Изгледа направија пари на mse, па сега ќе го напаѓаа Dow Jones
. . .
Малку им е 10-20% од mse , па сега ќе одат да се прават петли во туѓ кокошарник...
Ги погледнал ли некој приносите на македонските фондови што играат на светски берзи??? Мислите дека сте поупатени и подобри од нив??? Внимавајте таму има многу пострашни ѕверки од овие домашниве . . . Ама коцкање отсекогаш било дозволено, некои и ден денес така ја поимаат берзата.
Пред некој месец поминав низ неколку брокерски куќи, сакав да купам акции во Србија . . . Само провизиите во еден правец беа над 3%, значи вкупно 6% . . . Мисли ли некој дека лесно ќе покрие 6% провизии????
Иако во моментов mse е досадна мислам дека пролетва ќе има интересни збиднувања.
Продажбата на Охридска, рекордна дивиденда на Комерцијална, Тутунска, Стопанска ќе биде забавна . . .
А и ЗК Пелагонија никако да умре . . . за инат на душмани
. . .
Ги исплатиле сите плати . . . изгледа пари има ама некој има други планови . . . Нема никакви политички притисоци
. . .
https://makfax.com.mk/ekonomija/зк-пелагонија-исплатени-сите-обврски/
п.с.
Имам ЗК Пелагонија и на никој не ја пропорачувам . . . преризична е .