MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Almeida,Тебе не ти е јасна, а на М'ќи му е јасна ко ноемвриска магла у Лисиче.
тебе ништо не ти е јасно па затоа не ти е тешко да живееш...[DOUBLEPOST=1539557689][/DOUBLEPOST]
Не ми се познати процедурите, според Каноните од Црквата, но ќе се повикам на една изјава на нашиот Архиепископ Г.Г. Стефан, кој на ТВ, во една прилика постави реторичко прашање: „Кој е центарот кој дава автокефалност на Црквите„?Па не ми е баш јасна таа црковна процедура околу давање на автокефален статус, кој решава за тоа, гласаат ли сите цркви, треба консензус или мнозинство од гласови, на каков собир тоа се прави, дали може некоја црква да добие автокефалност иако некоја друга се противи на тоа? Еве сега украинската црква како ке добие автокефалност ако на тоа се противи Руската црква? Не ми се јасни тие процедури па ако не ти е тешко добро би било да ги подобјасниш а исто така ме интересира и која е нашата шанса, на што се надеваме, како ни се олеснуваат процедурите со тоа што побаравме БПЦ да ни биде мајка црква, што добивме со тоа, некако застана целата таа работа...?
Според редот од нештата, кога една постоечка Црква, во нејзината полнота, формира друга помесна Црква, кај друг народ и на друга територија, Црквата-мајка да „држи„ новосоздадената Црква се‘ до моменот која новоформираната ќе биде доволно стабилна, за да стекне самостојност на одреден степен (автонономност, патријаршија, архиепископија...). На пример, финската, јапонската и кинеската Црква се под надлежност од руската Црква и наведените Цркви, бидејќи се релативно нови (цца 150г и помалку....), немаат свој степен на самостојност.
МПЦ-ОА за себе вели дека не е новоформирана, туку возобновена Охридска Архиепископија, што значи дека МПЦ нема потреба од нечие признавање. Другите помесни Цркви многу добро го знаат тоа (во МПЦ доаѓаат свештеници од другите помесни Цркви...), но чисто ради мир у куќа, не се впуштаат во „признавање„ на МПЦ, за да не си го „накршат„ односот со српската Црква, која е повлијателна од македонската.
Барањето од МПЦ-ОА до бугарската Црква за посредување под фирмата „мајка-Црква„, не со сметам се среќна одлука, што и се виде „на терен„. имајќи во предвид дека бугарската Црква е руски „производ„ и не може да одлучува сама, без влијание и без конечна одлука од руската Црква.
Не мислам дека МПЦ-ОА треба да бара документирано признавање (томос) од било која Црква, понајмалку од Цариградската патријаршија, чиј епискот тежнеење кон папска улога во однос на православието. За мене лично, сосема е доволно што македонците имаат своја помесна Црква и се‘ додека во МПЦ-ОА делуваат молитвите и Светите Тајни, сосема сум спокоен и не ми треба нечие „признавање„.
Последно уредено: