Подно греење на струја или пелети?

  • Креатор на темата Креатор на темата kostov7jk
  • Време на започнување Време на започнување

На што би ставиле подно греење?

  • Струја

    Гласови: 15 36,6%
  • Пелети

    Гласови: 13 31,7%
  • нешто друго

    Гласови: 13 31,7%

  • Вкупно гласачи
    41
Toa nikoj nema da moze da ti kaze so preciznost. Nekoj doma si saka 27 stepeni, nekoj 18. Nekoj ima ubava izolacija, nekoj nema nikakva. Nekoj go great od site cetiri strani komsiite, nekoj ne. Nekoj e na severna strana, nekoj na juzna , nekoj zivee vo Skopje, nekoj vo Berovo na primer. Mislam deka se razbirame sto sakam da ti kazam.
A i ako ne e tajna kako gi izvade tie 18 kw, koj ti presmeta?

18 kw/h е максималната декларирана потрошувачка на горилникот-котелот на струја која би одговарала на мојата квадратура. Цената му е околу 700 евра.[DOUBLEPOST=1548746225][/DOUBLEPOST]
Со подно греење нема потреба од радијатори? Има некој искуство со ова? Како ќе затопло повеќе со радијатори или подно? И колку кошта од квадрат?

Нема потреба од радиатори, затоа што подот ти е радиатор, во една соба ќе ставиш метар-два радиатор на класично ѕидно парно, на подното целиот под зависи од големината на собата ти е радиатор.

По информациите кои јас ги имам мислам дека потрошувачката во однос со класично ѕидно парно е иста или слична: се разликува системот на работа, пример подното водата се грее околу 35 степени, парното преку 50, но кај парното грееш помала количина вода, а кај подното поголема, и така да ти доаѓа на исто. Зборувам за исти параметри (изолација, сакана собна температура итн..). Подното е подобро и поубаво за користење од повеќе причини, немаш визуелно никакви промени во собата, целата топлина ти доаѓа од доле, минува низ телото и оди на таванот на собата, секогаш ќе се осеќаш потопло со подното. Негатиното е тоа што мора да се инсталира (зборувам за подно со цевки вода не електрични панели) пред да се стави порамнителен слој во подот, значи во самата градба.

Мене цена за 1м2 ми дадоа 25 евра, со демек поквалитетни материјали, со сите вентили и табла.
Планирам да барам спецификација со потпис и печат од фирмата која ќе го прави, па потоа да донесам некој близок што разбира повеке да ми каже дали е вградено тоа што е ветено и наведено во спецификацијата.

Исто така плус инвестиција е котелот-горилникот.
Струја 18kw/h максимална моќност околу 700 евра
Пелети околу 1350 евра.

Не работи 18 часа, не верувам дека повеќе од 10 часа дневно работи 18Кw - ната.
Зависи од прозорците, дали имаш термостати по собите, и каква котла имаш.
Според мене најдобро ти е на струја. Пелетите се зеабанции. Струјата ја вклучуваш, ги наместиш термостатите и не ти е гајле.
Не верувам дека повеќе од 400 евра на месец ќе трошиш струја.

400 евра на месец?!?! Мене проценката ми е дека со 400 евра цела сезона ке минам со пелети! тоа се 2 тона пелети.. нека се и 2.5 тона тоа е 500 евра. Ако е толку голема разликата немам никакви дилеми, одам со пелети.

Еден пријател стави подно со горилник на струја, истиот тој мене што ми го препорачуваат, го користи 3 недели, 24/7 работи, температурата на водата ја држел скоро константно на 45 степени, собна околу 24-25, грее 90 квадрати, куќа, ново градба со пвц, со минимална изолација на ѕидовите, сметката само за подното 10.000 мкд, за период од 1ви јануари до 20ти јануари. Тоа е единствениот пример што го знам.. Сигурно кога ке намали собна температура, кога ке го намалува на минимум кога ќе е на работа и кога константно ке се регулира ќе се намали и сметката, но сепак мислам дека е скапо... и да намали сепак сметам дека ќе е околу 10к мкд.. Во зимата нека има 2 месеци каде ќе биде доста ладно, тоа се 20.000 плус другите 3 што ги грееме нека се помалку, еве 20.000 за другите 3 месеци, тоа е сметка од 40.000 денари.. просек месечно 8000, со пелетите просек месечно излегува 5000 денари.[DOUBLEPOST=1548748343][/DOUBLEPOST]
Toplotna pumpa vozduh/voda, vo kombinacija so podno nema podobar sistem, em najekonomicno em nema rabota so toa, stiskas kopce i gotovo.Za taa kvadratura nekoja monoblok 7-8kw ke zavrsi rabota, veke gi ima za 1500-1700e.

За ова скоро и да немам слушнато.
Те молам ако не ти е тешко да објасниш малку подетално. Што ми треба плус од инвестиција, инсталација на подно секако, претпоставувам е иста како таа што ја планирам, цевки со вода.
Друго само во таа пумпа ли се инвестира, 1700 евра? Таа пумпа се користи и за затоплување и за ладење? Ако е така, нема многу голема разлика од пелетите (котелот е 1350 евра). Плус ако лади нема да ми треба клима :)

Каде можам да видам цени на топлотните пумпи, гаранции и слични додатни информации. Фала многу!
 
Последно уредено:
18 kw/h е максималната декларирана потрошувачка на горилникот-котелот на струја која би одговарала на мојата квадратура. Цената му е околу 700 евра.
Ti zboruvas za podno toplovodno greenje so kotel na struja. Jas pomisliv deka razmisluvas za podno greenje so grafitni paneli ili zica. Koga sme vekje kaj toa mozebi e dobro i taa opcija da ja razgledas. Barem investicijata ne e tolku golema. Nemas montazana cevki na podot, nemas kotel, nemas protekuvanje itn itn itn.
 
Погрешно сум го прочитал прашањето (мислев е подно vs печка на пелети), па одговорот малку не соодветсвува, но членот погоре го спомна и мојот тип на греење, па нека стои чисто за споредба.

---------------

Немам искуство со пелети, ни со подно со вода, но моето лично искуство е дека подното греење е најдобро.
Станот го купив со веќе вградено подно греење, но поинаков систем.
Кај мене цел стан е со плочки и има по 3 греачи од по 310W во секоја соба (според работниот налог), вградени под плочките, со термостат во секоја соба.
Кога ќе се пушти на максимум може јајца да се пржат на плочките :)
Веќе 15 години живеам во станов, досега освен 3-4 испукани плочки (што не знам колку врска имаат со подното греење) не сум имал друг проблем.
Греењето е вградено на 26.03.1999 година, пред точно 20 години, сеуште го имам гаранцискиот лист.
Фирмата е од Скопје и сеуште работи, па веројатно и тоа е показател за квалитетот.

Друга предност на подното греење е што цела површина е загреана, а греењето најмногу се чувствува во нозете.
Дури и мојата мачка го обожава ова греење, по цел ден се пече на плочките ;)

Сум се греел со шпорет на дрва, градско парно, на струја со термоакумулациона печка, панели, кварцни греалки, калорифери, и ова подно греење.
Моја препорака е подно греење, во било кој облик (само не глупостите со голи жици и селотејп).
 
Последно уредено:
18 kw/h е максималната декларирана потрошувачка на горилникот-котелот на струја која би одговарала на мојата квадратура. Цената му е околу 700 евра.[DOUBLEPOST=1548746225][/DOUBLEPOST]

Нема потреба од радиатори, затоа што подот ти е радиатор, во една соба ќе ставиш метар-два радиатор на класично ѕидно парно, на подното целиот под зависи од големината на собата ти е радиатор.

По информациите кои јас ги имам мислам дека потрошувачката во однос со класично ѕидно парно е иста или слична: се разликува системот на работа, пример подното водата се грее околу 35 степени, парното преку 50, но кај парното грееш помала количина вода, а кај подното поголема, и така да ти доаѓа на исто. Зборувам за исти параметри (изолација, сакана собна температура итн..). Подното е подобро и поубаво за користење од повеќе причини, немаш визуелно никакви промени во собата, целата топлина ти доаѓа од доле, минува низ телото и оди на таванот на собата, секогаш ќе се осеќаш потопло со подното. Негатиното е тоа што мора да се инсталира (зборувам за подно со цевки вода не електрични панели) пред да се стави порамнителен слој во подот, значи во самата градба.

Мене цена за 1м2 ми дадоа 25 евра, со демек поквалитетни материјали, со сите вентили и табла.
Планирам да барам спецификација со потпис и печат од фирмата која ќе го прави, па потоа да донесам некој близок што разбира повеке да ми каже дали е вградено тоа што е ветено и наведено во спецификацијата.

Исто така плус инвестиција е котелот-горилникот.
Струја 18kw/h максимална моќност околу 700 евра
Пелети околу 1350 евра.

400 евра на месец?!?! Мене проценката ми е дека со 400 евра цела сезона ке минам со пелети! тоа се 2 тона пелети.. нека се и 2.5 тона тоа е 500 евра. Ако е толку голема разликата немам никакви дилеми, одам со пелети.

Еден пријател стави подно со горилник на струја, истиот тој мене што ми го препорачуваат, го користи 3 недели, 24/7 работи, температурата на водата ја држел скоро константно на 45 степени, собна околу 24-25, грее 90 квадрати, куќа, ново градба со пвц, со минимална изолација на ѕидовите, сметката само за подното 10.000 мкд, за период од 1ви јануари до 20ти јануари. Тоа е единствениот пример што го знам.. Сигурно кога ке намали собна температура, кога ке го намалува на минимум кога ќе е на работа и кога константно ке се регулира ќе се намали и сметката, но сепак мислам дека е скапо... и да намали сепак сметам дека ќе е околу 10к мкд.. Во зимата нека има 2 месеци каде ќе биде доста ладно, тоа се 20.000 плус другите 3 што ги грееме нека се помалку, еве 20.000 за другите 3 месеци, тоа е сметка од 40.000 денари.. просек месечно 8000, со пелетите просек месечно излегува 5000 денари.[DOUBLEPOST=1548748343][/DOUBLEPOST]

За ова скоро и да немам слушнато.
Те молам ако не ти е тешко да објасниш малку подетално. Што ми треба плус од инвестиција, инсталација на подно секако, претпоставувам е иста како таа што ја планирам, цевки со вода.
Друго само во таа пумпа ли се инвестира, 1700 евра? Таа пумпа се користи и за затоплување и за ладење? Ако е така, нема многу голема разлика од пелетите (котелот е 1350 евра). Плус ако лади нема да ми треба клима :)

Каде можам да видам цени на топлотните пумпи, гаранции и слични додатни информации. Фала многу!
Има повеќе фактори, зависи дали има изолација зградата, дали комшиите над и под тебе се греат, какви прозорци имаш, дали имаш собни термостати. Можно е да поминеш со 10000 ден месечно, што е супер.
Со пелетите ќе имаш повеќе дефекти, имаш поголема почетна инвсстиција, и има повеќе работа, чистење, полнење, носење...
А со струја веќе немаш такви проблеми, поскапо е малце ама како и да е коефициентот на искористеност на електричната енергија ти е 1, сите деуги ти се под 1, со пелетите мислам дека беше 0.8.
 
нека стои чисто за споредба.

Фала многу, уште една потврда дека подното е "права ствар" :)
Јас денес треба да се видам со мајторот од фирмата со која морам да соработувам (ново градба, морам да соработувам со фирмата која е земена како изведувач на инсталацијата за парно, па јас ако скакам подно, ке ми одбијат од цената на подното, тоа што ме следнува за парното).
Целта ми е да се распрашам и за топлотна пумпа системот, да ми каже цена и други услови, ако не е голема разликата, за сега би одел со тоа. Видов некој искуства по скопје со таква инсталација каде просечна месечна сметка за ладење и греење цела година излегува околу 30 евра :)[DOUBLEPOST=1548847766][/DOUBLEPOST]
Има повеќе фактори,

Пишав што знам, изолација на зидови 10цм стиропор, последен спрат во зградата, 8ми, на ќоше, комшии под мене и само на едната страна. ПВЦ прозори со двојно стакло (по мое убедување од лош квалитет). Да подкровје е станот, но на кровот имам 10 цм лиемн панел понелт со пур пена, и плус 30цн камена волна изолација.

10k сметка е многу по мене. Да знам дека просечната сметка би била 10к веднаш одам на пелети каде со 400-600 евра ја минувам цела сезона.
 
Знајте дека загревањето со струја е најскапо. Било подно, со радијатори, со греалки...
Единствено ефтино греење на струја е ако се користи топлинска пумпа (3-4 пати поефтино од класичното), но секој нема можност за вградување на таква пумпа.
 
Некој тука спомна дека тие пумпи сега веке се движат од 1500-1700 евра за мојата квадратура (75 квадрата стан, греење на подно 67 квадрата) ..
Па баш ќе пробам подетално да се информирам.. и ќе споделам.

Ако знае некој нешто повеќе слободно :)
 
Како што имам истражувано,поекономична опција би било на пелети и не е кизнеј каква квантна физика.Подесуваш електрониката кога да грее,колку да грее.Креваш вреќата ги тураш пелетите (пред се груба математика за потрошувачка на пелети),и се грееш.Нормално на струја е 10 пати полесно но и 10 пати потешко за џебот,ако имаш вишок 2300-2600 евра за цела грејна сезона,тогаш струја.Но сепак зошто подно греење,а не со радијатори ?
 
Некој тука спомна дека тие пумпи сега веке се движат од 1500-1700 евра
Цената не знам како се движи. Но проблематично е за во стан. Пумпата е инверзија на ладилник. Радијаторот (ребрата на ладилникот) е во станот, комората за ладење е надвор. Не знам колку е ефективно ако комората е на воздух. Препорачливо е да биде во бунар, водата многу побрзо ја предава топлината.
Мислам дека во стан не ќе може да се вгради.
 
НАЈУБАВО НАЈЕКОНОМИЧНО греење ви е со шпорет на дрва.

На истиот шпорет со дрва на него можеш и да си готвиш.

А на камин со пелети, брикети и слични такви срања можеш да готвиш ли???
 
Како дојде до оваа сума? Ова е премногу.
Мислам дека убаво објаснив што и колку греам.

Мислам дека во стан не ќе може да се вгради
Прашав ми рекоа 4800 евра панасоник пумпа, може! Но премногу е :(

НАЈУБАВО НАЈЕКОНОМИЧНО
Најекономично е, да, но на 8ми спрат, плус без подрум гаража едноставно е не изводливо! Фала ви на сугестијата, ако не е зафрканција :sneaky:
 
Мислам дека во стан не ќе може да се вгради.
пред 6 години ни беше актуелно да се угради топлотна пумпа која ќе ја грее водата од радијаторите... ама се одкажавме, ни бараа цевка 38мм до пумпата, а не смееше ни фасада да се дупчи со толкаво цевкиште... башка бараа некој бакарни радијатори... земавме обичен инвертор воздух /воздух... после парно пуштија...
 
Како дојде до оваа сума? Ова е премногу.
Мислам дека убаво објаснив што и колку греам.

Прашав ми рекоа 4800 евра панасоник пумпа, може! Но премногу е :(

Најекономично е, да, но на 8ми спрат, плус без подрум гаража едноставно е не изводливо! Фала ви на сугестијата, ако не е зафрканција :sneaky:

Мислев заедно со котелот што би го купил и инсталацијата и потрошувачката за грејната сезона.
 
Мислев заедно со котелот што би го купил и инсталацијата и потрошувачката за грејната сезона.

Инвестицијата ја ставам на страна, струјата е поефтина инвестиција од пелетите, но многу побитен ми е подоцна трошокот за греење што ќе го имам секоја година.

Сега ново видов нешто, контактирав чекам да ми пресметаат колку инвестиција би било, се работи за елетрично подно, значи жици во подот, не цевки со вода. Нема котел, има термостат во секоја соба посебно.. многу брзо загрева, нема потреба од чекање како кај подното со цевки.. и се е тоа супер, само што сигурно нема да знаат да ми кажат колку од прилика би трошел за една грејна сезона.
Ми бараа детален план од станот, изолации, прозорци, под, плафон инт.. Ќе видиме..

ако знае некој и има некое искуство слободно.. :)
 
Ако ти е станот во градба, ти советувам да користиш котел и подна инсталација. Тоа со жици, како што кажуваш, побрзо загрева, ама побрзо и се лади, не верувам дека се акумулира топлината. Предноста на подното со котел е што ќе ти работи на поевтината тарифа и, по потреба дење. Верувам дека тоа е поекономично
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom