Ова го имало буквално секаде каде е спроведена револуција од овој тип или од било кој друг. Се работи за човечка борба, лична - опортунизам, кој оди до крајни граници. Мој впечаток е 99% од луѓето воопшто ниту ги разбираат идеологиите, ниту религиите - едноставно ги води стравот дека ќе ги отфрли средината, дека ќе пропаднат или ако се способни ќе играат да се наметнат во средината.
Пак ќе кажам, не го оправдувам насилството, тоа се игри, интриги, примамлива шанса што еднаш или никогаш во живот не ти се јавува. Тоа шо продужил Сталин да го праи, веќе е во рамки на психопатологија и не е тема овде. Мене само ме љути што секогаш комунистичката идеја се поистоветува со него или со други тоталитарци кои имаат левичарска ориентација, а е дел од капиталистичката прозападна пропаганда.
Фотељата - тоа е тоа....контекстот, мислев на геостратешките позиции на државата, нејзината огромна големина, распространетост, односи со другите држави и културолошкото ниво на народот у кое влегува и ова IQ за кое збориш. Многу слична ситуација е и со младо-турската револуција во Турција - 100 милиони (шпекулирам со цифрава), шо јаваат коњ по калдрма, се изживљаваат врз пола Европа и цел близок исток - треба да им докажеш дека каснат 10 векови у однос на остаток од светот и дека сака да ги ебе секој и од внатре и од надвор - прво и основно имаш укоренети елити со сомнително стекнат имот кои се спремни во моментот да си плаќаат за борбата за сопствен опстанок, за разлика од голтарите шо мора со пушка да одат у шума и да исправаат идеологии - тоа е предноста на капитализмот. Америка има создадено толку моќна корпоративна бизнис елита која може да си плаќа војни во странство и полициска репресија и медиумска пропаганда за мир дома. Перфидноста оди до таму што овие имиња (не дека не се познати), ама си држат некој low profile и не се директно политички експонирани - си имаат свои претставници. Во овој дел од светот, ете што е пример и со овој султанов - мора да знаеш кој е главен во државата, по име и по презиме и да му палиш кандило секој ден по вести.
Не сум сигурен околу ова. Теорија е. Не ја познавам многу внатрешната политика на Холандија. Сум патувал таму, ама не можам да навлезам или не ме интересирало. Штом имаш народ што е релативно задоволен и не дава форми на потежок отпор, како штрајкови и протести - веројатно е функционална, а и многу малку вести од таму добиваме реално.
Сепак тебе ти треба често и помалку од пола народ за да владееш со држава. Еве кај нас на избори искача 50-60% од население, што значи дека скоро пола не ни одлучуваат. Често и тие што не гласаат и се со надпросечниот IQ на државата.
Украина е посебна приказна....многу специфична.
За блискиот исток и арапскиот свет генерално имам став дека си се робови на сопствната игнорантност и неинтелигенција. Турција географски може не припаѓа таму, ама и таа е на тој пат, со тоа што од арапите не се прифатени (ова со Катар е моментално фолирање). Британското сплеткарење кај саудијците го има достигнато врвот. Не знам дали има тема на форумов, ама тоа е една посебна приказна за анализирање - 30 милиони народ држен во притвор, експеримент - ако ти кажам дека познавам луѓе што се сериозно посветени муслимани, кои престојот таму ми го опишувале како пекол во секоја смисла. Од друга страна, како што викаш, одат да праат баханалии во Емиратите на сред пост и тоа е работа за која сите се свесни и ја знаат, ама толку имаат од памет и муда.
Вестите од блискиот исток се тенденциозно филтрирани и намерно ништо не се јавува. По потреба фрчи Сирија во последно време, додека масакрот што го праи Израел, војната во Јемен - тоа никој не го ни спомнува - и таму Иран и СА си играат „САД и СССР“ преку proxy војна. Инаку, изборот да се промовираат саудијците во регионална сила е направен по исламската револуција во Иран, која е сериозна држава со милениумска традиција, за разлика од пустинската спрдачина у која едно племе камилари се изживљава врз неколку други. Идејата за вахабизмот и слични фундаменталистички учења се британски, за да се направи контра-тег на Иран, кој им го сврте грбот.
Тоа што не постои СССР, а тоа што е Русија, не значи дека врските со тие сателити се базира на секуларност или идеолошки поврзана матрица - тоа се бизнис релации. Фамилијата на Хафез, татко му на менталниов, си одржувала врски со СССР и овој само продолжува да го тера бизнисот, наместо да ризикува да мењава страна со западнине мешетари. Асад се држи многу јако, што е интересно (прееска пишав еден пост, ама го избришав) - мислам дека на ердо ова му дава надеж и затоа одеше на бацигаз кај Путин, после срушениот авион и мртвиот руски пилот. Веројатно во случај на интервенција внатре во Турција, очекува помош како таа што ја добива Асад, ако не и поголема.
Моја прогноза е дека јенките се повеќе фокусирани на иранските нафти кои со исламската револуција и Хомеини им беа земени на БП (чие поранешно име е нешто британско-персиска нафтена компанија) и сакаат да си ги вратат назад, а ердо ваљда ќе го чекаат да умре и ќе го пецкаат малку по малку до тогаш - се надевам, пошо посериозен хаос кај него - ние овде отидовме јабана.