Каква утка човече, не знам со кој ум го гледав, филмот на моменти е навреда за интелигенцијата, де комедија, де сериозен, кога ќе измешаш жанрови многу голема утка се прави, не можат вакви филмов да бидат допадливи за сите, овој најверојатно цели кон помладата публика, друго објаснување не гледам, не може да е толку штура приказната и да дува од сите страни, да има шаблон ликови (ај за приказната очекував да е шаблонска, ништо ново) ама некако се е избрзано, никако не можеш да го анализираш Venom а да не те боли главата. Кастингот според мене скроз погрешен (ниту сум ги читал стриповите ниту планирам, во случајов ме интересира екранизацијата), не може Том Харди да ти глуми лузер јеботе, стави некој поубедлив, стави негативец кој подобро може да одглуми од комшијава Ашим, задржи се на експозицијата повеќе, да видиме кој што како. Мислам дека филмот комотно може да се номинира за најглупаво сиже на светот.
лошиот Веном наеднаш станува добар Веном затоа што верува во човештвото и на крај вкупно две минути се тепа со еден друг константно лош Веном со ист глас и ист лик ама лошиот сака да го уништи светот. Зошто едниов е наеднаш добар а другиов наеднаш лош? Епа зошто да не, им се може
Ќе ти ебам и Марвел и се не знам зошто упорно пробувам да сум во „мода“ да видам што се излегло, во кладилница поубо ќе го потрошам времево него ова.
^ Исто мислење. Или го правиш екстра дарк или одиш шаблонски со Марвел рецептот и "хуморот" и си пичиш ко другите лабави суперхеројски филмови. Вака кратењето на сцени и уфрлање на излишни one line jokes му еба матер на лик со огромен потенцијал.
Реков за мравката дека ќе биде клучна во продолението...
Марвел стануваат доста предвидливи. Хуморот им остана уште малце. Ама треба по мене веќе да намалат. Немаат веќе поле за нови идеи.
Не знам зошто толку хејт за Веном, ок ми беше филмчево, првите 30 минути ги скокнав кога видов кое клише е причата али после тепачките беа јаки, некако и брзо ми летна времето, тоа е знак дека сум уживал во филмот. 7.6/10 му давам. Дали можеле да го направат подобро? Секако дека да, но тоа е Марвел и не може да очекуваме повеќе од нив.
Го гледав вчера и ме воодушеви Нон стоп акција, одличен саундтрак, перфектни ефекти (50% од филмот се случува под вода) и можда најдобри one-on-one борби во суперхеројски филм што сум ги гледал гледал последен период. Сериозна закана за Марвел/Авенџерс. Башка и глумциве ги одбрале Џејсон Момоа е појава сама по себе. Па принцезава па па... Ова ми е прв ДЦ филм и покрај тоа мислам сигурно им е најдобар досега.
Го гледав во 2Д, не сакам 3Д, ама тој што има можност ако го гледа во 3Д можда уште појак да му се види.
Aquaman е промашување на годината. Не знам како James Wan си дозволил таква грешка на филм да направи. Многу лош филм. Фан сум на DC, ама со ова идат само во надолна линија и никогаш нема да ги стигнат Marvel.
Копиљана што не разбираат што е добар филм си гласаат на имдб, па еве го вчера беше рејтингот 8.3, а денес е 8.0 и постепено ќе си паѓа. Овој филм заслужува под 6.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.