Друга работа мислам дека Алиоски - Николов е многу подобро решение него Кире Ристевски - Алиоски, Киркава да е жив и здрав ама последниве настапи за Македонија незнеше кај тераТ.
Вака го имаш Алиоски стандарден лев бек/винг бек во Лидс + Николов заден везен, кој имат моторче во г'зон и БАЈАГИ покриват во одбрана, посебно после контри или полуконтри на противникот.
Несторовски некако најбескорисен играч од сите ми е, реализација лоша, дур се наместит 20 мин му требат, мислам дека висок, цврст шпиц кој игра со глава како Јахович доста покорисен би бил, ама тоа е.
Слаба точка моментално ни е шо имаме доста скромна клупа, Крсте Велкоски, Тошевски, Кире Ристевски, 2ца резервни голмани Илиев и Шишковски, овај вториов незнам шо кур барат во репрезентација, да е жив и здрав Мрме..
Другиве Бејтулаи, Маркоски, Зајков, Чурлинов се океј, посебно кога ги имаш како повредени Спировски, Адеми и Тричковски..[DOUBLEPOST=1553269951][/DOUBLEPOST]
Велковски мислам дека имат солидно искуство во позадина иако е сеуште релативно млад играч, 23 години, како прво ова не му е прво европско првенство, го играше и претходното како стопер, а прет-претходното беше бек ап мислам,всушност неговото деби во репрезентација беше уште 2014 година на пријателска со Кина

со Вардар имаше јаки настапи во европа, Малме, Копенхаген, Фенер, Сосиедад, Росенборг, Зенит..плус сега е прва постава во Риејка, штета шо имаше мака со повреди, сигурно сега би бил подобар играч доколку ги немаше истите.