Јака им душа на сите што догодина треба да истрпат да ја наполнат дупката наречена буџет на (С)РМ:
Владата планира во буџетот за догодина да инкасира само 6,4 отсто повеќе пари од даноци споредено со даночните приходи годинава. Во година во која ќе се смени даночниот систем и ќе се воведе прогресивното оданочување даночните приходи ќе се зголемат за 7,3 милијарди денари, додека ефектот само од прогресивното одночување е 1,5 милијарди денари. Во истата година Владата планира неданочните приходи да се зголемат на годишно ниво за дури неколкукратно повеќе од даночните или тие следната година се очекува да бидат
24 отсто повисоки од неданочните приходи годинава.
Даночните приходи за 2019 година се планирани во износ од безмалку 122 милијарди денари. Годинава беа позиционирани на 115 милијарди денари или 7,3 милијарди денари помалку. Најголемо учество во планираните даночни приходи има данокот на додадена вредност и тоа 42,8 проценти, додека на акцизите отпаѓаат 22,4 отсто.