- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.523
- Поени од реакции
- 37.362
...најнормално,Дали е нормално при емоционален стрес, возбуда или страв притисокот да оди 180 или 185 со 85/ 90 долниот максимум, си пиев само диазепам од 2мг и одма се симна за 10 минути на 135 со 85 и после цел ден ми беше 110 со 70. 29 годишен сум и тие параметри ме уплашија искрено многу, доктор ме теши дека знае некогаш да биде таков при стрес или може промена на времето да влијае, дека немам постојано висок притисок или како го викат хипертензија па да имам сериозни последици но искрено би сакал од некој што е по здраство да ми каже реално дали е за секирање или не? Ова прв пат ми се случува апаратот да чита такви параметри
стресни хормони кортизол и адреналин, нормално за кратко време се лачат повеќе за одбранбена улога на организмот при моменталниот стрес од било која природа, доаѓа до забразана работа на срцето, стеснување на крвните садови со покачување на крвниот притисок, ослободување на глукоза од депоата на јетра покачувајќи ја енергетската спремност на организмот при тој стрес, сето тоа се задржува извесен период и нормално треба да се повлече и цела состојба на организмот се враќа во нормала сосема добро кажано во твојот коментар!
... ТИ едноставно се плашиш од таква ситуација, а има твои врсници кои се зависници токму од таква адреналинска ситуација и со задоволство се занимаваат со екстремни спортови токму поради тој адреналин кој тогаш се лачи најповеќе!
...замисли дека поминуваш на пешачки и наеднаш здогледуваш автомобил кој не почитува правила на пешак и организмот влегува „во стресна ситуација“ што може живот да значи и наеднаш се лачи адреналинот кој ќе направи ти се справиш со ситуацијата дали ќе истрчаш, дали ќе рипнеш над хаубата на автомобилот, ако во тој момент мериш крвен притисок нормално дека ќе биде многу покачен плус забрзана работа на срцето, но кога ќе се среди ситуацијата организмот авотматски се повлекува со сите тие симптоми, ако не би било така и ти би бил флегма т.е. нема адреналин што мислиш дали ќе се справиш со ситуацијата така „успорен“?
...замисли во кино сала, темница и се дава хорор филм со секакви страшни сцени, да се мери тогаш крвниот притисок знаеш колку ќе биде висок? а тек тахикардија динг динг дингг срцето, види го Мистер Бин „инфаркт“ ќе добие од страв...ама кога ќе се „смири“ сцената и телото постепено „се смирува“ и тие високи параметри се нормализираат!
...или кога ќе се изнервираш адреналинот расте спремен организмот да се справи со стресот односно да се одбрани од „бокс“ што може некој да ти го даде што се расправа со тебе....и многу многу примери, би те прашала што не го мериш крвниот притисок и срцебиење кога ќе ејакулираш при мастурбирање или секс?
...така да нема што да се плашиш од нешто што е нормално, напротив, си правиш лошо вака што помислуваш свешто... висок крвен притисок треба да се задржи цел ден кога телото и лежи, спие,седи и пешачи, па да се рече дека се има хипертензија ... и кога се носи „холтер за крвен притисок“ секогаш се дава список од пациентот што пишува што правел секој 15 мин додека мери автоматски тој крвниот притисок, и ти кога ќе напишеш дека покрај тебе помина згодна женска или ти дадоа изгорен бурек а апаратот ти измерил висок крвен притисок кој за 15 мин се нормализира, докторот ќе напише „нормални параметри“ а таму измери 180/90/90 пулс!
Последно уредено: