Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Па не мислам дека ќе имаат идеологија ќе бидат поврзани само заради името за почеток.

Инаку типични претставници, гласачи, поддржувачи, симпатизери на таа партија, кои би можеле да бидат, значи не дека тие се, туку би можеле да бидат, изразено преку членови на кајгана се @jamajka, @TITTANIK, @Ne_sum_ja, @F.E.A.R., @Ska Maniac.

Многу различни карактери, на кои ќе му се бендиса чистење на нашево општество и враќање на правилниот пат кој и да е тој.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Мене ми изгледа дека е жртвено јагне Сашо колку да го тргнат неговото име од партијата а тој мирно да си се повлечи во позадина. Не ми се верува дека ќе избркаат човек кој има влијание на 100 000 членови од партијата кои го гледаа мање више како бог последните 10 години и му бацуваат рака за државната работа која им ја дале. Многу тежи Мијалков за вака да се откажат од него.
Сашо е многу повеќе од пари, еве до пред некој месец имаше еден со ник Име Презиме кој што одвај чекаше да се активирал Мијалков пак за да прави партал ВМРО :pos:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.000
Поени од реакции
51.174
Аха, да, нема проблем, сигурно е колку само да се рече. Можеше да се потрудиш да смислиш подобар изговор или едноставно да кажеш дека лупна.

Многу ми е интересен и смешен моментот кај тебе што после секој настан се јавуваш со коментар како сѐ тоа ти одамна си го проѕрел, а овие другиве се глупи и наивни.
И ти си интересен во улога на форумски Миле Бошњаковски, секогаш со линкче и мудра досетка, ама не е тоа муабетот.
Знам дека Тодоров ви е новооткриен херој , ама стварно размисли каде стаса работава од времето кога го клеветевте за тамара, до сега кога ви е визионер, спремен и да легне за европската иднина на Македонија иако на врат му виси предмет за кој никој не чул и прашање е дали уопште се тера.

Типичен Итар Пејо од пред гранап. Треба да стојат насоки на форумов за другите членови пред да ги читаат твоите постови, пример да клечат на гајба и тивко до нив да им свири Зона М1 радио.
Ти беше тој фанот на хуморот на фчерашни новости , така. И ти, како таков мислиш дека треба да се потсмеваш на кооперација-фраери со вегета и нарезак, патем, фора стара од времето на стајтон моџо.мк, олабави ја, сите ја знаеме веќе.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Кај е бе Солза Грчева и оние пензионерите што го славеа пропаднатиот референдум?:pos:...душички,сега кога ќе вметнат двојазичност(од 2008) и уште триста други работи во уставот ќе има колективно плачење по телевизии и липање солзи како никогаш досега..хехехе.

Филип Петровски што си ја продаде родената мајка за Бугарски пасош стана главен патриот во државата :pos:..и има дпмневски сендвичи што му се восхитуваат..а да ги видат снимките од 2011 што изјавуваше против Грујо ќе стани уште посмешно
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.381
Поени од реакции
8.990
Сашо Мијалков исклучен од ВМРО-ДПМНЕ?

хубаво кажа лани Катица, дечкото е со средна имотна состојба:cool:
Ете и овој предвидел дека Сашо Мијалков нешто се договорил што ќе се рефлектира дури по една година.

Па ти и Итар Пејо треба во подфорум Мистерии во темата Гатања и видовидост да пишувате....
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.775
Поени од реакции
9.579
Не викам јас никаде дека Мијалков не се испазарил.

Јас само имам еден милион прашања како Мицкоски планира да ја одведе партијата во иднина. Од практична природа, ресурси, кадар, конекции, односи, коалициски потенцијал, потенцијал за привлекување луѓе, потенцијал за привлекување пари и елита. Ама тие прашања се за некое друго време и некое друго место.

Зошто за да се ребрендира, прво треба жив (политички, секако) да стигне до таа иднина.
Ќе ме извиниш што не ти реплицирав синоќа.

На тие милион прашања ќе го знаеме одговорот во наредниот период. Можам само да прокоментирам за финансиските ресурси од тоа што го следам изминатиов период. За ресурси сите партии си обезбедија финансии со законот за финансирање на партии на иницијатива на Мицкоски во лидерските средби. Човекот увидел дека помошта која ја добива партијата од Јанчев истиот ќе се обиде да ја рефлектира со некаков негов интерес. И не случајно Јанчев е таргетот на власта и меѓународната заедница (низ периодов Јанчев оствари многу средби во неговата општина што е несвојствено за градноачалник за толку краток период) и баш тој во овој период оди со сосема спротивни ставови од симпатизерите, членството и за крај раководството. Поради тоа зависноста од Јанчев ја елиминираа во поглед на финансиите и затоа многу лесно расчистија со него.

А за ребрендирањето на партијата и тоа како е потребно. Со чистење на ликот на Мијалков и неговото идно идентификување со партијата и тоа како ќе помогне кон тоа.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Си поминал накај РЕК последново време да видиш чии камиони вртат?
Си поминал по општините да видиш какви дебили се ново вработените и општинските тендери какви фирми ги земаат?
Е затоа овој народ не заслужува да има држава, додека се делите тука и едните и другите и се пцуете по партии, овие маме и ебаа на државата, еве вчера долгови им опростува уште на градоначалниците, е не така, треба да ги собере на купче и секој да отпее каде се парите кои ги должи со детален отчет до денар, еден денар да отишол погрешно јавно да го тргне од функција.
Ама не се криви тие, во нормална држава цел народ ќе беше на улица против било која власт, кај нас народ на улица се собра само кога организираа од надвор за да се смени гвујо и кога ќе има сендвич од партија за на митинг.
Ќе плачиш после како ти го појачале данокот и како мора да се коцкаш надвор од мкд, како ти ги поскапеле сметките...ама ако малку ни е и тоа, само камшикот за овој народ.
:place:
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Spored komentarive gajle im e na lugjevo za imeto...pobiteno sto Micko se skaral so Cicko i Ricko.
Кога земаат сите колективно Бугарски пасоши и земаат слободни деној од работа за да се тормозат до Софија тогаш не му е гаље за името?..по коментарите на темата имам впечаток како во Тунгузија да живеете..пола држава се истепа за тие пасоши и се продадоа сосе партали каде огромен дел од нив се членови на Дпмне и јаки функционери на истата секташка партија па сега треба да се чудиме зошто на луѓето ми било гаље за името?..луѓето треба да протестираат за реални проблеми како што се плати,струја,нафта,вода,инфраструктура,чист воздух(секоја чест за Аеродромците)..а не за имиња,јазици и глупости..како небаре нешто ќе ви смени во животот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Spored komentarive gajle im e na lugjevo za imeto...pobiteno sto Micko se skaral so Cicko i Ricko.
Yeah, business as usual

Ти барем си знаеш од почеток на што си, овие за еден викенд заборавија на име и сега јово на ново, величење на нови дечки плукање по старите :pos:

Но, за едно мора да му се оддаде признание, барем си ја завршија борбата сношти до 12 часот. Сега со мирна совест можат да си го слават 23 Октомври денеска
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.784
Поени од реакции
17.011
Spored komentarive gajle im e na lugjevo za imeto...pobiteno sto Micko se skaral so Cicko i Ricko.
кога се реореганизираше Вмро 2001/2002, Љубчо на кој предходно сдсм*овските новинари а и политичари
( Шеќеринска) 24/7 му трубеа дека за ОКТА ќе лежи, формира фракција и дури стана коалиционер со сдсм... тоа ОКТА се заборави иако Македонија плати дебели пенали и на мамидакис и на хеленик а на крај и на Макпетрол:cool:
... можно е сега да се спрема такво сценарио, ете симптоматично е почнаа да вадат детали колку скапи коли купувала локална самоуправа , по 80,000 евра една, а државата им ги покрива долговите наместо ОЈО да гони за набавка на непотребно скапи коли....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom