Го пуштив овој пост на
другиот форум, од една страна да споделам информации, од друга како одговор на влавот што продолжува да плука по Гри климите. Овој период најмногу му боде очи Хансол (веројатно поради попустите).
Хансол 3.5-ка е врвна клима во сите параметри и тоа за смешни пари во однос на тоа што го нуди. Малку е послаба од "чувената" FH35VE во максимален топлински оутпут и ефикасност, но затоа чини дупло помалку од тој врвен модел на Mitsubishi.
Надворешна единица од 43 кг, Sanyo Twin-Rotary kompresor (CRSS C-6RZ110H1A) и двоен надворешен изменувач со греачи на компресорот и тацната, 1.3 КГ R410A фреон и тн. Внатрешната единица тежи 11 КГ, има 7 брзини, максимален издув од 750 м3/h, вградено Wi-Fi и тн.
Цела есен се продаваше на акција за 37000 ден, а последнава недела (до вчера) за смешни 34000 ден! Ако тоа не е Best Buy, што е?!?
Од продадени околу 1000 Хансола во последниве 2-3 години (претпоставка), се јавиле двајца или тројца што доаѓаат дома после работа во изладена куќа и ги уклучуваат на максимум (30C) и се жалат како Хансолот не успевал да загрее за кратко време и правел дифрости.
Секој што има барем малку искуство знае дека не е проблемот во климата, туку во погрешно користење на истата, па дури и да се работи за одличен модел како што е Хансол.
Еве јас користам Хансол од лани во 50 години стара куќа со исто толку стари двојни дрвени прозори и двокрилна дрвена врата. Ѕидовите се од полни тули (дупло редени) 25 цм + 1 цм внатрешен малтер + 4-5 цм надворешен малтер (жбука што колку толку има накакви изолациони својства), значи вкупно 30 цм. Единствена интервенција што ја направив за подобрување на изолацијата е што прозорите ги поминав со дупли изолир траки и послав стаклена волна меѓу дрвените греди (10 цм). Плафонот гледано од доле е малтер и трска врз ковани даски и горе дрвени греди. Поентата беше со минимум пари и ангажман, најефикасно да се намалат топлинските загуби.
Просторот што го грее тој Хансол се 16 м2 соба (каде е монтиран) со константно отворена врата, 9 м2 ходник каде е надворешната врата (која се отвора 100 пати дневно) и 4-5 м2 купатило. Значи вкупно 30-на квадрати.
Греам најчесто на 21C, понекогаш на 22C. Хансолите малку пребацуваат, значи во реалност даваат 1 - 1.5 C повеќе, што значи се грееме на 22-23C (не сме зимурливи).
Еве што кажува мерачот:
За 58 дена, 13 часа, 23 минути, потрошени 440 KWh. Тоа му доаѓа околу 313 W на час.
Да нема забуни, колку и да е Хансолот добра клима, не е перпетум мобиле и не ги нарушува законите на физиката. Едноставно имаше многу топли денови во минативе два месеца. Во почетокот на грејната сезона понекогаш климата беше исклучена околу пладне (баш кога е евтина тарифа
), имаше и три снемувања на струја по 30-40 мин. Како и да е, тоа се не е повеќе од 20-часа... Имаше многу топли денови со дневни температури од 12-14C, кога Хансол модулираше со 100W...
Последниве ноќи со температури под нула потрошувачката се движи од 430 - 790 W, исто според очекувањата. Знам и да убацам во 3, 4, или 5 брзина (нели ги има вкупно 7) и да бркам подобар COP во ладните ноќи ако сум буден...
Бидејќи бев многу задоволен со првиот Хансол, пред еден месец
си земав уште еден.
Тој е во 20 м2 + 6 м2, во истата куќа со идентична (не)изолација. Бидејќи имам еден мерач, вториот не го ни мерам. Има многу полесна задача, плус има една (секогаш затворена) собна врата према ходникот (и надворешната врата).
Еве уште една фотка од монтажата на вториот Хансол ( да се обрати внимание на прозорот и надворешниот дел од куќата).
Доводниот напонски кабел (на последната фотка) е привремено поставен на мое инсистирање, планирам посебна линија и автоматски осигурач директно од разводната табла (никако да најдам време да го завршам тоа).