Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Време е Аврамовски и Фелипе да покажат нешто повеќе па и Битанг колку толку имаа време да се припремат физички па и Аврамовски веќе има слика кој како игра во тимот.
 
Конечно нешто убаво и од Вардар 3 4 1 2 супер формација плус и со Новак ќе биде топ.2 0 за сеа одлично.
 
Да не згрешив случајно?
Чекаше да видиш како ќе се одвија па да пишеш? Абе торко не лупетај со дојавите од пред 10 дена да не е средена и јавена до тебе? Да не ти ја кажа копчар од прва рака? :)
 
Чекаше да видиш како ќе се одвија па да пишеш? Абе торко не лупетај со дојавите од пред 10 дена да не е средена и јавена до тебе? Да не ти ја кажа копчар од прва рака? :)

Кој рече дека ми е дојава бе ? Всушност никогаш и не сум постирал ДОЈАВИ тука на форумот само ти живееш во некој твој свет.Се надевам дека х2 ја играше па сега си свиркаш дома
 
Кој рече дека ми е дојава бе ? Всушност никогаш и не сум постирал ДОЈАВИ тука на форумот само ти живееш во некој твој свет.Се надевам дека х2 ја играше па сега си свиркаш дома
Немам пари задужен сум кај лихвари плата зеам само за камата да платам ништо друго не останува. Од местенките во прва лига се заглавив.
Ако ја гледаш утакмицата и не следиш само на резултати ќе знаеше дека второ ништо не игра вардар и голов го постигна после голема грешка на Мишевски. Ти голем познавачу на мак. фудбал.
 
Фелипе веќе е во топ форма Жуниор исто се дига останува уште Битанг и Аврамовски да влезат во форма и да врземе некоја добра серија за да го осигураме второто место.
 
Фелипе веќе е во топ форма Жуниор исто се дига останува уште Битанг и Аврамовски да влезат во форма и да врземе некоја добра серија за да го осигураме второто место.
Всушност Фелипе едвај се движи по терен, само што има сто пати подобра техника од останатите, па и три години да не тренира повторно би бил најдобар во нашиот состав.
Со неколку потези го реши натпреварот. Инаку, кондициски е во очајна форма. Не дека и порано покривал голем дел од теренот, ама на овие натпревари се гледа дека не тренирал подолг период.
Слично важи и за Аврамовски, рикна после 60тина минути игра. Изненадувачки беше што Битанг не влезе во игра после третиот даден гол, очекував да добие некоја минута.
Првите два гола ги дадовме од прекин, третиот од контра. Скоро и да не можеме да креираме шанса од позиционен напад.

Листа на стрелци:
1. Барсегјан, Брдаровски, Мицевски 4
2. Лира 3
3. Новак, Попзлатанов 2
4. Попов, Фелипе, Јуфо, Ибиши, Најдовски 1

Сите тројца кои постигнаа гол денес се дебитанти. Тоа што боде очи е мизерната реализација. После 21 коло, Вардар се уште нема играч кој дал барем 5 голови. Мизерија невидена.
 
Не ја гледав денес и не знам како изиграле, само ми се свиѓаше стартната постава, баш сакав да искоментирам дека може да се проба со 3-5-2, Тошевски и Најдовски може да покриваат во 3-ката позади, тука се Новак и Манев, а Брдаровски и Жуниор се доста активни и солидни офанзивно, а од друга страна не мора Аврамовски да се вади на крило, мислам покорисен би бил во среден ред, а истото важи и за Лира, овој па е апла некорисен на крило, преспор е за таму да игра, ако веќе се оди со 4-2-3-1 мора еден од Попзлатанов/Цветановски, ако ништо друго за подвижност и брзина. Ќе треба и оваа полусезона на сила да се гура, Колевски и Ибиши се премлади и неискусни за да го понесат товарот, Лира е далеку од квалитетот што ни е потребен, штета што не дојде и Кире Маркоски, и тоа како ќе сменеше во нападот, а кога сме веќе во ваква ситуација не знам зошто не го земаа Јове Костовски а го имаа слободен..
 
Всушност Фелипе едвај се движи по терен, само што има сто пати подобра техника од останатите, па и три години да не тренира повторно би бил најдобар во нашиот состав.
Со неколку потези го реши натпреварот. Инаку, кондициски е во очајна форма. Не дека и порано покривал голем дел од теренот, ама на овие натпревари се гледа дека не тренирал подолг период.
Слично важи и за Аврамовски, рикна после 60тина минути игра. Изненадувачки беше што Битанг не влезе во игра после третиот даден гол, очекував да добие некоја минута.
Првите два гола ги дадовме од прекин, третиот од контра. Скоро и да не можеме да креираме шанса од позиционен напад.

Листа на стрелци:
1. Барсегјан, Брдаровски, Мицевски 4
2. Лира 3
3. Новак, Попзлатанов 2
4. Попов, Фелипе, Јуфо, Ибиши, Најдовски 1

Сите тројца кои постигнаа гол денес се дебитанти. Тоа што боде очи е мизерната реализација. После 21 коло, Вардар се уште нема играч кој дал барем 5 голови. Мизерија невидена.
Апсолутно се согласувам. Фелипе, и во очајна физичка подготвеност, е доктор по фудбал за нашава лига. Башка и каква кондиција ти треба за првенство, каде едвај три клуба функционираат посериозно, а рестото е тешка боранија.
 
Фелипе добил дрес од Пандев и прво што ми дојде на ум е дали е ова најава за негов трансфер во Академија, доколу играат во Европа. Чисто кажувам, знам дека е неверојатно.


Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom