E dobro de, na zapad glupi li se sto nikoj ne macka sekade se stava gips vnatre na zidovite direkno na gol zid prethodno isprskan so maltergisko mleko.
Мора да се разбере ОД КАДЕ се јавува кондензација.
Значи, за да сфатиме. Кондензација не се јавува сама од себе зошто имало незнам што. Кондензација се јавува на она место каде има соодветни услови да се појави. Односно на она место во кое има соодветна температура за да се појави роса. Тоа се нарекува точка на оросување.
Еве калкулатор за тоа:
http://www.dpcalc.org/
Значи ако во собата ни е 26Ц (на таван рецимо) и влага некоја максимална 65%. Не смее да имаме во собата точка каде е температурата под 19 степени. Затоа што на тоа место ќе се јави оросување и влага.
Толку е просто.
Значи тоа се најчесто бетонски столбови и плочи. Може и да се други места, кои со најобичен инфрацрвен термометар за бебиња може да се измерат. И согласно калкулаторот да се види како да се постапи. Ако се јавува влага значи дека:
1. Таа точка е под точката на оросување и треба да се изолира за да и се крене температурата. 2цм стиропор залепен од внатрешна страна тоа го коригира во 99% случаи, се става мрежа и лепак и се кречи. Крај. Може и 5цм ако има простор.
2. Влажноста на воздухот во собата е над 60-65%. Тоа е нездрава количина на влажност на воздухот и треба да се коригира. Имено треба да се готват манџи не секој ден, туку преку еден ден. Да се оди повеќе на печење и суви работи во тој период, и помалку варење. Треба при туширање да се отвори прозорец од WC да отиде надвор влагата, наместо во станот. И помалку да се сушат алишта внатре, и центрифугата да се крене за едно скалило погоре каде што може.
3. Температурата на просторот е превисока. Најчесто кај лошо изолиран објект со провев се држи нехумано висока температура зошто привидно е ладно иако е 26Ц. Затоа мора да се задихтуваат сите процепи и термални мостови и да се намали температурата на 22Ц. Пришто луѓето внатре ќе се чувствуваат потопло, иако е 22Ц во објектот. Со тоа и точката на оросување ќе падне од 19ц, на 16ц.