- Член од
- 8 јуни 2010
- Мислења
- 79
- Поени од реакции
- 12
18 kw/h е максималната декларирана потрошувачка на горилникот-котелот на струја која би одговарала на мојата квадратура. Цената му е околу 700 евра.[DOUBLEPOST=1548746225][/DOUBLEPOST]Toa nikoj nema da moze da ti kaze so preciznost. Nekoj doma si saka 27 stepeni, nekoj 18. Nekoj ima ubava izolacija, nekoj nema nikakva. Nekoj go great od site cetiri strani komsiite, nekoj ne. Nekoj e na severna strana, nekoj na juzna , nekoj zivee vo Skopje, nekoj vo Berovo na primer. Mislam deka se razbirame sto sakam da ti kazam.
A i ako ne e tajna kako gi izvade tie 18 kw, koj ti presmeta?
Нема потреба од радиатори, затоа што подот ти е радиатор, во една соба ќе ставиш метар-два радиатор на класично ѕидно парно, на подното целиот под зависи од големината на собата ти е радиатор.Со подно греење нема потреба од радијатори? Има некој искуство со ова? Како ќе затопло повеќе со радијатори или подно? И колку кошта од квадрат?
По информациите кои јас ги имам мислам дека потрошувачката во однос со класично ѕидно парно е иста или слична: се разликува системот на работа, пример подното водата се грее околу 35 степени, парното преку 50, но кај парното грееш помала количина вода, а кај подното поголема, и така да ти доаѓа на исто. Зборувам за исти параметри (изолација, сакана собна температура итн..). Подното е подобро и поубаво за користење од повеќе причини, немаш визуелно никакви промени во собата, целата топлина ти доаѓа од доле, минува низ телото и оди на таванот на собата, секогаш ќе се осеќаш потопло со подното. Негатиното е тоа што мора да се инсталира (зборувам за подно со цевки вода не електрични панели) пред да се стави порамнителен слој во подот, значи во самата градба.
Мене цена за 1м2 ми дадоа 25 евра, со демек поквалитетни материјали, со сите вентили и табла.
Планирам да барам спецификација со потпис и печат од фирмата која ќе го прави, па потоа да донесам некој близок што разбира повеке да ми каже дали е вградено тоа што е ветено и наведено во спецификацијата.
Исто така плус инвестиција е котелот-горилникот.
Струја 18kw/h максимална моќност околу 700 евра
Пелети околу 1350 евра.
400 евра на месец?!?! Мене проценката ми е дека со 400 евра цела сезона ке минам со пелети! тоа се 2 тона пелети.. нека се и 2.5 тона тоа е 500 евра. Ако е толку голема разликата немам никакви дилеми, одам со пелети.Не работи 18 часа, не верувам дека повеќе од 10 часа дневно работи 18Кw - ната.
Зависи од прозорците, дали имаш термостати по собите, и каква котла имаш.
Според мене најдобро ти е на струја. Пелетите се зеабанции. Струјата ја вклучуваш, ги наместиш термостатите и не ти е гајле.
Не верувам дека повеќе од 400 евра на месец ќе трошиш струја.
Еден пријател стави подно со горилник на струја, истиот тој мене што ми го препорачуваат, го користи 3 недели, 24/7 работи, температурата на водата ја држел скоро константно на 45 степени, собна околу 24-25, грее 90 квадрати, куќа, ново градба со пвц, со минимална изолација на ѕидовите, сметката само за подното 10.000 мкд, за период од 1ви јануари до 20ти јануари. Тоа е единствениот пример што го знам.. Сигурно кога ке намали собна температура, кога ке го намалува на минимум кога ќе е на работа и кога константно ке се регулира ќе се намали и сметката, но сепак мислам дека е скапо... и да намали сепак сметам дека ќе е околу 10к мкд.. Во зимата нека има 2 месеци каде ќе биде доста ладно, тоа се 20.000 плус другите 3 што ги грееме нека се помалку, еве 20.000 за другите 3 месеци, тоа е сметка од 40.000 денари.. просек месечно 8000, со пелетите просек месечно излегува 5000 денари.[DOUBLEPOST=1548748343][/DOUBLEPOST]
За ова скоро и да немам слушнато.Toplotna pumpa vozduh/voda, vo kombinacija so podno nema podobar sistem, em najekonomicno em nema rabota so toa, stiskas kopce i gotovo.Za taa kvadratura nekoja monoblok 7-8kw ke zavrsi rabota, veke gi ima za 1500-1700e.
Те молам ако не ти е тешко да објасниш малку подетално. Што ми треба плус од инвестиција, инсталација на подно секако, претпоставувам е иста како таа што ја планирам, цевки со вода.
Друго само во таа пумпа ли се инвестира, 1700 евра? Таа пумпа се користи и за затоплување и за ладење? Ако е така, нема многу голема разлика од пелетите (котелот е 1350 евра). Плус ако лади нема да ми треба клима
Каде можам да видам цени на топлотните пумпи, гаранции и слични додатни информации. Фала многу!
Последно уредено: