Ова беше од кладилници земено на почеток од сезона и реално Јунајтед претходната заврши втор, нормално е очекувањата да се повторно високи.
Гледај, треба да се направи разлика помеѓу разочараност и неуспех. Башка сите ги гледате тие 7 бода предност, а беа пред дуелот со Сити, каде го играа како да е финале ЛШ и Сити победи. Во двата натпревари Ливерпул не успеа да победи, дома се спаси од пеналот во 90та минута, на гости изгуби. Уште неколку пати се спаси како со Челзи и Евертон првата и некако успеа да се држи горе.
За тоа време Сити освен двата бродоломи што ги доживеа, во сите други натпревари до 10 минута или имаа 2-0 предност, или противниците немаат шут на гол. Башка друго што на Агуеро замена му е Жезус, на Стерлинг му е Марез, а на Сане Силва, иако често ротираат.
За тоа време кај Ливерпул ротираат Лалана, Ориги и Стариџ и иако не треба да биди оправдување, на крај можи да биди пресудно во вакви кризни моменти кога Салах е вон форма и Фирмино повреден, да нема кој да ги замени.
Тоа е, Сити се фаворити, играат уште една фуриозна сезона и доколку бидат шампиони ќе бидат сосема заслужено.
Ливерпул имаа предобра шанса, може да останеме со курот во раце, но и доколку се случи тоа треба да му се признае за сите игри што ги пружија, што до крај играа машки, што тимот има добра основа за да се бори за титули (нешто што го немавме воопшто последниве 20 години особено кога после добра година ги продваа клучните играчи) и што не треба секоја втора да се бара нов чоузен уан. Ќе има разочараност, солзи, но во никој случај неуспех, бркање на Клоп, барање кривици и остали глупости