До каде сме со %, стигнавме ли до 50% од силите или сеуште не

?
За многу полувремиња можеби тоа го имам пишано, ама она што вчера го изигравме во второто мислам дека го допира дното. Атлетико ни создаде минимум 5 шанси за гол, не можевме топката да ја изнесеме од половината, одбраната беше под константен притисок. Со топката во нозе не знаевме што да правиме, џабе само ја вртевме низ одбраната до средината. Напред никаква идеја, Манџукич тотално отсечен, Дибала како и цела сезона не знаеше каде да застане на теренот, Роналдо солираше ама без никаква подршка неговиот ефект е нула. Во 95 минути не креиравме ниедна шанса од игра, се на се еден слободен удар. Срам за целиот тим, секако на чело со господинот на клупата, такозвани доктор по фудбал меѓу смртниците.
Мене најмногу ме нервира тоа глумење изненаденост, демек само до вчера е проблемот. Алегри од кога дојде нема наметнато негова филозофија, негова игра, негов стил. Тоа најмногу се рефлектираше минатата сезона кога Наполи изигра малку подобро и титулата ја земавме на среќа. Годинава кулминира, со тоа што лигата е премногу отепана, мислам најлоша што била последнава декада, а згора на се го зедовме Роналдо кој 70% од мечевите сам ги решава. Безбедно се осеќа тренерот на клупата, нема потреба да внесува новини во играта и да измислува тактики. Едноставно рогај напред до Роналдо и ќе им дадеме по 3-4 гола на сиротиње како Фросиноне и Киево (се цел респект Шики <3)
Ако некој има намера да се предаде, мислам дека веднаш треба да му го раскинат договорот. Шансите ни се мали, ама има уште цели 90 минути, на домашен терен. Сепак, ова е реалноста и за да се постигне резултат покрај мотивацијата, неопходно е да се излезе со нешто ново и пред се' храбро. Алегри ако веќе навистина е на излезна врата, тогаш не знам кој курац ќе му биде ако пак ми тактизира. Ова нападов Дибала-Манџукич-Роналдо е најлошо нешто што може да се изведе, особено во ситуација каде што никој не знае каде се наоѓа на теренот.
За реваншот, ако е здрав Коста, јас би одел со Роналдо-Бернардески-Коста-Манџукич, позади нив Пјаниќ и Матуиди. Во тек после може да се уфрли Дибала.
Сепак џабе е, исто како и лани против Реал. Не е поентата загуби го првиот меч и после на реваншот апни си од газот за да се вратиш и направи една глупост со која си надвор. Особено годинава една глупост, грешка и невнимание ќе значи по автоматизам аут. Нејсе...
Не знам што да додадам повеќе, нема што позитивно да се најде во сево ова. Нек си ебе матер...