1.Не претставува тоа за мене офсајд туку според фудбалските правила ако играчот кој се наоѓа на недозволена позиција му попречува(има влијание) на голманот или на одбранбениот играч при обидот да реагира тогаш тоа е офсајд,ова е едно од основните правила на фудбалот и неможам да верувам дека се расправате за вакво нешто и убедени дека сте во право...добро навистина мислиш дека судиите за ова му помогнаа на Реал?@Трибиани
1) Ако играчот на Ајакс му се качеше на Куртоа мислам дека сите ќе очекуваа фаул, не знам како тоа за тебе офсајд претставува.
2) Збори малце со РЕСПЕКТ за Ајакс. Во тие млади играчи има премногу потенцијал. Против Баерн два пати нерешено изигра, на домашен терен 3гола им дадоа на Баерн. Според тебе " голема работа " 15 годишни деца дале 3 гола на Баерн. Според тебе просечен тим се Баерн?
Tие 15 годишни деца моментално играат подобар фудбал од твојот Интер.
Ти најде да збориш за пробивање на дно, ќе добиеш 2-3 реплицирања и одма - " Не ме сфаќате" , " Не ми го читате постот "
Голот воопшто не беше спорен. Никој не се побуни, особено не "оштетениот" кортуа. Тоа е факт 1.
Кортуа не беше попречен и немаше никакви шанси да спречи гол макар и тадиќ воопшто да не беше пред него. Тоа е исто е факт 2. Доказ е 1 снимката 2 и реакцијата на куртоа после голот.
Факт 3. Имаше офсајд од 5-10 cm кој едвај се гледа со стопирање на снимката и делење на секундата на стоти дел, за да се улови фрејм. Офсајд - да но без удел во интервецијата на голманот.
Ситуацијата беше 50 - 50. Но, како и секогаш по некоја случајност оди во корист на Реал. Па уште била чиста ситуација. Чист беше голот. Судијата направи поголема грешка што го поништи наместо да го признае. И англиските коментатори не беа убедени. Објаснувањето од уефа дека тадиќ влијаел на голот кажав..доказ е снимката дека немаше шанса да стигне и реакцијата на куроа кој не баш се осети попречен одма после голот. Неговата реакција беше - боже мој што напраив!?
Дефинитивно голот требаше да биде признаен. Но не беше. И тоа не може да биде исто во ред како и првото. Ајакс беше оштетен, и тоа е повеќе жално и побитно имајќи во предвид какво полувреме изиграа...значи штета за НИВ, помалце битно е колку пати судии помагале на Реал во ЛШ.
Но добро. Ете, секој оној кој не ја разбрал одлуката не разбирал фудбал.
Кортуа не беше попречен и немаше никакви шанси да спречи гол макар и тадиќ воопшто да не беше пред него. Тоа е исто е факт 2. Доказ е 1 снимката 2 и реакцијата на куртоа после голот.
Факт 3. Имаше офсајд од 5-10 cm кој едвај се гледа со стопирање на снимката и делење на секундата на стоти дел, за да се улови фрејм. Офсајд - да но без удел во интервецијата на голманот.
Болдовите на двајцата ви е размислувањето каде што ја правите суштинската грешка. Правилата не може да предвидат дали голманот можел или не можел да интервенира ако немало играч таму. Правилото е објективна работа, кој што мора да предвиди општа ситуација и таа општа ситуација да ја примени на сите ситуации. Факт е дека играчот на Ајакс е во офсајд (колку и да е мал, ВАР дефинира се како офсајд, постои ептен прецизна технологија) и дека се наоѓа пред голманот на Реал, каде што му попречува интервенција. Правилотo, а уште помалку судијата, не може да се впуштат во субјективно толкување дали голманот има или нема реални шанси да го одбрани ударот. Ако биде така тогаш каша попара ќе биде.Е сега работата е во тоа што според мене Куртоа и да немаше човек таму на никаков начин немаше да одбрани. Се виде по реакцијата негова дека е свесен која глупост ја направи. Ситуацијата кај вториот гол на Реал е ептен спорна и мораше да биде прегледана на ВАР.
Епа тоа мора некако да се регулира, односно да се одреди при колкав офсајд би реагирале со ВАР. Затоа што секако технологијата е доволно добра за да ти докаже и офсајд од еден милиметар, ама линискиот судија не може да примети такво нешто. Затоа грешките што се исправаат со ВАР мора да се грешки кои судиите на терен можат да ги приметат, но не успеале. А не ситуации кои човек не може да ги примети, или има ептен, ептен мали шанси да ги примети. Тогаш влегуваме во уште поголема сива зона.@Донев точно е дека ВАР е тука да корегира големи грешки, ама кај головите од офсајд не може да се примени тоа, од проста причина што денес имаме технологија која може да забележи и најмал офсајд. Затоа сите голови од офсајд, за кој што може да се прикаже соодветен доказ со снимка дека истиот постои, ќе бидат поништени.
Јасно ми е што е како е. И ова правило и она дека кога има фаул над играчот што излегува сам пред голманот се дава црвен картон се (за мене) несовршени. Не мора да значи дека ако играчот излезе сам со голманот сигурно ќе даде гол. Исто како што пишав скоро е невозможно Куртоа таму да одбранеше. Дискутабилно е и дали за вакви ситуации треба да се користи ВАР.Болдовите на двајцата ви е размислувањето каде што ја правите суштинската грешка. Правилата не може да предвидат дали голманот можел или не можел да интервенира ако немало играч таму. Правилото е објективна работа, кој што мора да предвиди општа ситуација и таа општа ситуација да ја примени на сите ситуации.