Здраво кајганџии. Ми треба помош за слабеење. 10 кг накачив со бременост и две операции. Почнав со кангу џампинг, но немам некоја кондиција и морам само по 10-15 мин максимум. Од храна веке горе доле знам. Ми требаат совети за слабеење на горниот дел ( раце, стомак, грб). Нозете ми се слабички и во форма, зошто многу пешачам и не користам лифт. Купив тегови од 1 кг, 2 кг и 2,5 кг. Гледав и некои вежби каде пишуваше дека е подобро прво да се вежба со тежина па потоа кардио? Дали е тоа вистина? Како можам да го ослабам горниот дел? И дали јас на овие вишок 10 кг треба да јадам протеин после тренинг или не? Кажете ми и вежби за спондилоза ако знаете.
Благодарам на одговорите.
Од многу ствари треба да се откажеш ако сакаш да направиш нешто, џабе и тегови да дигаш ако се храниш лошо, најбољи совет јади тоа што си јадела и колку си јадела кога си била слаба, и евентуално за некој месец ќе ослабеш.

и јас во средно пиев мало еспресо со 4 шеќерчиња, постепено почнав да намалувам на шеќер и сега благите кафиња ми се бљувотина, само горко, да се осети кафето. Пробај постепено да намалуваш... една недела стај пола лажица помалку, другата недела уште пола лажица ќе намалиш и се така...