Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ќе најдеш на торент некој редок филм, гледаш има доволно сидери, се симнува брзо, башка е AVI формат за да може и на скапано ДВД да го гледаш, и на крај кога ќе го пуштиш филмот, кога ќе почнат актерите да ти верглаат руски или тајландски, е значи смрт ми е.... неможам, ќе искршам нешто, ќе ти ебам и дабтајтли и три си пичке лепе материне, ќе ти ебам и Пајретбеј, и Зоогле, и Торентз2 ќе ти изнаебам се у пичка ќорава.

Да не пукните со тие руски и тајландски преводи, ви ебам глупите неписмени народи... И на Замундата се по список со тоа блгарскиот примитивен език
 
Golem del od filmojte na zamunda se so dvojno audio, vidi vo bs player iskluci ja nadsinhronizacijata.
 
@shumecha.tableta сакаш да ти предложам убави филмови ко за тебе за кога ќе немаш што да гледаш? Пошто гледам убави си гледаш и ноари и стари и се, па ако сакаш одма ќе ти направам една листа :P
 
Може, може. :D И онака преполна ми е листата со филмови што сакам да ги гледам, ама не знам од кај да почнам. :noze:
 
Ќе почнам од најстариот па наваму, немаш проблем гледам со тоа...
1. It Happened One Night (1934)
Овој ти ги собрал сите главни оскари таа година и стварно е забавно филмче ептен. Авантура на една размазена и умислена богата женска и еден неодговорен и груб новинар кои случајно ќе се сретнат и ќе патуваат заедно и низ патот ќе сфатат дека уствари се сродни души, клише приказна ама ептен забавна и уникатна.
2. The Thin Man (1934)
И овој ти е забавна крими комедија за еден ултра супер интересен брачен пар и едно убиство во кое ќе се вплеткаат од забава глумејќи детективи, ама со убиството нема заебанција и работата ќе забега на друга страна...Има и други делови да не ти ги барам ако ти се допадне овој а гарантирам дека да, тогаш гледај ги и нив.
3. The Devil and Miss Jones (1941)
Сопственик на една фирма и најбогатиот човек во светот дознава дека во неговата фирма тајно се основа синдикат. Со лажен идентитет ќе се вмеша во работниците за да дознае се што се случува, ама место да го пронајде виновникот, тој ќе пронајде љубов...
4. I married a witch (1942)
Овој ти го кажувам зошто е различен, комедија со вештерки ама ок е за забава.
5. To Have and Have Not (1944)
Богарт и Бекол знаеш дека биле брачен пар а филмов е една ептен страсна и полна со чувства приказна за која се надевам дека била и нивната вистинска приказна. Најстрасната поврзаност меѓу двајца ликови што сум видела на филм и има едно ептен интересно споредно човече. Интересен е.
6. Mildred Pierce (1945)
Mене ептен ми се допадна филмов, 9 му имам дадено. Една разведена сама и ептен одговорна и добра мајка ќе работи како коњ само за да и ги исполни желбите на нејзината неблагодарна, лигава и разгалена ќерка. Заплети, пресврти и на крај можеш и поука да си извадиш, скоцкано убаво филмче да го гледаш.
7. And Then There Were None (1945)
Овој ти е од оние забавните крими мистерии каде тотални странци ќе се најдат во една куќа како гости и мистериозно ќе умираат еден по еден и сите стануваат осомничени.
8. Deception (1946)
Во овој филм ги слушнав најпаметните дијалози на сите времиња. Муабети со стил со шарм и ниво, што само тогаш постоеле и никогаш повеќе. Посакувам да имав речник како тој што го имаат главните ликови во филмов, ептен сум воодушевена!
9. The Two Mrs. Carrolls (1947)
Фраер со двоен живот и две жени како што ти кажува и насловот и топ актерска екипа. Мене ми беше интересен филм, можеш да си го гледаш при крај кога ќе снемаш.
10. The Ghost and Mrs. Muir (1947)
Една куќа ја прогонува нејзиниот прв сопственик, во неа ќе се всели една убавица и откако ќе престане да се плаши од духот ќе види дека имаат многу заеднички работи и ќе се појават непоканети и невозможни чувства. Филм за невозможна љубов, ама апла навистина невозможна и како да се носиш со тоа кога твојот сакан е... дух : ))
11. Caged (1950)
Мило ми е вака што си најдов некој на кој можам да му ги кажам овие непознати богатства, ептен ти се наметнав тебе те напнав сега со 1000 филмови, ама мора да ги гледаш : )) Филмот ја следи приказната за Мери Ален, 19 годишна девојка која пристигнува во затворот, осудена за ситна кражба за која не е ни виновна. Таа е кревка, наивна и плашлива а пеколните искуствата што ќе ги преживее во затворот ќе ја натераат пред време да созрее. Филм во кој се прикажани најголемите зла во човекот наспроти невиноста на една чиста душа, како нормален човек се справува во ненормални услови со уште поненормални луѓе, колку може да истрпи или не и како понатаму се одразува тоа на една девојка која сеуште е дете. Одличен филм, ептен пријатно ме изненади, секој еден лик во затворот е приказна за себе, разработен до најситен детал, одлични дијалози и шокантни случки, главната улога и лошата чуварка ликови за оскар... One Flew Over the Cuckoo's Nest приказна за женскиот затвор.
12. Ace in the Hole (1951)
Да видиш каква е нечовечноста на човекот. Кариерата на еден циничен и бездушен новинар е тргната по долна линија и како кец на десетка му се погоди во тој момент случката во која човек е заробен под карпа и злоупотребувајќи го настанот за своја корист, манипулира со информациите и ја претвора целата несреќа буквално во циркус.Луѓето од туѓите несреќи си прават забава, панаѓури, гледаат да извлечат нешто ситно за своја корист и на крај покрај цел тој пазар се заборава вистинската причина зошто се тоа се случува.
13. High Noon (1952)
Овој мораш да го изгледаш, на страна што е култен, прекрасен филм е.
14. Angel Face (1953)
Нежна, мила и пријатна лепотица, а уствари прикриен манипулатор и прав ѓавол.
15. Diabolique (1955)
Овој ти е мојот омилен филм, да го гледаш за да ми се оддолжиш за сите овие препораки : )) се зезам да го гледаш зошто е убав. Ако не те мрзи пребарај за него, еднаш ни беше во клубот.
16. The Wrong Man (1956)
Овој од Хичкок гледам не ти е гледан. Вистинска приказна. Еден нормален сопруг и татко после сплет на околности е осомничен за кражба. Неверојатно е колку човекот имал лоша среќа и што му се случувало за никако да не може да ја докаже својата невиност. Се е против него, сите се против него, сите докази укажуваат дека тој е разбојникот, животот почнува да му се распаѓа и никако не може да докаже дека е невин.
17. Indiscreet (1958)
Ќе се сретнат, ќе флертуваат, ќе се заљубат, ќе станат пар. Секојдневна и невина љубовна приказна, ама дечкото е веќе оженет...
18. The Innocents (1961)
Еден од моите омилени хорори, ако гледаш хорори гледај го.

Ми се смачи веќе, а имам уште милион да ти кажам, ако ти се најдов некако на некој начин за некој филм, барај ме пак, ќе продолжам :P
 
Последно уредено:

Охоо, одлично, ептен ти фала! :X3: Баш синоќа ги отворив твоите листи на летер, во очи прва ми падна оваа и го пуштив Dogville, само што заспав, сега ќе го догледам. После него се фрлам на овие што ми ги предложи. Таман фино претставени, со опис, со све, ќе си имам за секое расположение по некој. :LOL:
 
Ava Gardner's mugshot for MGM... :ljubove:

92c8f4d8659127527131ff36df4c3716.jpg
Баш вчера гледав филм со неа :love:
 
Hearts in Atlantis (2001)

MV5BNjFjNWNmYWUtZTFlMi00ZDcxLWJkY2MtNjMwYmM0OTc5OTM1XkEyXkFqcGdeQXVyMTQxNzMzNDI@._V1_SY1000_SX672_AL_.jpg

Се што е со Хопкинс треба да се изгледа.

Станува збор за драма, за едно детство, за едно семејство, за еден потстанар. Дејството започнува кога Боби се враќа во своето родно место откако дознава дека неговиот најдобар другар починал кој му подарил бејзбол ракавица и почнува да се потсеќа на последното лето кога бил дете, на Керол, на првиот бакнеж и на Тед, нивниот потстанар кој е помалку сомнителен но има моќ да чита мисли и да ја гледа иднината.
Знаеш дека тие што го земаа на крај, не беа луѓе?
 
Има торент или некој линк за онлајн да го гледам Година на мајмунот?
 
Знаеш дека тие што го земаа на крај, не беа луѓе?

Хмм. Во книгата знам дека беа претставувани како некои од друга планета а во филмов повеќе некако тераа у стил луѓе од ФБИ или Циа, а сеа што им беше целта со тој дел не знам.
 
Колку што знам тие се некакви миниони на главниот негативец од Gunslinger.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom