Ливерпул
Red Scouser
- Член од
- 18 февруари 2010
- Мислења
- 965
- Поени од реакции
- 830
Проблемот со Кутињо во средина е што против посериозни противници Ливерпул ја губи битката во средниот ред, затоа против посериозните тимови Клоп играше со тројца од 4-ката. Проба со Севиља да игра така во гости и од 0-3 ни израмниа 3-3, а Кутињо беше еден од послабите и воопшто не му помагаше на Морено. Кутињо играше средина против тимовите кои главно се бранеа и ни требаа повеќе играчи во нападот, односно во натпреварите каде главно играта беше во противничката половина.Баш проверив, минатата сезона 9 натпревари како крило и 11 во средина.
Како и да е, според мене фали во Ливерпул еден таков креативец во средина, затоа што моменталната средина е составена од големи работници кои ќе трчаат напред-назад 90 минути, ама немаат баш некоја посебна креативност во нозете. А тоа значи дека доста зависат од тројцата напред за голови, затоа што во средина нема некој кој сам може да искреира нешто. Тешко е тројцата напаѓачи да се цело време во форма како што беше случајот лани.
Сепак јас мислам дека главна причина е слабата форма на Фирмино и повредата на Окс и Кеита. Окс не некој што креира како Кутињо но знае да повлече со топка напред и да отвори простор за другите, се надевав дека Кеита ќе има слична задача бидејќи во Лајпциг одлично му одеше транзицијата од одбрана во напад со брзи додавања и дриблинзи но еве се повреди.
Друга причина е промената на тактиката од страна на Клоп, односно интензитетот во пресингот. Кај неговите тимови (со негови зборови) "системот е креаторот" односно со контра пресинг да се извади од баланс противничкиот тим и да се постигне гол. Оваа година интензитетот на пресингот кај Ливерпул е далеку послаб, но ова може да биде и намерна промена односно да ја темпира формата за вториот дел од сезонта, за да не бидат издишани пак на крајот од сезонта.
Последно уредено: