UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Неми јасно што го тупите кога голот беше од офсајд и со право поништен, не дека ги симпатишем Реал али голот беше нерегуларен, а и нели због слични ситуацији го вовдеоа варот.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
@Трибиани
1) Ако играчот на Ајакс му се качеше на Куртоа мислам дека сите ќе очекуваа фаул, не знам како тоа за тебе офсајд претставува.
2) Збори малце со РЕСПЕКТ за Ајакс. Во тие млади играчи има премногу потенцијал. Против Баерн два пати нерешено изигра, на домашен терен 3гола им дадоа на Баерн. Според тебе " голема работа " 15 годишни деца дале 3 гола на Баерн. Според тебе просечен тим се Баерн?
Tие 15 годишни деца моментално играат подобар фудбал од твојот Интер.

Ти најде да збориш за пробивање на дно, ќе добиеш 2-3 реплицирања и одма - " Не ме сфаќате" , " Не ми го читате постот "
1.Не претставува тоа за мене офсајд туку според фудбалските правила ако играчот кој се наоѓа на недозволена позиција му попречува(има влијание) на голманот или на одбранбениот играч при обидот да реагира тогаш тоа е офсајд,ова е едно од основните правила на фудбалот и неможам да верувам дека се расправате за вакво нешто и убедени дека сте во право...добро навистина мислиш дека судиите за ова му помогнаа на Реал?
2.Јас имам респект кон Ајакс ама вие ја претеравте со плачење..ете и 2-1 за Ајакс да беше демек ќе одеше понатаму?..Реал е друго ниво за Ајакс од секој аспект,малце да се заозбилат ќе ги добијат со пола сили..и натпреварите во групната фаза не се којзнае каков репер..да играа против Баерн во нокаут фазата тогаш Баерн рутински ќе си поминеа....и плус тоа не знам од кај произлезе Интер во муабетот,Интер не ни игра и не се некој фактор..и Шкендија од Тетово игра поубав фудбал од Интер па не значи дека не треба да коментирам.

Па тоа што го пишам 'не ме сфаќате','не ми го читате постот' е чиста вистина.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Голот воопшто не беше спорен. Никој не се побуни, особено не "оштетениот" кортуа. Тоа е факт 1.

Кортуа не беше попречен и немаше никакви шанси да спречи гол макар и тадиќ воопшто да не беше пред него. Тоа е исто е факт 2. Доказ е 1 снимката 2 и реакцијата на куртоа после голот.

Факт 3. Имаше офсајд од 5-10 cm кој едвај се гледа со стопирање на снимката и делење на секундата на стоти дел, за да се улови фрејм. Офсајд - да но без удел во интервецијата на голманот.

Ситуацијата беше 50 - 50. Но, како и секогаш по некоја случајност оди во корист на Реал. Па уште била чиста ситуација. Чист беше голот. Судијата направи поголема грешка што го поништи наместо да го признае. И англиските коментатори не беа убедени. Објаснувањето од уефа дека тадиќ влијаел на голот кажав..доказ е снимката дека немаше шанса да стигне и реакцијата на куроа кој не баш се осети попречен одма после голот. Неговата реакција беше - боже мој што напраив!?

Дефинитивно голот требаше да биде признаен. Но не беше. И тоа не може да биде исто во ред како и првото. Ајакс беше оштетен, и тоа е повеќе жално и побитно имајќи во предвид какво полувреме изиграа...значи штета за НИВ, помалце битно е колку пати судии помагале на Реал во ЛШ.

Но добро. Ете, секој оној кој не ја разбрал одлуката не разбирал фудбал.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Сега гледам фан на Ѓубрентус плаче за судење демек за Рејал во 1/8 финале од ЛШ против Ајакс. Да се преврти на глава човек не може да и најде НЗС на оваа усијана глава.
Ех мој бивши омилен клубу, колку души имаш напатено. :(
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.565
Поени од реакции
66.227
Голот воопшто не беше спорен. Никој не се побуни, особено не "оштетениот" кортуа. Тоа е факт 1.

Кортуа не беше попречен и немаше никакви шанси да спречи гол макар и тадиќ воопшто да не беше пред него. Тоа е исто е факт 2. Доказ е 1 снимката 2 и реакцијата на куртоа после голот.

Факт 3. Имаше офсајд од 5-10 cm кој едвај се гледа со стопирање на снимката и делење на секундата на стоти дел, за да се улови фрејм. Офсајд - да но без удел во интервецијата на голманот.

Ситуацијата беше 50 - 50. Но, како и секогаш по некоја случајност оди во корист на Реал. Па уште била чиста ситуација. Чист беше голот. Судијата направи поголема грешка што го поништи наместо да го признае. И англиските коментатори не беа убедени. Објаснувањето од уефа дека тадиќ влијаел на голот кажав..доказ е снимката дека немаше шанса да стигне и реакцијата на куроа кој не баш се осети попречен одма после голот. Неговата реакција беше - боже мој што напраив!?

Дефинитивно голот требаше да биде признаен. Но не беше. И тоа не може да биде исто во ред како и првото. Ајакс беше оштетен, и тоа е повеќе жално и побитно имајќи во предвид какво полувреме изиграа...значи штета за НИВ, помалце битно е колку пати судии помагале на Реал во ЛШ.

Но добро. Ете, секој оној кој не ја разбрал одлуката не разбирал фудбал.
:гик:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Јасно ми е зошто го поништија голот на Ајакс т.е. по кои правила се водеше Скомина. Тадиќ беше во ептен ситен офсајд, па по правилата ако играч му пречи на голманот или влијае на голот се суди офсајд. Е сега работата е во тоа што според мене Куртоа и да немаше човек таму на никаков начин немаше да одбрани. Се виде по реакцијата негова дека е свесен која глупост ја направи. Ситуацијата кај вториот гол на Реал е ептен спорна и мораше да биде прегледана на ВАР.

Нејсе тоа. Веројатно и 2-1 да беше за Ајакс пак Реал со голот во гости ќе беше фаворит за реваншот. Ама штета е за вчера пошто Ајакс изигра извонредно и по ништо не заслужи да изгуби. Им фалеше само реализација.

Не ме толку изнервира мечот колку коментарите на некои фанови на Реал тука. Секоја чест за исклучоците, со некои стварно може човек да дискутира. Ама има 2-3 што никогаш не дале објективно мислење по темиве туку на форумов се само за да спамираат и да пишуваат како тоа ние фановите на Барса сме биле исфрустрирани. Божем Барса да нема освоено ништо 20 години. Скоро секоја година лапаме двојна круна во Шпанија плус оваа сезона веќе го рокнавме Реал 5-1. И готово, треба да сум исфрустриран пошто Реал тепал на Ајакс?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.667
А зошто мислите дека вториот гол не е проверен? Убаво кажаа во видеото кај што објаснуваат дека секој гол ќе биде проверен и ако има нешто спорно, ќе му се пренесе на судијата.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
И да не го поништеше голот немаше да згреши.
1. Куртоа сам се стави во таа ситуација.
2. Секој друг што ќе заебе на сличен начин ќе може да се залета во играчот пред него и да бара офсајд/фаул, што било.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.169
Поени од реакции
18.196
Кортуа не беше попречен и немаше никакви шанси да спречи гол макар и тадиќ воопшто да не беше пред него. Тоа е исто е факт 2. Доказ е 1 снимката 2 и реакцијата на куртоа после голот.

Факт 3. Имаше офсајд од 5-10 cm кој едвај се гледа со стопирање на снимката и делење на секундата на стоти дел, за да се улови фрејм. Офсајд - да но без удел во интервецијата на голманот.
Е сега работата е во тоа што според мене Куртоа и да немаше човек таму на никаков начин немаше да одбрани. Се виде по реакцијата негова дека е свесен која глупост ја направи. Ситуацијата кај вториот гол на Реал е ептен спорна и мораше да биде прегледана на ВАР.
Болдовите на двајцата ви е размислувањето каде што ја правите суштинската грешка. Правилата не може да предвидат дали голманот можел или не можел да интервенира ако немало играч таму. Правилото е објективна работа, кој што мора да предвиди општа ситуација и таа општа ситуација да ја примени на сите ситуации. Факт е дека играчот на Ајакс е во офсајд (колку и да е мал, ВАР дефинира се како офсајд, постои ептен прецизна технологија) и дека се наоѓа пред голманот на Реал, каде што му попречува интервенција. Правилотo, а уште помалку судијата, не може да се впуштат во субјективно толкување дали голманот има или нема реални шанси да го одбрани ударот. Ако биде така тогаш каша попара ќе биде.

@Донев точно е дека ВАР е тука да корегира големи грешки, ама кај головите од офсајд не може да се примени тоа, од проста причина што денес имаме технологија која може да забележи и најмал офсајд. Затоа сите голови од офсајд, за кој што може да се прикаже соодветен доказ со снимка дека истиот постои, ќе бидат поништени. Сериозните ситуации може да се однесуваат пример кај вториот гол на Реал. Ова судијата во живо може да го свирне прекршок и никому ништо, ама е далеку од сериозна грешка, затоа што е во најмала рака спорна ситуација, па затоа ВАР не може да интервенира.

Останува само да се надеваме дека ВАР ќе функционира и во обратна насока против големите клубови, инаку тоа вчера, колку и да боли сепак се оправдани одлуки.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Мојот ѓубренташ, Монднонико(секогаш и секаде со големо М). :kafence::kafence:

Барса фан бојс сеуште мамурни и со мислења слични на човек со тазе доживеан мозочен удар после вчерашната победа на шампионот. Ништо ново за нив во ЛШ, а и Манолас тепаше завчера, така да ептен лоши денови им се заредија.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.667
@Донев точно е дека ВАР е тука да корегира големи грешки, ама кај головите од офсајд не може да се примени тоа, од проста причина што денес имаме технологија која може да забележи и најмал офсајд. Затоа сите голови од офсајд, за кој што може да се прикаже соодветен доказ со снимка дека истиот постои, ќе бидат поништени.
Епа тоа мора некако да се регулира, односно да се одреди при колкав офсајд би реагирале со ВАР. Затоа што секако технологијата е доволно добра за да ти докаже и офсајд од еден милиметар, ама линискиот судија не може да примети такво нешто. Затоа грешките што се исправаат со ВАР мора да се грешки кои судиите на терен можат да ги приметат, но не успеале. А не ситуации кои човек не може да ги примети, или има ептен, ептен мали шанси да ги примети. Тогаш влегуваме во уште поголема сива зона.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Болдовите на двајцата ви е размислувањето каде што ја правите суштинската грешка. Правилата не може да предвидат дали голманот можел или не можел да интервенира ако немало играч таму. Правилото е објективна работа, кој што мора да предвиди општа ситуација и таа општа ситуација да ја примени на сите ситуации.
Јасно ми е што е како е. И ова правило и она дека кога има фаул над играчот што излегува сам пред голманот се дава црвен картон се (за мене) несовршени. Не мора да значи дека ако играчот излезе сам со голманот сигурно ќе даде гол. Исто како што пишав скоро е невозможно Куртоа таму да одбранеше. Дискутабилно е и дали за вакви ситуации треба да се користи ВАР.

Али ете правило е па го досудија. Утре за друга екипа ќе има слична ситуација. Како што реков повеќе ме иритираат спамерите тука што како што гледам ем се множат ем сами се јавуваат. Отиде муабетот до Манолас еј. :facepalm: Ако им вратиш ќе поврзат муабет од пред 25 години. И после ние сме биле искомплексирани.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Ок, регуларен гол беше.
И изгледа и годинава со судии ќе освоиме/на среќа, само полесно нека ви биде :backa:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Без заебанција, со постот на @Mondonico треба да ја затвориме дебата за голот, убаво објасни човекот, одлуката е исправна.

Секогаш ќе има субјективни толкувања, без оглед колку е усовршена технологијата, без оглед дали ќе има и 15 судии на теренот, без оглед дали ќе воведат и тело за жалби на ВАР одлуки, секогаш ќе се најде некој незадоволен или кој не се согласува.

Но мора да се согласиме дека ВАР-от, каков и да е, ќе се усоврши и во голема мера ќе елиминира грешки кои смешно делуваат денес како поминуваат, особено за очигледни офсајди каде заради некоја непозната причина линискиот не го видел, а бил преочигледен и се гледа и од обична телевизиска репетиција.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom