На влажно време одмрзнување на 50 мин. е во ред, но не е во ред да трае 15 минути. Изгледа не сум само јас кој има некакви проблеми со новата серија на Даикин.
Стрелец секоја чест, имаш око за клима. Јас ги имам дома двата модели но не приметив дека се толку различни додека ти не спомна. Јас само приметив дека различно работат (посебно при одмрзнувањето).
Ова се слики од првата клима.
А ова е од новата клима
На новата клима кај моите во името има една 9-ка повеќе од името во старата клима. Кај моите просторијата е помала (околу 20м2) и си постигнува температура колку и да и е зададено. Е сега не знам дали имам проблем со одмрзнувањето на надворешната кога е влажно времето и докај -4,-5? Имено, при отопување не го топи и го исфрла целиот мраз од климата (од тацната одвнатре) како старата туку прво си ствара мразулец на главната дупка, а после си реди мразулци. Оваа слика е додека прави одмрзнување:
Приметив дека ако ги затне дупките од доле со мраз, тогаш си тече од кај ќе стигне и доле прави лизгалиште.
Јас побарав но не можев да најдам во што се разликува новата серија од старата, ама во работата се многу различни. Старата кога прави одмрзнување, топи и мразулец на дупката и цел мраз од климата и ја исфрла водата надвор. Новата кога прави одмрзнување прави војска од мразулци. Се јавив кај монтерот што ми ја монтираше климата и вика дека така работат и да не се секирам оти имало три години гаранција. Морам да кажам дека и од ИЦС беа страшно коректни и сакаа да испратат човек да провери, ама проблемот е кога е влажно времето и под нула докај -5,-6, така да човекот сега џабе би доаѓал. Приметив дека еден ден кога беше -15 климата беше сува од доле и немаше мразулци.
Дали проблемот може да е во нивелација и ако е, како да ја поткренам климата на задниот десен крај? Дали би било доволно шајбна меѓу климата и држачот? Кога правеше одмрзнување го поткренав задниот десен крај и климата исфрли дополнително вода низ дупката и работеше потивко.
Ваше мислење и сугестии?