Еден напис од 2011 од ДП Латас
https://vesnik.com/makedonija/borba-za-stanovi-so-normalni-ceni
Како да се најде начин да се запре екстра профитот на градежната мафија
Борба за станови со нормални цени!
Во Европа ни случајно не може да се гради станбена зграда без обезбедени сопствени паркинг-места, без противпожарни системи, без заеднички јавни простории, без уреден двор околу објектот... како што тоа се случува кај нас каде што се прават фиктивни договори за паркинг-места со трети лица, за уредување зеленило и слично околу зградата не може да стане ни збор, а начинот како се буткаат згради една преку друга во Охрид или Скопје видно покажува дека законот не се почитува ниту од општината, ниту пак од инвеститорот. Грешките од ова не можат да се исправат речиси никогаш.
Праксата да се почне зграда, а да не се доврши ни за десет години, и да стои како карабина без никому ништо да му фали притоа, ја потврдува јасно видливата теза за градежна мафија.
Оној кој гради и почнува со градба, собира аванси и прекинува со градење откако ќе собере доволно пари. Тужбите за направена штета или надомест со враќање пари не даваат резултат, затоа што се плаќало како заедничка градба со солидарен ризик или се давани пари во кеш, надвор од законот, што е казниво и за оној кој ги земал, но и за оној кој дал такви неевидентирани пари.
Од причини да се помогне легална изградба, и поевтина градба, Владата донесе серија мерки за поедноставување на процедурата, со што се намали можноста за рекет и корупција од државните службеници, а со намалување на данокот од 18 на 5 проценти, да се намали цената на станот за разликата од 13% во даночната основица што, само за Скопје, значи најмалку 130 евра поевтин стан по квадрат.
Но, ништо од тоа не се случи....
...
За споредба, од 2008 г. наваму цените во државите на Европската унија паѓаат со стапка од најмалку 10% годишно.
Секоја чест за текстот, ништо не е сменето на подобро