Каде по добар купечки ајвар и лутеница?

  • Креатор на темата Креатор на темата valvoline
  • Време на започнување Време на започнување
Од Стокомак ајварот е на Хина производство, затоа ти се допаѓаат двата.

Од Стокомак пикантниот ми е подобар, благиот е многу водест.
Подобар е Хина, истата фирма го прави, али не е ист вкусот, ги пробав и двата и дефинитивно Хина е подобар, е сега и поскап е за 60тина денари.
Во Кам исто зедов, не е лош, али не е ни нешто wow.
 
Најдобар е тој од Хина, дефинитивно. Скоро и да нема разлика од домашниот ајвар што го јадам цел живот, тек годинава на купечки ме пребација.

Тој од Стокомак се израдував дека е истиот, не е.
Тој од Кам на Sunny fantasy е ужас. Ко обожавател на ајвар, поарно е ова да не го јадеш отколку да го јадеш.
 
Многу голема и тешка работа е дома да направиш ајвар. Сега барем има и машина за бркање и ви се намалува работата за 5 саати. И да немаш не е којзнае каква филозофија и инвестиција за да ја направите сами.

Стварно не знам како може да ви се допаѓа тој купечкиот или не бирате што јадете, само друг да го прави.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Ако имаш некој пензионер дома и не е тешка работа, полека полека ќе го направи, ако си зафатен и имаш обврски зијан ќе испаднеш. 40 денари се во моментов пиперките, најефтино што сретнав околу 30 денари мешани и прва и втора класа, е сега стави во математиката и дневница на тој што го прави (а за една фамилија ќе прави 2 денови, плус пиперките што ќе ги купиш) и ќе ти испадне над 150 денари тегла и гратис маката.
Не дека не е поквалитетен, али ретко кој има време за да прави, а и услови ако живее во стан.
 
Цената отприлика е тука некаде, ама домашниот си вреди за маката. Знам дека некои еве немаат време, ама тие што имаат и време и место дремат по социјалните мрежи и немале за ова, немале за она.
Се собира цела фамилија петок/сабота навечер за печење и лупење и сабота/недела цел ден се пржи ајварот.
Не знам што е тоа толку тешко кога еве јас додека немав своја фамилија цела зимница правев сам со мајка ми и тогаш живеев со стан.
 
Секој со своја математика, лично не трошам ни 10 тегли во целата година и уште толку трошат моите, до лани правевме строго дома, некогаш ќе се погоди, некогаш не, некогаш ќе земеш пиперки кои немаат ни вкус ни ништо, некогаш ќе бидат полни вода и што уште не, оваа година намерно зедов 3 различни типови за да тестирам кој ќе ми се допадне најмногу и од тој ќе земам поголема количина. Од досегашните Хина ми остави најдобар впечаток, има најблизок вкус до домашниот ајвар.
 
го фалат тој од Рамстор што е на акција
 
Домаќинки не рипајте знаеме дека правите и ајвар и кифлички и све по дома, темата е сосема на место за ликови кои не можат да се замараат со праење ајвар и слично, или некој како мене што јаде две тегли по сезона. И сега може ли да се заклучи дека - ако не ја земеме цената во обзир, Мамас е најдобар ајвар кој може да се најде на нашиот пазар?
 
малку оф топик, ама пошто ајварот е референдумски а и ти пишуваш некоја ТЕЗА:
Во Југославија бевме малцинство, а не ебеше мнозинството...Во Македонија сме мнозинство, а не ебе малцинството...

Вронг, во Југославија исто така не ебеше малцинството... знам деца се прикажуваа албанци, роми, срби, поради привилегирани квоти при упис на средномедицинско
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom