Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Абе и лани имавме 15 или 16 гола дадено после 9 кола, но имавме примено 11. Чекајте малку, тежок беше распоредот, сега следуваат делумно послаби екипи. Поените се битни.
 
Фабињо мора да биде првотимец.Не знам колку време ќе паузира Хендо,ама ако продолжи да игра Фабињо како вчера мора да биде прва постава. Шаќири исто изигра екстра.
 
Предобра песна му скоцкале у пабов :D

He’s our center half, he’s our number 4
Watch him defend and we watch him score
He can pass the ball, calm as you like
He’s Virgil Van Dijk, he’s Virgil Van Dijk
 
Без разлика на резултатите (и добиените поени), годинашниов Ливерпул е светлосни години од ланскиот. Сите победи досега се на мускули, и само одбраната го одржува тимот од колапс. Цела сезона тактиката е ала Хоџсон, средината е непостоечка кога напаѓаат - пробивност 0, и сè оди по крилата а пак нападот секој натпревар како првпат да играат заедно. Заслужен срам вечерва и ако не поминат понатаму во нокаут фазата ќе биде и повеќе од заслужено. Потценување на противникот и лежерно играње ко да им е освоено сè, едноставно е недозволиво на ваква сцена. Се надевам ќе им биде шамар и ќе ги разбуди ко поразот од Тотенхем лани.

П.С. Од првото полувреме: :rolleyes:

Passing accuracy:
Trent - 58%
Lallana - 59%
Robertson - 68%
Milner - 71%
Virgil - 72%
Matip - 75%

Dispossessed:
Lallana 2
Mane 1
Salah 1
 
Последно уредено:
nemate dostojna zamena za kutinjo koj do lani ja drzase sredinata na liverpul.

Само што Кутињо не играше средина во Ливерпул, односно играше на местото на Мане - лево во тројката во нападот, инаку да во право до некаде односно фали неговата креативност во нападот.
 
Никој не фали кога сите се со мислите дека пред време натпреварот е победен. Мизерија од пристап.
 
Само што Кутињо не играше средина во Ливерпул, односно играше на местото на Мане - лево во тројката во нападот, инаку да во право до некаде односно фали неговата креативност во нападот.
Зар не играше Кутињо доста пати и во средина, посебно минатата сезона? Мене така ми е останато во сњќавање, може и грешам.
 
Зар не играше Кутињо доста пати и во средина, посебно минатата сезона? Мене така ми е останато во сњќавање, може и грешам.

Во право си, играше во средина, поповлечен дури на 6ка што се вика, организираше напад. Играше на место на Мане у време на Роџерс (ако може така некако да се каже).
 
Зар не играше Кутињо доста пати и во средина, посебно минатата сезона? Мене така ми е останато во сњќавање, може и грешам.

Напротив, Кутињо играше повеќе лево односно на местото на Мане отколку во средина, бидејќи Мане доби црвен и 3 меча бан на натпреварот со Сити (ова за во лигата, во ЛШ играа со Кутињо поповлечено) а потоа имаше и повреда што му одзеде уште 4-5 натпревари па еден краток период седеше и на клупа бидејќи не беше во најдобра форма после повредата.
 
Баш проверив, минатата сезона 9 натпревари како крило и 11 во средина.

Како и да е, според мене фали во Ливерпул еден таков креативец во средина, затоа што моменталната средина е составена од големи работници кои ќе трчаат напред-назад 90 минути, ама немаат баш некоја посебна креативност во нозете. А тоа значи дека доста зависат од тројцата напред за голови, затоа што во средина нема некој кој сам може да искреира нешто. Тешко е тројцата напаѓачи да се цело време во форма како што беше случајот лани.
 
Заеби формација на резултати.цом, под Роџерс при крај на негово време во Ливерпул (полусезона пред да го кикнат) до крај на негова кариера во Ливерпул играше претежно како играч кој организира игра, дали 10ка, дали 8ца. По потреба и доколку имаше простор или пак требаше некој да „пенетрира“, нормално дека тој го праеше тоа ама далеку од крилна позиција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom