Стварно сакам да ја убијат Калисито веќе. После епизодава, уште толку. Овој и вика, абе роднини сме, алудира на тоа дека ваљда не може да се заедно, а оваа, ама тоа значи дека ти си пред мене за на тронот.
Кутрата, цело време мислеше дека она треба да се напика на тронот, цел клејм и е уствари мочаното право што се родила од таа фамилија, а сега јбг, копилето ќе ја зезне. Ако сега не се шекне, нема кога. Единствен лик што нема да ја жалам ако ја килнат, дури и за Подрик ми е повеќе гајле дали ќе умре или не.
Имаше доста добри и емотивни моменти од епизодава, секако најдобар беше тој со Бриен. Конечно мислам дека ја видовме насмеана, па дека Џејми и ја даде титулата, мераци. Актериве имаат многу добра хемија, најдобри се во пар, сите моменти со нив ми се топ, и уште сега знам дека најмногу ќе ги плачам нив наредна епизода. Сакам да преживеат, али знам дека најверојатно нема.