Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    131
Зошто Мартин Томовски не е земен како голман од клупа, на местото на Никола Митревски. Овој Никола еден шут на првенството дали фати, агли што избира да ги покрие не ги допокрива, Томовски е многу порефлексен, млад е има поголема експлозивност, не знам зошто не се земал на првенството.
 
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Ги утепаа Бахреин и Хрватска,нас ќе не ебат анално,фул пенетрација.
ако има разигрување? на 4-то пласираните по групи, со Исланд нека играат сите што не играле, после во разигрувањето да се бориме за подобар рејтинг поради шешир за наредно светско
 
Една работа не смееме да промашуваме 13 до 15 зицери нема што повеќе да разговараме , 7 на 6 освен кире другите бекови се статични наместо да се шутира се стоии во место и мора да се прекини со практиката годи го голманот тоа е.
 
Кузмановски очекував повеќе,но и онаков каков што е е Карабатич за Фичо.
Видовте на крај талентиве Серафимов Чурлино ко влегоа? Машки скрос.Дрско и со мадина.Е такви таленти ни требаат :icon_lol:
 
Кузмановски очекував повеќе,но и онаков каков што е е Карабатич за Фичо.
Видовте на крај талентиве Серафимов Чурлино ко влегоа? Машки скрос.Дрско и со мадина.Е такви таленти ни требаат :icon_lol:
Овие се земени само да потполнат место во составот.
 
Де бе издраматизиравте ко да се играло против РК Пролет,а не против екипа која цели на топ 5-6 пласман.
Младиве на клада ги ставивте,па во ранг на Косово ќе сме биле со нив. Чекајте малце, ракометарите освен ако не се работи за вонсериски талент, созреваат накај 23-25 години и траат длабоко во 30тите.
 
0 пенали изнудивме утакмицава, и тоа кажува колку пробивни бевми и колку добри топки добија пикерите.
Пикерите да погодеа тоа што имаа, друга песна ќе се пееше утакмицава, а не Пешевски да проашува зицери ко Манасков у најдобри денови.
 
Колку гола даде Кузмановски оваа утакмица?
 
Де бе издраматизиравте ко да се играло против РК Пролет,а не против екипа која цели на топ 5-6 пласман.
Младиве на клада ги ставивте,па во ранг на Косово ќе сме биле со нив. Чекајте малце, ракометарите освен ако не се работи за вонсериски талент, созреваат накај 23-25 години и траат длабоко во 30тите.
Znaeme, eve ushte chekame mladiov Nikola Mitrevski da sozree.
 
Не можам да разберам некои работи жими се, а и знам дека никад нема да ги разберам али тоа е... Прво и основно, се викаш и презиваш Филип Талески, имаш 2 метра, играш во РНЛ и се плашиш да шутнеш на гол. Семејство ти ебам ја на тебе, лигле едно размазено, па кој да шутира бе, Столе? Борко? Еј се кладам дека и покрај тоа што е 15цм повисок од мене и тренира ко кретен секој ден да дојдам да му залепам два шамари ќе почне да плаче а можно е и на мајка му да ме каже, ти ебам тоа разлигавеното смрдле, мамин син.

Второ, Кузмановски, он па тотална спротивност, мажиште, снага еден тон во него ама се кочи и не шутира и не повлекува воопшто што нормално води кон глупи пробивања, чекори, грешни пасови, итн итн.

Како сакаме да направиме нешто против појака репрезентација од нас кога имаме катаљон технички грешки и утињаме 200 зицери? На што личат крилата наши? Кој е овој Гоце бе, КОЈ Е? Па оној ликот од Бахреин што принудно игра десно крило со десна рака за овој е Лук Абало од најдобри денови. 0 агилност, 0 прецизност, 0 дрскост, ништо нема Гоце во него освен шаблонски шутеви кои 70% му ги бранат голманите. Глеј тој Мандиќ што ни направи, 2-3 лоба му стегна на Борко, бара различни агли цело време, ама не, господинот Гоце класика краток залет и грагау у голман пошо така е најлесно, да ти ебам пичката материна.
Манасков ракометар е? 3 метра го утна ПРАЗНИОТ гол еј :pos: абе корен ти ебам зицерашки. И овој 0 варијации во шутирање, секој шут му е на раб на промашување, без разлика дали е зицер или некоја потешка ситуација.

Трето, ај отиде утакмицата у курац што отиде, ги пушта младите и што направија? Чурлевски почна мал фудбал да игра, Серафимов почна да трча без топка и ја заборави позади него, пробивања, невраќање во одбрана, тотален аматеризам. Вчера пуштам Исланд-Шпанија, ставија Исланд некое дете не знам како се викаше, 19 години, влезе и сместа даде 2 комада и изнуди исклучување. Е тоа е талент, а не ова тиквиве што цел живот ќе играат во Еурофарм и РК Бутел. Ми текнува и Сагосен кога прв пат заигра, и Хансен исто, абе бомбардери уште од првиот меч, влага и рога од 9 метри ич кур не го боли. Али ај ние ќе го почекаме Талески да наполни 30 и да кажеме дека нашиот TALENT од Крушево се обидел да шутне од 9 метри, се разбира безуспешно.

Не ми е толку мака кога ќе се изгуби од подобар противник, мака ми е што не ја продаваме скапо кожата.
 
Само во македонската репрезентација има играч што цел натпревар игра во напад, а целта му е да не даде гол. [emoji1]

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Па нашиве новинари и ваквиве не разумни рандом фаци ги прават талентиве да се возвишат.
Најјако е кога ми се прават поштени дека не треало да хејтаме,млади биле,ќе напреднеле ау мау.Се бараше 2% од нивните утакмици за да се рече ете добри се.Oстантатите 98% не се гледаат,јер млади се и не искусни.Абе онакви аматерски грешки како подавање в нозе Е РЕЗИЛ ДА ГО НАПРАВИШ И НА 14години,не па во бундес да играш.
И манасков еве го возвишувате денеска.ЗА ШО БЕ?
ДЕчково се форисраше како да е некој си не виден талент, за на крајот да биде добра утакмица ако постигне 6 од 11 обиди.АБе салам сте вака?КЛАСА крило постигнува по 8 од 9 удари.И тоа онака му се згрешила едната и жив ќе се изеде цела утакмциа ради тоа промашување.Овај му броете голови и как одобар бил,а братов се искина промашување.Не е класа крило ак ое 50% шут.
Може да мусе каже браво САМО РАДИ ЖЕЛБАТА што ја покажа,ништо др.
 
Најмногу ми е криво што изгубивме и тоа не оти Хрвативе беа подобри туку поради утнати зицери.
 
Не сум ги прочитал коментарите за натпреварот (ќе ги прочитам покасно) имам само 2 работи да кажам (кратко и јасно):

Натпреварот го изгубивме заради мизерната реализација на шутеви од пикер и од крило - 12 од 25 е многу лошо (Манасков, Георгиевски, Поповски, Стоилов, Пешевски). Без барем 70% реализација од овие позиции не може да се победи репрезентација ни од наш ранг а не пак Хрватска.

Натпреварот не го победивме заради немањето никаква закана за шут од лева и централна страна. Кога левиот и средниот бек се плашат да шутнат, кога средниот бек (па и тактиката ако сакате) не прават ниту една акција за шут на левиот бек шутер, секоја паметна и способна репрезентација (каква што несомнено е Хрватска) ќе знае како да ја запре екстремно предвидливата игра на пикер и само на пикер.

Како и да е, не е крај на светот, далеку од тоа, имаме други натпревари пред нас, треба веднаш да се стартува со подготовки за нив. Реално и ептен немавме среќа, а за да победиш екипа како Хрватска ти треба и малку среќа,
 
Најјако ми е овој во бордото муабет што си праеше, кажа дека се разочарал бидејќи Хрватска никогаш не играла послабо, а ние сепак не ја тепавме.
Јас разбирам дека мора да се тешиме, дека само во ракомет не има некако во светот од овие поисфорсираниве спортови, дека мора нешто експертиве да зборат, да се мати слама и се тоа.
Али и најслаба Хрватска да е, дури и Дувњак да го тргнат од терен и да играат без него, ние не може да ги тепаме Хрвативе. Не е јадење трици, реалност е.
Лошо е што Исланд ни е оставена накрај во колово, па као ќе се има надеж уште два дена.
Ни нив нема да ги тепаме, пошто тие во 50та минута од утакмица уште играат ко волови, за разлика од нас, ко поспани овци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom