Саем на книгата

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Значи да не губам време до Рамстор. Најмногу за Три ме интересираше. Од Антолог имам членска со поголем попуст од цените на саем што ги ставаат. :D
Другите небитни се. Ќе чекаме Или-Или да почнат со нивниот традиционален попуст.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
Значи да не губам време до Рамстор. Најмногу за Три ме интересираше. Од Антолог имам членска со поголем попуст од цените на саем што ги ставаат. :D
Другите небитни се. Ќе чекаме Или-Или да почнат со нивниот традиционален попуст.
Да не губиш. Јас, искрено, "саемите" во Рамстор и Сити Мол ги користам само за сликовници, боенки и квизови за деца од Едука Мак. Пошто нив не можам да ги најдам на друго место. Друго, буквално ништо не вреди.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Летово ја читав Првиот универзитетски ден од Игор Станојоски, ја фалевте, ако не се лажам, и ептен ме бендиса, па тамам и другите 2 ги зедов денес од Антолог со 30% попуст. :D
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.683
Немам информација дали и оваа година ќе биде, ама овој период се одржуваше зимскиот саем на книга на Слово, Темплум, Бегемот, Готен итн. во Менада. Сум го посетил неколкупати, попустите се слични како со тие на главниот саем - 20, 30 и 50 денари.

Последниов период послабо го следам издаваштвото кај нас, а од новите преведени наслови што ги имам видено речиси ништо не ми привлекло внимание. Освен за некоја размена на книги, не би се малтретрал со одење по саеми. Вреди да се спомене и дека ФБ групите за продажба на книги се многу добро место за наоѓање ретки и интересни наслови...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Летово ја читав Првиот универзитетски ден од Игор Станојоски, ја фалевте, ако не се лажам, и ептен ме бендиса, па тамам и другите 2 ги зедов денес од Антолог со 30% попуст. :D
Добар е Игор, пошо отскокнува од оноа македонско клише раскажување на тематика „македонскиот чемер и бедотија“ и слично како Фросина Пармаковска, стилски се приближува до обичниот читател. Како и да е, во Диссомнии малку се подразочарав бидејќи насетувам избрзаност во приказната, и покрај логичното образложување на секоја постапка на протагонистот. Ми делуваше малку понаивно од неговите претходни.

Беше некој на промоцијата на новава книга на Бужаровска?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Сал, ти си ми еден од реперите за добра книга.
Искрено, "Одбројување" на Фросина два-три пати ја почнував и не ми одеше почетокот. Си реков ќе ја прочитам и пред некој месец бидна. Добар роман и ако ги споредам со претходниве два добитника на Роман на годината од Или Или Фросина ми легна најдобро, Давор најмалку.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Од Рамстор ја земав Преобразба и други раскази од Кафка во издание на Полица, ѕвезди на светската книжевност во превод на Ранка Грчева. Беше 250 денари и мислам дека толку е регуларна цена по повеќето места кај што се продава, евентуално 300.

Освен 30% попуст на трилери од Антолог другите немаа некој попуст. И Икона имаше 20% на дел изложени книги.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Матица

Полица. По 100че до 15 февруари.

• Албер Ками - „Странецот * Митот за Сизиф“;
• Алфонс Доде - „Писма од мојата воденица“;
• Алфред Жари - „Кралот Иби“;
• Артур Милер - „Драми“;
• Аугусто Роа Бастос - „Јас, Врховниот“;
• Вилијам Батлер Јејтс - „Автобиографии“;
• Вилијам Фокнер - „Светлина во август“;
• Винсент Ван Гог - „Писма до Тео“;
• Вирџинија Вулф - „Сопствена соба * Три гвинеи“;
• Владимир Набоков - „Есеи“;
• Георг Бихнер - „Смртта на Дантон * Леонс и Лена * Војцек“;
• Гистав Флобер - „Госпоѓа Бовари“;
• Дени Дидро – „Фаталистот Жак“;
• Дорис Лесинг - „Добриот терорист“;
• Едвард Олби - „Драми“;
• Ежен Јонеско - „Испрекината потрага * Противотрови“;
• Емил Зола - „Жерминал“;
• Ефгар Алан По - „Авантурите на Гордон Пим“;
• Карл Густав Јунг - „Сеќавања, соништа, размисли“;
• Катул - „Римска лирика“;
• Конрад Аденауер - „Сеќавања“;
• Кормак Макарти - „Патот“;
• Лоренс Стерн - „Тристрам Шенди, том 1“;
• Лоренс Стерн - „Тристрам Шенди, том 2“;
• М. Бојардо - „Вљубениот Орландо“;
• Мадам Севиње - „Писма до ќерка ми“;
• Марк Шагал - „Мојот живот“;
• Михаил Шолохов – „Човековата судбина и други раскази“ ;
• Мишел Турние - „Горски цар“;
• „Беовулф“;
• Оноре де Балзак - „Чичко Горио“;
• Патрик Вајт - „Вос“;
• Перси Б. Шели – „Ослободениот Прометеј“;
• Пјер Бомарше – „Свадбата на Фигаро“;
• Плаут - „Комедии“;
• Рајнер Марија Рилке - „Записите на Малте Лауридс Бриге“;
• Рабиндранат Тагоре - „Поезија“;
• Ралф Елисон - „Невидливиот човек“;
• Сер Томас Малори - „Смртта на Артур“;
• Стендал - „Пармскиот картузијански манастир“;
• Томас Волф - „Огномет од суети“;
• Томас Ман - „Тристан * Тонио Крегер * Смрт во Венеција“;
• Филип Рот - „Американска пасторала“;
• Франсоа Вејерганс - „Три дена кај мајка ми“;
• Хорхе Луис Борхес - „Есеи“;
• Хенри Џејмс - „Европејци“;
• Херман Брох - „Месечари, том 1“;
• Херман Брох - „Месечари, том 2“;
• Џејмс Џојс - „Портрет на уметникот во младоста“;
• Џефри Еугенидес - „Среден пол“;
• Џон Дон - „Избрани дела“;
• Џон Милтон - „Загубениот рај“;
• Џон Штајнбек - „Патувањата со Чарли“;
• Шекспир - „Сонети“;
• Штефан Цвајг - „Вчерашниот свет“.

И Или-Или имаат попуст уште оваа недела. (y)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841

Ова со Полица кај го најде инфово ако не е тајна да пуштеше :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ова со Полица кај го најде инфово ако не е тајна да пуштеше :)
Тука. :)[DOUBLEPOST=1547586300][/DOUBLEPOST]Мало надополнување.
Магор до 29.01 има попуст на сите нивни изданија од 30%. Книгите во нивната редакција се купуваат.

Просветно дело има попуст од 150 ден. книга на нивната белетристика.

Книжарница Три има попуст од 10-50%. :)
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Се мислам да ја пазарам Браќа Карамазови од Магор за 700 денари во превод на Паскал Гилевски.

Единствено ме предомислува тоа дека е едиција од ѕвезди на светската книжевност и да не е квалитетот понизок и фонтот помал (како што приметив од други книги). Има некој искуство со оваа книга од Магор? Што да очекувам од преводот?
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.818
Поени од реакции
7.132
Се мислам да ја пазарам Браќа Карамазови од Магор за 700 денари во превод на Паскал Гилевски.

Единствено ме предомислува тоа дека е едиција од ѕвезди на светската книжевност и да не е квалитетот понизок и фонтот помал (како што приметив од други книги). Има некој искуство со оваа книга од Магор? Што да очекувам од преводот?
Паскал Гилевски е ужасен преведувач.
 
Clementine

Dreamer
Член од
19 август 2018
Мислења
36
Поени од реакции
50
Имаше Култура попуст од 12-15 за св.Валентин и во Три на 20наслови од 12-16 до денес и даваат гратис картичка
http://www.kniga.mk/action.html?p=3
Следен попуст за 8ми Март:)
 
Последно уредено:
Член од
13 март 2017
Мислења
36
Поени од реакции
14
Некој да има инфо за годинешниот саем на книга?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom