Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Продуховен или просветлен значи свесен за својата суштина, за духот кој што е еден и го чини заедничкото Јас на сите луѓе. Колку е една личност попродуховена дотолку е подобра и полна со разбирање и сочувствување кон секого. На пример продуховената личност го мрази злото но не и грешникот, но ако треба секако ќе го удри и спречи во злото. Така некако, ако можеш да си замислиш некој пример од филм да речеме чисто за илустрација. Од реалниот живот на пример духовен водач ко Махатма Ганди или учител ко Шри Чинмој...
Не знам, мене сето тоа ми звучи како празни зборови. Просветлен, продуховен, суштина, заедничко јас, ветар на магла.

Разбирам јас за сочуство, ама тоа не е продуховеност, тоа е психолошка категорија која има еволуциско објаснување. Ова другото е се од шупливо во празно.
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Духовноста и не се сфаќа рационално туку мора лично да се доживее, како што на пример не е можно човек да го знае вкусот на некое овошје што не го пробал според зборовите на некој што го пробал, туку треба сам да го проба. Но во поглед на духовноста, кој тоа навистина сака привидната сила на егото да ја замени со привидната слабост на душата?

Една зен приказна.
За време на граѓанските војни во феудална Јапонија, напаѓачките армии брзо влегувале во градовите и ја превземале контролата. Во едно село, сите избегале пред да пристигне армијата – сите освен некој зен учител. Љубопитен за стариот човек, генералот на армијата пошол во храмот да се увери лично што човек е тој учителот. Кога не добил почести и поклонување како што навикнал да добива, генералот збеснал. „Будало,“ викнал и посегнал по својот меч, „не сфаќаш дека стоиш пред човек кој што може да те пресече на половина без око да му трепне!“ Но и покрај заканата, учителот изгледал смирено. „А ти дали сфаќаш,“ одговорил смирено, „дека стоиш пред човек кој што може да биде пресечен на половина без око да му трепне?“

Учителот не е само храбар туку повеќе од тоа, тој е просветлен и e свесен за заедничката суштина. Тој во генералот се гледа себеси. Гледа едно свое јас изгубено во незнаењето, привидната надмоќ и надменост. Духовноста е многу над емпатијата и сочувствувањето, таа е едноставно се'.

https://forum.kajgana.com/threads/Поука-на-денот.19597/page-134#post-8461075 :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Токму поради ова верата или верувањето се спротивни на духовноста, бидејќи го елиминираат личното искуство и го заменуваат со слепо прифаќање на некое туѓо сведоштво или тврдење.
Верникот не го ,,знае вкусот на овошјето" тој не го пробал лично, туку верува на сведоштвата и тврдењата на другите за тоа што е каков е вкусот.
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Можеби верниците мислат дека доживеале еден вид на иницијација а со самото тоа и просветлување читајќи или слушајќи одредени работи за својата религија. Според некои источни јогини и мистици, некои луѓе може да се просветлат во рок од 3 секунди само со сила на волјата, без јога и медитативни вежби, а за тоа се способни многу мал број на луѓе.
:) Не знам... Христијанството како религија или филозофски правец добро ми звучи, но во црквата и нејзините обичаи не сум се пронашол.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Христијанството како религија или филозофски правец добро ми звучи, но во црквата и нејзините обичаи не сум се пронашол.
Не сум сигурен што подразбираш под христијански обичаи, но знам дека ритуалите, иако се спознајни, како форма, за тебе и твојата свесност, сепак суштински не оперираат световно. Конкретно по дискусијава, сакам да кажам дека не им е функцијата ти да се пронајдеш себе си во нив, со овој инкарнатски ум.
Уште (ептен) поупростено, би рекол, дека суштината на плетењето џемпер, или лупењето пиперки не е ти да се пронајдеш таму.[DOUBLEPOST=1533322288][/DOUBLEPOST]
Можеби верниците мислат дека доживеале еден вид на иницијација а со самото тоа и просветлување читајќи или слушајќи одредени работи за својата религија..
Во христијанството, сигурно, паралела на езотеријска иницијација, е Светото Крштение. Не со читање или слушање. Мора да има ритуал. Строго определен, со секој свој дел, функционален.
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Да, само сакав да кажам дека на пример кога бев еднаш на литургија ме фати сафра. Кога му реков за тоа на еден човек кој што е по тие ритуали, ми рече дека и него некогаш не му се оди на лутургија, и дека најверојатно ѓаволот го тера да не оди. Да не сакаше мене нешто да ми стави до знаење? :)

Јас сакав традиционално да се крстам во водите на Треска со загњурување, ама требаше да чекам за тоа, па го направив во црква. На почетокот се осеќав ко озарен од некаква светлина и пријатно чувство. Дали иницијација или само пласибо ефект?
 
Член од
18 ноември 2017
Мислења
26
Поени од реакции
0
Како да побарам духовник,односно духовен отец?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како да побарам духовник,односно духовен отец?
Наједонставно е да тркнеш до парохиската/локалната црква и да увидиш како делуваат свештениците од наведениот црковен објект.

Свештенството кое е ревносно и кое точно си го знае својот професионалн повик, веќе има свои духовни чеда, со кои е во редовен муабет, особено после завршетокот од празничните или неделните Богослужби во нивните црковни храмови.

Просто кажано, свештениците кои околу себе собираат верници за духовни поуки и разговори, ја исполнуваат онаа Христовата: „...Кој не собира со Мене, тој растура...„.

Меѓу таквите свештеници, кои собираат и поучуваат, сигурно ќе најдеш и духовник...
 
Vo mojov slucaj toa e soborniot hram. neznam dali e pravilno da se bara duhovnik od druga crkva od drugo lokalno mesto.Neznam kako da pristapam I da pobaram vakvo nesto (n)
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Што мислите за одлуката на Бартоломеј да ја признае Украинската црква? Поточно што би значело ова за МПЦ?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.962
Поени од реакции
3.678
Што мислите за одлуката на Бартоломеј да ја признае Украинската црква? Поточно што би значело ова за МПЦ?
Мислам дека е крајно време сите цркви кои бараат автокафалност да им се даде. Така би се постигнало поголемо еднинство во православниот свет, така православието ке биде многу посилно и поотпорно. Секоја држава нека си има и автокефална црква. Ова со укараина е логичен чекор и добар чекор но се плашам дека истото нема да биде направено и за нас, дека пак ке биде за калимеро неправда. Вселенскиот патријарх е со Грчко потекло и мислам дека за жал има изразито негативен став околу признавањето на нашата афтокефалност.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мислам дека е крајно време сите цркви кои бараат автокафалност да им се даде. Така би се постигнало поголемо еднинство во православниот свет, така православието ке биде многу посилно и поотпорно. Секоја држава нека си има и автокефална црква. Ова со укараина е логичен чекор и добар чекор но се плашам дека истото нема да биде направено и за нас, дека пак ке биде за калимеро неправда. Вселенскиот патријарх е со Грчко потекло и мислам дека за жал има изразито негативен став околу признавањето на нашата афтокефалност.
Не само што вселенскиот патријарх е грк, туку е и познат по своите блискости со Папите па и по својот екуменизам, така да од него нема што поседно да се очекува во однос на МПЦ-ОА, но за другите помесни Цркви може да направи беља.

Патем кажано, кој вели дека Фанар е фактор кој на некоја помесна Црква, која сака автокефалност, треба да и‘ ја додели?

Цариградската патријаршија, која има едвај 300 верници во цел Истанбул, не е никаков фактор, туку само почесна Црква, по традиција, а не реална моќ на терен.
 
Па не ми е баш јасна таа црковна процедура околу давање на автокефален статус, кој решава за тоа, гласаат ли сите цркви, треба консензус или мнозинство од гласови, на каков собир тоа се прави, дали може некоја црква да добие автокефалност иако некоја друга се противи на тоа? Еве сега украинската црква како ке добие автокефалност ако на тоа се противи Руската црква? Не ми се јасни тие процедури па ако не ти е тешко добро би било да ги подобјасниш а исто така ме интересира и која е нашата шанса, на што се надеваме, како ни се олеснуваат процедурите со тоа што побаравме БПЦ да ни биде мајка црква, што добивме со тоа, некако застана целата таа работа...?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Тебе не ти е јасна, а на М'ќи му е јасна ко ноемвриска магла у Лисиче.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom