Imashe tuka nekoi shto vikaat "neizoliran prostor e ubiec na inverterite" ko demek ako imash parno na peleti ili na drva nema da ti troshi povekje...
Уште се тука “тие”
Шала настрана,дај боже нека ти греат вака климите.А и твојата и математиката на
@mdeni е точна! 2+2=4,само што тука правиме муабет за греење т.е. за луѓе,што самото по себе е варијабла.Мислам дека веќе некој има пишувано на темава за ова,ама ај мое мислење:
Луѓе како луѓе,живи суштества секој различно ја чувствува топлината.Дали топлината доаѓа со радијација,дали доаѓа преку дување на топол воздух,дали доаѓа од доле од горе,се прави субјективна разлика!Мислам дека можеме да се согласиме во констатацијата дека на пр.ако во простор со точно одредена температура на воздухот од 22ц !
1.Најголем комфор (и можеби субјективно чувство на топлина) би се добило од подно греење.Убедливо!
2.Топлина која доаѓа преку радијација (се разбира повеќестрана) на второ место.
3.И убедливо на последно место,топлина која доаѓа преку директно загревање на воздухот(со дување) и тоа без разлика инвертер или калорифер дувалка.
Втора инстанца која сакам да ја нагласам е рамномерноста на температурата.Нашиот организам реагира и на разлика од степен-два,најприродно со вазоконстрикција и дилатација на крвните садови.Тоа ние го осеќаме,а се случува и несвесно и независно и многу допринесува во субјективноста и нашето чувство на топлина и комфор.
Пр.често луѓето кои се греат со клими не ги загреваат сите простории еднакво(вц,претсобје,спални).При премин од просторија со пониска во повисока температура (пр.од 20ц во 25ц),субјективно чувство кај добар дл од луѓето е дека (сеуште)им студи,иако се во просторија од 25ц! Уште поприметливо во обратен случај.Сакале да признаеме или не,на нашето тело му треба време да се прилагоди.Во случај кога темоературата на просториите каде се движиме е изедначена па дури и на пониска температура,субјективното чувство ќе биде различно и многу често подобро иако температурата секаде е 21-22ц.Ова како пример,исклучоци секако постојат-субјективна работа е на крај краева.
Уште еден пример кога веќе се запишав:сега кога е ладно непушам во соба!Излегувам или надвор,или во вц,или во претсобје.Замисли кој температурен шок за организмот е тоа?! Кога се враќам темп во собата е 26ц... ама јас уште пола саат неможам да се стоплам после тоа
Така да,земете го во предвид и ова пред да почнете сувопарно да рачунате киловат од тоа киловат од ова толку пари,пу-пу решена задачата.