Ако ти е главна цел да топиш, пробај 8х8 3 пати неделно и плус пливањето, само немој голем калориски дефицит бидејќи ќе изгубиш и мускул. Пливањето ти е одлично во комбинација со теретана, ако имаш услови да одиш нема да погрешиш!
Иако мислам дека најдобро е да тераш неколку месеци со калориски суфицит и да качиш малку мускулна маса, па да се исчистиш за на лето, али што е можно почист балк со околу 300ккал калориски суфицит.[DOUBLEPOST=1536874928][/DOUBLEPOST]
На колку проценти телесни масти имаш рака од 42цм (и дали на напумпана после тренинг или слободна кога не вежбаш) и на колку проценти сакаш да ја имаш 45цм?
Груба математика, за да зголемиш околу 2цм на раката мускул ти треба да ставиш околу 4-5кг мускул на цело тело варира од генетиката некој ќе стави повеќе во раката, некој помалку, но не зборувам за бруто тежина туку мускул, за тоа природно ти се малку и 2 години, ете ако си почетник може и ќе успееш во толкав временски период.[DOUBLEPOST=1536874994][/DOUBLEPOST]
и ќе изгледа како орка од wow, вежбајте за симетрија тоа е убавината на бодибилдингот, а не да имате една супериорна мускулна група, а останатите тиња.