Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Толку е добра последната сезона на The Americans? Ова е една од ретките серии што ги прекинав бидејки мислам дека премногу јас продолжија.
 
Escape at Dannemora

Гледам висока оценка и ги изгледав наеднаш сите 7 епизоди, ама некако премногу бавна ми и досадна. На некои детали не посветиле повеќе внимание и планот за бегството не е интересен за да се оправдаат претходните 5 епизоди.
 
Само Bodyguard да не стане срање по првата сезона како пола од сериите на Netflix
 
BBC продукцијата ти ја препорачувам, Killlig Eve, Bodyguard и a very English scandal Се одлични.
Ја меркав A Very English Scandal, ама никако да ја почнам. Ben Whishaw го обожувам, еден од моите топ 5 актери ми е, а многу е потценет, секаде, и секогаш, вклучително и на форумов. Ете, до сега не сум ни слушнал некој да го спомне тука, најискрено. А за BBC не мора ни да ми објаснува некој - не сум се разочарал буквално од ништо нивно.
 
Killing Eve ништо драматично и ништо смешно. Првите 3 епизоди ок, ама после тоа за никаде.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
The Kominsky method единствената серија што ја немам гледано и таа зима награда за најдобра серија, како и Escape at Dannemora.
 
Јас немав слушнато нити видов негде да се прави некој маркетинг за оваа со Даглас. Вака од трејлери далеку од смешна ми изгледа, а уште помалце дека заслужено победила над другиве.
 
Killing Eve и Mrs.Maisel ми беа може најдобри откритија лани. Сосема заслужено и за двете.

Најзаслужена наградата за Рејџел Броснахан. :love:
Кога го гледав трејлерот за прва сезона мислев дека сите адути ги имаа испукано во две минути али серијата си е одлична со све, сценарио, ликови and all that 50's, 60's vibe.
Топла препорака за сите што ја немаат гледано.
 
Ја изгледа втора сезона? Мене ми е до пола, ја забаталив некако последниве недели, иако ми се симнати епизодите. Не дека вторава сезона не ја бива, и подобра ми е за нијанса, само некако не сум во тоа расположение за Мејзел. :D
Мило ми е што и некој друг ја прати освен мене. (y)
 
Не бе вчера маратонски ја изгледав првата сезона. :D Втора сезона вечерва и утре.
Премногу фил гуд ми е, плус надвор си врни снег и некако ми се наредија коцките да уживам. Со мали осцилации во одредени епизоди али се тоа го носи на грб Мејзел. По долго време да се затрескам во актерка и ликот што го глуми. :D
 
Јас си ја штедам, немам ни многу навика маратонски да гледам по неколку епизоди на ден. Епа втора сезона досега што изгледав некако подобра ми е, нема да те разочара сигурно. И мене ми се допаѓа Миџ ко лик, али сепак најјак ми е татко и, колку е добар и смешен во улогата немам зборови. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom