Епизодава беше многу добра, затишје пред бура од епизода со сите емотивни финеси, дијалози, дружби и пијанки за можеби последен пат. Со оглед на тоа дека е последна сезона, едноставно мораше да има ваква епизода колку и да не му се допаѓа тоа одредени гледачи.
Интересни моменти од епизодата според мене:
Бран кажа малку но сепак доволно за Најт Кинг;
Дијалогот помеѓу Бран и Џејми, Бран тактички и зрело му објасни што како и зошто;
Острината и дрскоста на Санса спрема Дени
Кога Давос се присети на Ширин кога го виде малото девојче кога делеше оброци;
Дружбата на каминот, особено the knighting-от на Бриен, колку убава насмевка имаше у пичку матер;
Тион Грејџој со желбата и жарот за пожртвуваност/искупување на грешките од минатото;
Џон кога и кажа на Дени уствари кој е и што е.
Знаејќи колку е изгорена Дени за тронот и дека не би дозволила никој да ја спречи од тоа, мислам дека најпедантно и дипломатски би било да Џон,поседувајќи го секое можно право и наследство на тронот, истиот да и го отстапи нејзе на сметка на тоа Винтерфел да биде тотално независен и Џон да си биди Кинг оф д Норт...Но сега за сега не му ги знаеме на Џон претензиите кон тронот. Ќе видиме со тек на време (ако преживеат нормално
)