Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Da, no sekoj film sto ne se gleda na kino i se gleda doma e drug film. Filmovite se nameneti za kino, ill give you that.
No, kazi mi so sto zasluzi filmot da mora da se gleda samo vo kino?

Не можам ништо да ти доловам ако не си го гледал на кино. Јас кога го гледав цело време си повторував колку ќе се зезнев да не отидев. Одма ми беше јасно дека овој филм гледан дома ќе биде големо разочарување. Не само на лаптоп, туку и со добра опрема и добра снимка. Затоа и побрзав да пишам на форум, да спасам кој може да се спаси.

Точно е дека секој филм на кино е подобар од дома, во онаа смисла во која дискутираме. Иначе ако сме попрецизни, добар филм е подобар на кино, а лош филм може да е и подобар дома затоа што на кино полесно му се забележуваат недостатоците, пред се аудио/визуелни и од аспект на глума. Ама да се вратиме на нашето.

Постои разлика помеѓу гледање на кино и дома ама таа разлика варира од филм до филм. Во конкретниов случај разликата е небо и земја. Ако со нешто би можел да доловам тоа е ова: за да го доживееш концертот треба да си помал од екранот. Само така можеш да се почувствуваш како да си на Вембли. А без тоа чувство во последните 20-на минути, џабе е се. @Syn можеби има нешто да додаде околу ова.

Инаку не спорам дека филмот како филм без музиката не е којзнае што. Мислам дека Малик треба да си го земе оскарот и освен тоа можеби нешто околу костимографија и аудио и тоа е максимум што се однесува до наградите.
 
Те молам изгледај го повторно оригиналниот настап и кажи дали навистина филмот повеќе те натера да се осетиш на Вембли одошто јутуб видеово со 18 пиксели. Погледни го движењето и енергијата на публиката, енормноста. Во филм ова треба драматично да е амплифицирано, за ефект, ако не друго. Да те вози звукот и камерата, да те транспортира таму, а не да е полошо од actual footage oд концертот. Видеото има поквалитетна работа со камерата побогу...

Сум гледал филмови на тв и сум се осетил милион пати: ова на платно сигурно е спектакуларно. Меѓутоа за време на филмот ниту еднаш, на ниту една сцена не посакав да го гледам на платно. Поготово концертот, не знам зошто си фасциниран кога беше премногу обично и аматерско направено, имаат 50 луѓе шо ги снимат од блиску и другово од стадионот е лош cgi. Star is Born го гледаше? Запази настапите... Не можам да прифатам дека тоа што го гледав на кино би изгледало магично и повеќе имерсивно (да, без п е зборов...) Цел филм беше тоа што беше и самиот начин на кој го прикажаа концертот, линеарно, бледо и без трошка креативност. Јас кога одам од соба до вц имам повеќе отскокнувања од шаблонот, возбуда и различност. Ако некогаш снимам филм и ми кажат ќе учествуваш на фестивал за медиокритет, ќе го ископирам Бохемиан Рапсоди.

Да не беше Queen настап и тие песни, а со исти технички аспект ипак, ако добиеше повеќе од 2ка од тебе филмот, еве...
 
На јутјуб цела недела после филмот гледав, не е исто. Да го гледав вистинскиот концерт на кино ќе беше друго. Знам дека нема да се согласиме ама јас ги имам и двете доживувања, гледањето на кино и јутјубот, а ти само едното.

Да беше некој друг бенд... зависи кој. Претпоставувам дека ваков филм може да помине за многу рок бендови од 70-80ти. Јас не сум некој die-hard Queen fan, немам некои посебни симпатии за нив што ги немам за 10 други рок бендови...

Инаку сцената со концертот е првата сцена што е снимена во филмот, не знам зошто, некои технички причини. Недоразбирањето помеѓу Малик и режисерот е тоа што вториот стално каснел на работа, редовно го чекале и на овој му прекипело.

Ајде, кога ќе направат за Рејдиохед филм тогаш ќе си сигурно од моја страна. Ќе се расправаме со пола форум. Затоа што научно е докажано дека филм или серија со музика од Рејдиохед не може да не биде закон :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Јас го гледав прво на кино, па на 42" телевизор (скринерот), и не осетив дека снимката беше замачкана вториот пат. Не велам дека беше рамно на BluRay, ама дефинитивно ова беше еден од најдобрите скринери годинава, и ако му се бараат замерки, тоа дефинитивно би било кај звукот, а не кај сликата. Ете, и на Vice го гледав скринерот и беше небо-земја разлика со овој - до фаза на непрепознатливост на ликовите.[DOUBLEPOST=1547748865][/DOUBLEPOST]
Кога ќе излезе DVD, ако биде подобра сликата на DVD-то од скринеров, јас ќе ти го платам. ;)
Не знам јас го пуштив онлајн на Коdi крш беше па ајде преку торент го симнав малку подобра снимката како за скринер не е лошо но како што кажа Ron Burgundy не е таква снимка за да дадеш реална оценка, да се одлучиш дали е добар или лош филмот.
Како и да е некој ќе му биде супер и ваквиот квалитет, некој ќе сака и малку подобро од ова тука нема многу што да се расправаме.
 
Последно уредено:
Дај бе не ја потете за снимката. Ко божем некој пиштол ви ставил на глава да го гледате сега филмот. Ако не ви се свиѓа снимката, изгасете го и чекајте HD или одете во кино.
 
Glass е одличен крај за трилогијата.
Не се препорачува ако не се гледани претходните два дела. Не очекував нити претпоставував за каков крај би бил соодветен, зашто некако режисеров бега од шемата, како што и овде беше тоа случај. Гледам дека на многумина им смета крајот ко што читав, али мене ми се допадна замислата и ми се виде идеално.
МекАвој е најинтересен ко лик и најдобро си ја носеше улогата. Брус Вилис, за чудо, беше на ниво, изгледаше заинтересиран за глума бар. :D
Се на се, интелигентен психолошки трилер. Ништо не е случајно, нити имињава на деловите на трилогијата, нити нивните карактерни силни и слаби страни, нити крајот. Предизвикувачки у пм.
 
добро филмче Bad times at el Royale, ме потсети на филмовите на Тарантино, уствари е тарантино рип оф ама нема везе, крајот ептен ме бендиса кога му го разнесоа мозокот:tvg: саундтракот екстра.
 
Ми се допаѓа кога ќе го прашат колку филмови снимил легендарниот актер Џејмс дин?И одговара 320.Не се смеев само ми беше симпатичен одговорот можеби мислеше за овој другиот Џејмс кој гарант ги има толку,ако не и повеќе

3-59

JamesDeen-0017_BW.jpg

Ако претходно сум пишал се извинувам.
 
Бохемијан беше ОК филм, не е нешто wow па да се трескаме сите од земја. Делот кога Фреди им кажува на членовите од бендот дека има сида ми беше премногу...штознам неемотивен, сметам дека можеле подобро да го одглумат и изрежираат тој дел од животот на Меркјури.

Требаше у кино да го гледам... или пак на Вембли, па можеби ќе излезеше од негде Фреди Меркјури :toe:
 
Убаво ти зборат, поинаков е филмот на кино, не е до глумата. Мјузиклите и филмовите со ефекти се за на кино.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom