Тренинг натпревар на Хрвативе...
Со пола сили не тепаа. Ова „шансиве“ за враќање во натпреварот е слично како во последниве години од Металург што се палат дека загубиле ситно од Вардар, а всушност овие не се замараат ни 10%. Циндриќ не влезе во игра. За нашава одбрана Циндра е измислен, 15 гола можеше да ни даде.
Шанса немавме никаква, ниту пак очекував нешто од дуеливе со Хрватска и Шпанија. Проблемот е што ако ги одмориме првотимците, вториот состав ќе загуби со таква разлика што цела јавност ќе ги шиканира и ќе се одрази на моралот на цел состав.
Имаме само еден корисен бек (Кире) и од другите не можеш да составиш еден квалитетен играч. Кузмановски и Талески ми се најголемо разочарување на турнирот. Очекував да бидат барем мал пример за оние кои за прв пат се земени, но напразно. Тале со Велко се комедија невидена во одбрана, а во напад нема апсолутно никаква корист од него. Само врти се напред назад, забиј се во противничките дефанзивци, и ниту вишок создава, ниту додава, а да не зборуваме што нема теоретска шанса да се крене на шут.
Реално, освен со напад 7-6 немаше шанси да создадеме нешто во нападот. Дури и така имаме огромни проблеми, бидејќи ниту еден бек освен Кире не ни размислува да се крене на шут.
Ех Филипче, Филипче, сите напади ги одигра, воопшто не ни размислува да шутне. Кој не би посакал такви противнички бекови? Но, што да се прави, тоа е изборот. И нивните замени се уште понепотготвени. Вкупно 10 минути добија на турниров и сто грешки направија тоа во моменти кога се решени натпреварите.
Пикерите промашија недозволив број на шанси. Спомна Томасино, Шего само им кратеше агол цело време, а овие го шинаа гаѓајќи. Крилата се обидуваат нешто, Манасков и покрај грешките не е толку лош. игра машки, но џабе е се кога бековите се нула.
Талески мора да го маркирам како најголемо рзочарување. Никогаш не сум имал голема доверба во неговите квалитети, но напразно.
Одбраната е втор проблем, едноставно немаме шанса да го сопреме противничкиот пикер и сите тие влезови на наши 6 метри. Да не зборуваме што дозволивме еден куп чисти шутеви од далечина.
Дувњак им дава сто гола од 10 метра со шут од место.
Тешко ќе биде со Исланд, но мислам дека кога највеќе е потребно, ќе одиграме добро. Во напад не сме толку лоши во однос на квалитетот на бековите, но одбранта е застрашувачка. Мене ми се допадна Поповски во одбрана, игра дрско, на раб на исклучување, но мал е и не може многу да промени.
И како и секогаш, што ќе правиме без Кире?
Најубаво се гледа на последниве натпревари дека на ранг на Косово ќе бидеме ако не натурализираме некого.
Џабе се земаат тие дебитанти во репрезентација, никаков ќар од нив. Штета што Миркуловски не собра сили да одигра барем во напад на ова СП.