Game of Thrones

Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Барем да и ставеа лице од волкер па на тој начин некако успеала да пробие, вака нема смисла. Џон 10метри не можеше да помине за да дојде до Бран, а оваа се убацува од никгде никаде.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ne sum general, ama imam dovolno pamet da ne go stavam celo naselenie na gradot vo podzemni grobista, KADE SHO SE ZAKOPUVAAT MRTVI LUGE, A IDE MOJOT PROTIVNIK SHO MOZE DA GI OZIVUVA MRTVITE.
Да да, мислам дека е пологично да се потрошат ресурси во вид на материјал, војска и храна за да се направи еден камп надвор од градот, сигурно имаа и време за да го направат тоа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Во право е Њот, еве кажете како треба да изгледа битката со Серси за да споредиме. После битка лесно е да се коментира.

Дотраките отидоа за Вашето височество, гледачот, да добие конечна потврда за големината на противникот и за безнадежноста на целата ситуација. Погибието на Дотраките за нецела минута ги фрла во очај сите кои набљудуваат од замокот и го наведува гледачот дека можеби никој нема да преживее, освен тие што ќе успеат да побегнат на југ.

За мене сцената со Дотраките беше една од најдобрите во серијата, една од оние кои ќе ми останат во сеќавање.

Подвигот и смртта на Лиана Мормонт се симболика за победата на животот и покрај неверојатно малите шанси. Од такви моменти како тој се направени легендите. 1000 години после Лиана во замислениот Вестерос, ќе има нови Лиани кои ќе растат со таа приказна. Не можеше да одберат подобра смрт.

Лесно може да се бараат маани, и секако дека ги има. Прашање е дали има било каков начин да се задоволат сите фанови? И дали па мора да се задоволат?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
ова излезе класичното после војна сите се генерали...
некоја формација да немате за серси, да не излезе посла вака онака требало...

планот никогаш не беше да ги тепаат преку воени стратегии, дури они за разлика од вас знаеа дека немаат шанса, планот беше што поголема бројка напред за да се издржи додека пробат да го убијат Најт Кингот, такво куропецкање како воено тактизирање каде теренски се надвладени а и бројчано Тајвин не би се снашол не пак Џора и Бриен генералите или Сноу военит планер. Пишал некој да им дошле дотраците од позади кога зомбињата чекале пред ровот... крајот не им се знаеше на беливе а ниту географски е возможно, ќе ставаме слики и од мапите ако сакате да се глупираме, нема проблем.

значи да се вратиме пак на планот, тој беше да имаат 2 змееви, змејови, змајеви, змеи? еве неписмен станав од преголем контакт со темава, нејсе... 2 змееви на страна блиску до Брен за кога ќе нападне Најт Кинго да имаат поголема шанса да го убијат, зашо да ризикуваат 1 вс. 1 за да имаат еден пред порта и да чува од зомбиња? Истите кои сите ќе паднат без проблем ако го скинат у 2 вс. 1 како муви. Прочитав од некој, мислам бејтмен, Сноу си дремел онака на карпата... друже ја скокна ли втора епизода? Имаа план дечките, ама кога испоумреа дотраките дани стана емоционална и го напушти планот, Џон дури проба да ја сопре... читате ли воопшто? И кажа дека Најт Кингот доаѓа, не е тоа фактичка обзервација која ја наратира ситуацијата за гледачот, тоа беше: држи се до планот, треба да се тепаме со него, остај доле битката...

и последно да не заборавиме на снежната бура која ја дигна Најт Кингот, која освен на ликовите и вам ви ги побива сите планови, еве змеј горјанин пишал два змаја да дувале константно од горе... и така ќе победеле, поголема глупости не си напишал поштено, едвај гледааа у бурата, од Најти ќе изгубеа 2 вс 1, испливаа на површина да се свестат, а ти збориш за прецизно горење ко да нема никакви фактори што влијаат... исто никој не ја есапи бурата за палењето на ровот, со факел да пробале... абе остајте мобилните и гледајте епизодите ко шо треба бе


Но најтажно е што сте во право. Очигледно луѓето не очекувале дека епизодата ќе ја дисекцираат историчари и воени стратегисти, и сами признаваат дека дотраките, огнот... све тоа е за визуелност, фрејминг девајс, да ни дадат поубава слика во темното нам, дотраките биле да не фатат на емоција дека има надеж пред да надојдат како лава, дотраките и дани ја фатија на емоција и батали планот, големата темница мене искрено ми се допадна, интересно и различно искуство ама оправдано си хејтате. Арја мене ми е најомразен лик, пишав и претходно, но ми се допадна како заматија очи и ја поврзаа како одувек тоа да бил планот... збогум берик коа сме на темата. Малку сум можеби во денајл, али од егзекуција 10/10 но за објаснување мислам дека не е тоа крајот а вие сите се понашате ко да заврши сношти серијата, ќе видеме, мора да има причина зашо Брен воргна пола вечер

да се истуширам ќе пишам за позитивните работи
Реков претходно, и твоите објаснувања држат, и моите држат, не проблем, битката може да се посматра од повеќе аспекти, во целата таа хорор паника ноќе и не може којзнае колку паметен генерал да си, плус бурата, плус зомби змејот, но сцената со Арја е нелогична и многу лошо изведена, не може ништо да ме премисли за тоа.

И кога сме кај таа сцена, јасно е дека ножот е многу важен во серијава, сега баш ја гледав сцената од втора епизода каде Кетлин е со Роб и Теон и истиот нож на истото место до дрвото, а Д&Д кажале дека три години занеле дека Арја ќе биде таа која ќе го убие НК, Мелисандре и проречи уште во втора сезона (значи во времето кога серијата ги следше книгите), ножот се појави наводнот без особена причина минатата сезона, не дека е наеднаш смислено и без план, но начинот на кој беше спроведено сето тоа делуваше трапаво.

За тие што не знаат до кај се книгите:
Патем, каде е тој нож моментално според книгите?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.319
Поени од реакции
26.252
- Пуштањето на коњаницата е глуп потег, ама кој рече дека Џора е добар генерал ? Башка не ни знаеа колкава армија им се спрема. Башка борбата требаше да биде само дистракција, Брен беше целта.

- Змејовите воопшто никогаш не беа планирани да се борат. Затоа стоеа настрана и го „чуваа“ Брен.

- Што да гледа ? тие пред себе на 10 метра не можеа ништо да видат во облакот а не пак оваа на 100 метра над нив да ги види.

- Колку време се спремаа за бранење на Винтерфел ? Буквално уште чекаа да се вратат другите лордови со војска, кога се врати Тормунд и им кажа дека за некој сат доаѓаат.

- Ѕидот е барем 50 пати повисок од ѕидовите на Винтерфел. Целата поента на Ѕидот е да спречи инвазија на вајлдлингс, нормално е таа одбрана да биде по спремна.

- Буквално имаше 2-3 сцени кај што некој пробуваше со факел.
Џора беше командант, не генерал. Стратегијата ја правеа сите најдобри живи воини што ги имаше Вестерос. И кога нив ги собираш на куп, не очекуваш глупи потези.

Винтерфел е замок, што по дефиниција има спремна одбрана. Не треба нешто посебно да спремаш. На пример, ебениот Блекфиш со МЕСЕЦИ одбиваше армија 20 пати побројна од неговата, комплетно опколен, во ПОМАЛ замок, во истава серија. Кога Теон го нападна Винтерфел, смислуваа стратегија како ќе влезат, а го бранеше скоро никој, сите беа заминати.

Сега одеднаш зомбиња се качуваат едно врз друго, и го освојуваат најголемиот замок на северот. И тоа било добро? Не, тоа е навреда на интелигенција на гледачите.

За змејовите нема да продолжам да коментирам, и онака се глупи и непотребни од сам почеток.

Со последната точка, ме натера да го пуштам тој дел наново, и сум се заебал, дупло поглупо е од што мислев. Пробуваат прво со стрели, ама преладно е, не бива. Па даваат наредба да пробаат со факел. Пробуваат двајца да стигнат, ама зомбињава се ко Де Геа до пред месец дена, и буквално со жив ѕид, скокање и заби ги спречуваат да стигнат. И после излага оваа, оди таму се моли на дрвото, и за некое чудо реакциите кон нејзе не се ни една десеттина од тоа што беа кон тие што тргнаа со факел. Значи никој не проба со факел, имаше неуспешни обиди да се стигне, ама затоа оваа немаше толку голем проблем.

Од друга страна, го пуштив видеото што го објавиле и за таа сцена го читаш ова:
upload_2019-4-29_20-10-46.png
upload_2019-4-29_20-11-4.png
upload_2019-4-29_20-11-21.png
upload_2019-4-29_20-11-36.png

и ти станува јасно дека единствено битно во моментов им е да е што посветкаво и што поедноставно, да не ја навредат глупавата публика што навива.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.781
Поени од реакции
67.070
Прашање - која е стратешката цел што стои во позадина на charge of the light brigade тактичкиот потег на почетокот од битката?
Што сакаа да постигнат со тој чарџ у море од зомбија?
Они ништо, ама драма ефектот е постигнат до максимум, како една од најмоќните армии ги снемува за секунди, а воедно, и битката да има шокатен почеток. Ги угасија во 10 секунди, па им се виде и стравот на лицата на оние што стоеа пред Винтерфел.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.293
Поени од реакции
84.417
Патем, каде е тој нож моментално според книгите?
Ваљда кај Литлфингер пак.[DOUBLEPOST=1556562140][/DOUBLEPOST]
За змејовите нема да продолжам да коментирам, и онака се глупи и непотребни од сам почеток.

.
Ја одувек викав дека да сум на местото на Џорџ све исто би склопил само без змаеви. После прочитав дека и он така напраил, али некоја пријателка му рекла дека би било многу кул и змаеви да стаи.
У ствари, тоа он сам го пишува на почеток или крај од една од книгите, кај што и заблагодарува на таа што му дала таква идеја.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.319
Поени од реакции
26.252
Ја одувек викав дека да сум на местото на Џорџ све исто би склопил само без змаеви. После прочитав дека и он така напраил, али некоја пријателка му рекла дека би било многу кул и змаеви да стаи.
У ствари, тоа он сам го пишува на почеток или крај од една од книгите, кај што и заблагодарува на таа што му дала таква идеја.
Жена ако не те заебе, кој...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.293
Поени од реакции
84.417
и ти станува јасно дека единствено битно во моментов им е да е што посветкаво и што поедноставно, да не ја навредат глупавата публика што навива.
Целата креативна енергија зад серијава го има ова мото.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.346
Поени од реакции
30.703
Да да, мислам дека е пологично да се потрошат ресурси во вид на материјал, војска и храна за да се направи еден камп надвор од градот, сигурно имаа и време за да го направат тоа.
Vo granicite na tvojata zemja, sigurna sum deka edno selo na 100 kilometri poveke ke gi spaselo od faking GROBNICA.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726
Ф

Флеш

Гостин
Jа мислам дека најкасно идната година ќе ја издаде следната книга.
За тие што не знаат до кај се книгите:

Станис е пред Винтерфел.
Дени ја најдоа у рамница Дотраците.
Џон го убија.
Арја прогледа.[DOUBLEPOST=1556558081][/DOUBLEPOST]
Иако сум ги читал едно пет пати (и на различни начини), не знам каде точно све ова го пишува. Мислам дека го нема на едно место, него на разни страни е распостелано.
Сочуство за загубата .....:D:D
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.855
Поени од реакции
10.691
Без да трепнам ја гледав епизодава, има нелогичности ама пак, беше возбудливо. И баш кога си реков следува најдобриот дел, факинг Арја Старк му збрца нож на Night King и толку. Толку? Аман бе ваков крај заслужуваат вокерите што ги зборуваат како најголема закана за човештвото и што ги чекавме 7 сезони да дојдат до ѕидот? Ниту разбравме што сакаат, ниту кој е Night King, ништо. И сега испадна инцестоидната курва Серси да биде поважна за крајот од нив. Епизодава беше како да имаш секс со Моника Белучи и таман пред оргазам од никаде да ти се појави Мирка Велиновска и да ти падне. Се надевам дека ќе има некакво објаснување во наредната епизода, оставам простор да ми го сменат мислењето.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.346
Поени од реакции
30.703
Во право е Њот, еве кажете како треба да изгледа битката со Серси за да споредиме. После битка лесно е да се коментира.

Дотраките отидоа за Вашето височество, гледачот, да добие конечна потврда за големината на противникот и за безнадежноста на целата ситуација. Погибието на Дотраките за нецела минута ги фрла во очај сите кои набљудуваат од замокот и го наведува гледачот дека можеби никој нема да преживее, освен тие што ќе успеат да побегнат на југ.

За мене сцената со Дотраките беше една од најдобрите во серијата, една од оние кои ќе ми останат во сеќавање.

Подвигот и смртта на Лиана Мормонт се симболика за победата на животот и покрај неверојатно малите шанси. Од такви моменти како тој се направени легендите. 1000 години после Лиана во замислениот Вестерос, ќе има нови Лиани кои ќе растат со таа приказна. Не можеше да одберат подобра смрт.

Лесно може да се бараат маани, и секако дека ги има. Прашање е дали има било каков начин да се задоволат сите фанови? И дали па мора да се задоволат?
Ova ke bese se vo red, ako ova bese prviot pat da vidime sto se wights, sho pravi NK, kako funkcioniraat itn.
Megutoa vo poslednite 3 sezoni ova bese poznato.

Ne mi e gajle za "bitkava", ne mi e gajle ni za nikoj sho umre, serijata e takva kanalizacija sho voopsto ne mi e bitno kako ke zavrsi na kraj. Mislam deka pogolemiot del veke ja gledaat da vidat kako ke zavrsi ne deka im e gajle.

Zatoa reakcijata posle ova so dotrakite mi bese lol wut?

Megutoa se iznasmeav na glas koga pocnaa da ispagaat zombinja od grobnicata.

Nekogas e interesno da se glea train wreck osobeno koga e vo vakvi razmeri.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom