Можеби тие не се во пазарот за помилување и нема потреба да се исклучат бидејќи и никогаш веќе нема да се активни во партијата. Во секој случај мислам дека со помилување сега само СДСМ би изгубил рејтинг. Е сега знаеме дека и без поддршка на ЕУ и САД е скоро и невозможно да се дојде на власт освен ако се надеваат на изборите во ЕУ на пролет. Ако по некоја случајност завладеат Унгарија, Полска, Чешка (и по десните партии во Германија, Франција и Италија) тогаш имаат реални шанси за пресврт иначе нема други шанси.
Добри ти се поентите за вишеградската група и губењето поени доколку има помилување.
Заборави да додадеш дека секој потег на сдс сега ќе биде губење поени во добробит на левица и вмро. Вмро се ослободи од теретот на корупција и му даде одврзани раце на сдс да менува устав.
Сега секое поскапување, секое понижување, секој скандал ќе се поврзува со сдс, во моментот вмро, ќе е пасивно. Добра игра, политички, но за националните интереси катастрофа.
Очекувам инфлација, задолжување, кантонизација, двојазичност, промена на име, и за се ќе е криво сдс, вмро кобајаги се бори, ама толку може, затоа што граѓаните дадоа легитимитет на сдс, овие што се 8, ќе го примат за сите, ако дадат оставки, ќе куртулат, ако не нека се спремаат за притисок од сдс да гласаат а од граѓаните на секој чекор.
Овие година две се клучни, со сменето име, со скинати гаќи, ќе се јадат корења