Па не дека Мијалков и Тодоров било кога ќе беа повторно политички активни. Чуден и половичен потег, во секој случај.
Сериозно мислиш дека Унгарија, Полска и Чешка ќе владеат со ЕУ пред Германија, Франција, Холандија, Италија? Може да добијат повеќе на значење, и се тоа. Може и да повлечат политички промени внатре во општествата на големиве, радикализација и слично. Ама владеат е претежок збор.
Не викам јас никаде дека Мијалков не се испазарил.
Јас само имам еден милион прашања како Мицкоски планира да ја одведе партијата во иднина. Од практична природа, ресурси, кадар, конекции, односи, коалициски потенцијал, потенцијал за привлекување луѓе, потенцијал за привлекување пари и елита. Ама тие прашања се за некое друго време и некое друго место.
Зошто за да се ребрендира, прво треба жив (политички, секако) да стигне до таа иднина.