kafence:
 
Секој ден нов најдобар тренер :pos:

Вчера Клоп денес Покетино,претходно Пеп,лани Зидан...
До вчера незнаеше ништо Покетино сега најдобар..

Луѓе сфатете во вакви моменти не игра тренерот,нема што да промени,се е на играчите.
 
Сезонава во ЛШ има добар фудбал оти конечно умре тики-така филозофијата + намален број на судиски грешки!
 
Како беа тие пророштвата ако кој освоил СП ќе освоел наредна ЛШ? Се исполни некое?

Инаку кога сме кај тоа Интер со Муки едвај поминаа групи на среќа па освоија ЛШ може исто да се деси и со Тотенхем.
 
Штета за Ајакс, со 10мин фудбал од 180 се пласираа финале. Какви зицери пропушти Зијеш. Ќе има колеж до крај, најверојатно ќе се вратат и Кејн и Фирмино и Салах.

Уствари кој кур се игра на 1ви јуни, до тогаш ќе му падни и форма и се, во зима немаат ваков одмор, тоа може да биде клучно.
 
И еве зашто е потребна дефанзива во фудбалот за сите што се вадат на тоа 'hehehe a be odbrana e za shupaci murinjo e sranje samo se brani"

Да беа Ајакс екипа што не се води од "attack first" менталитетот, убеден сум дека 2-3 минути ќе убиеја на крај наместо да се обидуваат да стигнат до четврти гол. Имаше неколку ситуаци каде што шутираа наместо да тепаат време.
Знам ова е непопуларно али јбг, да беше ова тим менаџиран од Мурињо ќе ја спикаа покрај корнер и три минути двајца играчи само ќе седеа и ќе трошеа време.
Така ако глеаш да не беа Ајакс екипа што се води од "attack first" менталитетот,немаше ни да стигнат до тука,немаше да го победат Реал на Бернабе и Јуве во Торино,ниту пак ќе ја имаа таа предност од 1-0 од Лондон и 2-0 во прво полувреме денеска.

Таа допадлива и напаѓачка игра што ја играше Ајакс сезонава со која стигна до тука,не иде никако со дефанзивата ала Мурињо што ете може ќе им се исплатеше во последните минути.Али едноставно не се таква екипа и баш поради тоа и стигнаа до тука,видовме сезонава како проаѓаа екипите како Јуве,Баерн што играа подефанзивно и калкулираа на многу од мечевите.А екипа што може и да се брани добро и да игра вака напаѓачки(како Ајакс) неам сретнато во ЛШ.
 
Бре еднаш во 10 години ќе освои англиски тим и ќе се скинат од радвење, полако :D
Заситени се Шпанците више во последните 5 години ЛШ освојуваат Шпанци,Лига Европа мислам 4/5 имаат.:D


Само јас искрено не ги сфаќам тие пример навива за Јунајтед или Челзи се радува дека Ливерпул и Тотенхем се во финале...

Кај Шпанците ќе се искољаат меѓу себе,Да му умре козата на комшијата.:pos:
 
Како беа тие пророштвата ако кој освоил СП ќе освоел наредна ЛШ? Се исполни некое?

Инаку кога сме кај тоа Интер со Муки едвај поминаа групи на среќа па освоија ЛШ може исто да се деси и со Тотенхем.
Па и Ливерпул едвај помина групи.. и да ве потсетам, изгуби од Црвена Ѕвезда. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom