Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.552
Лордот пробува своите најдлабоки чувства да ги скрие со хумор. Типичен дефанзивен механизам. Сигурно длабоко во себе сака да биде третиран дрско од некој бел, хетеросексуален диктатор. Еднаш го начекав како лајка видео од Џордан Питерсон на јутуб, а тука го сере цело време.

Такви апстракции се на високо ниво, може да се изостават многу фактори.
Ништо не те разбирам, ок ајде пак духовитост, нека биде така, нема бегање изгледа, кој е Џордан Питерсон?
Ок да не биде да не бројам својот коњ, не е само до Лорд Драгон, на секого па и на мене ми се случува да сакам да бидам духовит понекогаш, без особен успех нажалост :)

Не се изговара, а?
Ленин и ко. задушувале востанија на тие автентичните левичарски движења (некои им биле другарчиња) додека Сталин и сличните му ебавале матер ради чист мерак и параноја.

Муабетот ми е, лоши примери (споредба).
Заедничко е само насилството, кое не го оправдувам.
Не бе, ако не ми веруваш мене, еве го и Жо Дасен со хит песна за Боно, па види дали се изговара. Само не знам од каде улета сега франкофонскиот Џон Дилинџер во муабетов, имаше еден филм за него, не ми текнува дали со Белмондо или Делон или некој од тие типци.

https://www.youtube.com/watch?v=dZuaamJ8w58

Ама не може така, пази Кронштат што се дешава, баш системот на избрани совети кои го ветиле а за што се бореле морнариве го сјебал Ленин па го ангажирал Троцки и оној со брковите моронот, бранови и бранови пешадија напаѓале на најзаслужните за црвени Октобар, и пази, све што заробиле стрелале по шуми околу Петроград, вклучително и морнари од симболичната Аурора.
Значи класична консолидација на власт каде што ветувањата од пред револуцијата бидуваат заборавени чим се седне на удобните фотељи во Кремљ.
И тоа, зашто бре баш во Кремљ, па нели рабоче-крестјанскоје движеније, од каде сега задниците веднаш во Кремљ, удобниот физички симбол на гнасните монархисти, буржоази и клерикалци?
Ништо не го пере Ленин, Драгоне :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не знам како замишљате дека се шири целосно нова идеологија, која во срж ја сече воспоставената, а да не се пролие крв. Во земја од 100 милиони луѓе, од кои у тоа време веројатно 90 биле неписмени. Не го оправдувам као начин на решавање на работи, посебно од иста идеолошка страна, ама не може да се занемари контекстот.
Во врска со муслиманските земји. Секуларниот концепт колку и да се инсистира на него, пак тој не допира до задња вукојебина у државата, барем не суштински. На пример, секуларниот режим на Асад стариот и француското владеење по истерувањето на османлиите од Сирија, допреле до оној дел од населението што е градски и претежно што е со христијанска позадина во потеклото - ги има како малцинство. Све другото е типично затуцано, нема воопшто свест за принцип на избор за било што - се им е дадено од ала, све им е однапред одредено. Нека проба некој без сила да шири либерална мисла у такви држави, да видиме до каде ќе догура. Турција е типичен пример за ова...ќе ги боли глава после некое време, ама сами ќе си бидат криви.
Инаку, на јенките измислени им се ликови како владетелите у заливските земји и кај саудијците, дури и Катар - ако сменат страна, рокаш само една фигура и си завршил работа со цела држава. Кај нас е сличен систем, со тоа шо се две пирамиди: комуњарска и небањата...и двете глумат привиден избор, а сексот е скоро ист ко у султанатите, со тоа шо веројатно ние сме поголеми овци затоа шо мислиме дека е демократија, слобода и слични непостоечки права.
 
Да се пролева крв од довчерашни соборци кои биле најзаслужни за самата промена на системот и на свои плеќи буквално го изнеле државниот удар од Октомври 1917 и се бореле против контрашите/белите? Тие само инсистирале да се направи она кое било ветено и да нема тотална централизација на власта.
Ако прво нешто кое правиш после доаѓање на власт е да ја лееш нивната крв и да полниш јами со нив, нешто сериозно не е во ред. Кој е тука контекстот освен страв дека ќе ти бараат да исполниш она што си ветил и за кое се бореле и крвареле? Од каде страв кај Ленин? Освен дрмање на фотељата не гледам друг контекст.

Имаше некаде хипотеза дека ако просечниот IQ во една земја е под некој број, не ми текнува кој беше, тогаш функционална демократија е невозможна. Контра таа хипотеза се Русија, Украина, Кина пример кои имаат висок просечен IQ ама никогаш нема да имаат демократија како во Холандија да кажеме.

Тука беше опцијата еден стронгмен, диктатор, да преземе ствари во свои раце и да контролира племиња, како Асад сениор, Насер, Гадафи, Мосадег,Сукарно и други.
Но западот не сакаше така, повеќе им одговараа исламистички лудаци за кои сметаа дека се далеку помала опасност од социјализмот. И така 50-60 години непрестана борба против секуларизирање на земјите со доминантно исламско население и сега оф леле исламот ќе ни ја уништи западната цивилизација . Пази, го бркаат традиционалниот владател на Мека и Медина, Хашемитската династија, им даваат во замена парче земја што останало од тие договорите да владее а на нивно место инсталираат британците морбидно инцестуозни кретени кои сметаат дека лесно ќе ги контролираат и ќе си тече нафта до бескрај. Тоа ти е исто ко сеа Саудиска Арабија да инсталира во Рим свои луѓе наместо папата, тоа ниво на влијание. Кур ги болело западот за људски права ти реков ми рече, само да не биде комуњар, пошто тоа е најлошо. Е сеа Ал-Сауд ти е throwback во ран средни век ама нема гајле, нек сечат раце нозе носеви уши, нек фрлаат киселина во фаца, нек бесат хомосексуалци, нек млатат жени до смрт па лешевите да се сушат на сонце некаде, нек секоја друга религија се казнува со смрт, ама важно не се комуњари.

Не знам што да кажам, премногу време беа жителите на западот изолирани од последиците на пиздариите и погромите кои нивните политичари ги правеа, директно или индиректно по блиски и среден исток. Ако терор нападиве ги натераат да размислат малку ок, ако не, ништо, нек шмркаат кока и нек си шират шупаци во геј-оргии низ Сауди амбасадите со фејк-харам принцови од кланот кои пушат пениси и локаат за време на Рамазан, важно да не се секуларисти, СССР, Бог да го прости умре пред 26 години, не треба да се плашат повеќе, нек си закопуваат најблиски разнесени од џихадистички лудаци.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Да се пролева крв од довчерашни соборци кои биле најзаслужни за самата промена на системот и на свои плеќи буквално го изнеле државниот удар од Октомври 1917 и се бореле против контрашите/белите? Тие само инсистирале да се направи она кое било ветено и да нема тотална централизација на власта.
Ова го имало буквално секаде каде е спроведена револуција од овој тип или од било кој друг. Се работи за човечка борба, лична - опортунизам, кој оди до крајни граници. Мој впечаток е 99% од луѓето воопшто ниту ги разбираат идеологиите, ниту религиите - едноставно ги води стравот дека ќе ги отфрли средината, дека ќе пропаднат или ако се способни ќе играат да се наметнат во средината.
Пак ќе кажам, не го оправдувам насилството, тоа се игри, интриги, примамлива шанса што еднаш или никогаш во живот не ти се јавува. Тоа шо продужил Сталин да го праи, веќе е во рамки на психопатологија и не е тема овде. Мене само ме љути што секогаш комунистичката идеја се поистоветува со него или со други тоталитарци кои имаат левичарска ориентација, а е дел од капиталистичката прозападна пропаганда.

Ако прво нешто кое правиш после доаѓање на власт е да ја лееш нивната крв и да полниш јами со нив, нешто сериозно не е во ред. Кој е тука контекстот освен страв дека ќе ти бараат да исполниш она што си ветил и за кое се бореле и крвареле? Од каде страв кај Ленин? Освен дрмање на фотељата не гледам друг контекст.
Фотељата - тоа е тоа....контекстот, мислев на геостратешките позиции на државата, нејзината огромна големина, распространетост, односи со другите држави и културолошкото ниво на народот у кое влегува и ова IQ за кое збориш. Многу слична ситуација е и со младо-турската револуција во Турција - 100 милиони (шпекулирам со цифрава), шо јаваат коњ по калдрма, се изживљаваат врз пола Европа и цел близок исток - треба да им докажеш дека каснат 10 векови у однос на остаток од светот и дека сака да ги ебе секој и од внатре и од надвор - прво и основно имаш укоренети елити со сомнително стекнат имот кои се спремни во моментот да си плаќаат за борбата за сопствен опстанок, за разлика од голтарите шо мора со пушка да одат у шума и да исправаат идеологии - тоа е предноста на капитализмот. Америка има создадено толку моќна корпоративна бизнис елита која може да си плаќа војни во странство и полициска репресија и медиумска пропаганда за мир дома. Перфидноста оди до таму што овие имиња (не дека не се познати), ама си држат некој low profile и не се директно политички експонирани - си имаат свои претставници. Во овој дел од светот, ете што е пример и со овој султанов - мора да знаеш кој е главен во државата, по име и по презиме и да му палиш кандило секој ден по вести.

Имаше некаде хипотеза дека ако просечниот IQ во една земја е под некој број, не ми текнува кој беше, тогаш функционална демократија е невозможна. Контра таа хипотеза се Русија, Украина, Кина пример кои имаат висок просечен IQ ама никогаш нема да имаат демократија како во Холандија да кажеме.
Не сум сигурен околу ова. Теорија е. Не ја познавам многу внатрешната политика на Холандија. Сум патувал таму, ама не можам да навлезам или не ме интересирало. Штом имаш народ што е релативно задоволен и не дава форми на потежок отпор, како штрајкови и протести - веројатно е функционална, а и многу малку вести од таму добиваме реално.
Сепак тебе ти треба често и помалку од пола народ за да владееш со држава. Еве кај нас на избори искача 50-60% од население, што значи дека скоро пола не ни одлучуваат. Често и тие што не гласаат и се со надпросечниот IQ на државата.
Украина е посебна приказна....многу специфична.

Тука беше опцијата еден стронгмен, диктатор, да преземе ствари во свои раце и да контролира племиња, како Асад сениор, Насер, Гадафи, Мосадег,Сукарно и други.
Но западот не сакаше така, повеќе им одговараа исламистички лудаци за кои сметаа дека се далеку помала опасност од социјализмот. И така 50-60 години непрестана борба против секуларизирање на земјите со доминантно исламско население и сега оф леле исламот ќе ни ја уништи западната цивилизација . Пази, го бркаат традиционалниот владател на Мека и Медина, Хашемитската династија, им даваат во замена парче земја што останало од тие договорите да владее а на нивно место инсталираат британците морбидно инцестуозни кретени кои сметаат дека лесно ќе ги контролираат и ќе си тече нафта до бескрај. Тоа ти е исто ко сеа Саудиска Арабија да инсталира во Рим свои луѓе наместо папата, тоа ниво на влијание. Кур ги болело западот за људски права ти реков ми рече, само да не биде комуњар, пошто тоа е најлошо. Е сеа Ал-Сауд ти е throwback во ран средни век ама нема гајле, нек сечат раце нозе носеви уши, нек фрлаат киселина во фаца, нек бесат хомосексуалци, нек млатат жени до смрт па лешевите да се сушат на сонце некаде, нек секоја друга религија се казнува со смрт, ама важно не се комуњари.
За блискиот исток и арапскиот свет генерално имам став дека си се робови на сопствната игнорантност и неинтелигенција. Турција географски може не припаѓа таму, ама и таа е на тој пат, со тоа што од арапите не се прифатени (ова со Катар е моментално фолирање). Британското сплеткарење кај саудијците го има достигнато врвот. Не знам дали има тема на форумов, ама тоа е една посебна приказна за анализирање - 30 милиони народ држен во притвор, експеримент - ако ти кажам дека познавам луѓе што се сериозно посветени муслимани, кои престојот таму ми го опишувале како пекол во секоја смисла. Од друга страна, како што викаш, одат да праат баханалии во Емиратите на сред пост и тоа е работа за која сите се свесни и ја знаат, ама толку имаат од памет и муда.

Не знам што да кажам, премногу време беа жителите на западот изолирани од последиците на пиздариите и погромите кои нивните политичари ги правеа, директно или индиректно по блиски и среден исток. Ако терор нападиве ги натераат да размислат малку ок, ако не, ништо, нек шмркаат кока и нек си шират шупаци во геј-оргии низ Сауди амбасадите со фејк-харам принцови од кланот кои пушат пениси и локаат за време на Рамазан, важно да не се секуларисти, СССР, Бог да го прости умре пред 26 години, не треба да се плашат повеќе, нек си закопуваат најблиски разнесени од џихадистички лудаци.
Вестите од блискиот исток се тенденциозно филтрирани и намерно ништо не се јавува. По потреба фрчи Сирија во последно време, додека масакрот што го праи Израел, војната во Јемен - тоа никој не го ни спомнува - и таму Иран и СА си играат „САД и СССР“ преку proxy војна. Инаку, изборот да се промовираат саудијците во регионална сила е направен по исламската револуција во Иран, која е сериозна држава со милениумска традиција, за разлика од пустинската спрдачина у која едно племе камилари се изживљава врз неколку други. Идејата за вахабизмот и слични фундаменталистички учења се британски, за да се направи контра-тег на Иран, кој им го сврте грбот.
Тоа што не постои СССР, а тоа што е Русија, не значи дека врските со тие сателити се базира на секуларност или идеолошки поврзана матрица - тоа се бизнис релации. Фамилијата на Хафез, татко му на менталниов, си одржувала врски со СССР и овој само продолжува да го тера бизнисот, наместо да ризикува да мењава страна со западнине мешетари. Асад се држи многу јако, што е интересно (прееска пишав еден пост, ама го избришав) - мислам дека на ердо ова му дава надеж и затоа одеше на бацигаз кај Путин, после срушениот авион и мртвиот руски пилот. Веројатно во случај на интервенција внатре во Турција, очекува помош како таа што ја добива Асад, ако не и поголема.
Моја прогноза е дека јенките се повеќе фокусирани на иранските нафти кои со исламската револуција и Хомеини им беа земени на БП (чие поранешно име е нешто британско-персиска нафтена компанија) и сакаат да си ги вратат назад, а ердо ваљда ќе го чекаат да умре и ќе го пецкаат малку по малку до тогаш - се надевам, пошо посериозен хаос кај него - ние овде отидовме јабана.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Последниве две страни од темава ги прочитав и морамд а признаам дека вакви будалаштини одамна не сум прочитал.
Ердоган може да е се,ама во неговиот карактер преовладува една особина а тоа е љубовта кон својот народ и државата на својот народ.
Да му беше на Ердоган одржувањето на власта тој никогаш немаше да се скара со Западот и полека и во договор со нив ќе ја распарчуваше Турција,а за возврат ќе беше подржан од Запад.Тоа сценарио ние многу познато нели?Заев и Македонија се супер пример нели?
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Алмеида читајќи ги твоите последни постови сигурен сум дека ти тоа не можеш да го сватиш исто како што твојот ум никогаш нема да може да го свати делото на гемиџиите на Страшо Пинџур,Мирче Ацев......кои јго сакале повеќе својот род од својот живот.
Тоа за тебе конзумент на денешниот материјализам е надвород од твојот опсег на умот па затоа можеш да му се восхитуваш на некој Андреј Крсто Заев Груевски или Мицковски ....
Тие се и за тебе пратени да те восхитуваат.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Последниве две страни од темава ги прочитав и морамд а признаам дека вакви будалаштини одамна не сум прочитал.
Ердоган може да е се,ама во неговиот карактер преовладува една особина а тоа е љубовта кон својот народ и државата на својот народ.
Да му беше на Ердоган одржувањето на власта тој никогаш немаше да се скара со Западот и полека и во договор со нив ќе ја распарчуваше Турција,а за возврат ќе беше подржан од Запад.Тоа сценарио ние многу познато нели?Заев и Македонија се супер пример нели?
Ердоган испадна многу по силен и отколку што се мислеше. Некои политичари од САД и ЕУ можат водат да им носат на Ердоган.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Моите предци, заедно со тие шо си ги набројал, се бореле против ташаци, предци баш на тој ердоган, на чија љубов ти се восхитуваш. Имам пишана историја, слики, кажувања од роднини и горд сум на нив, а тоа по default значи дека нема да се палам на некој шо му е филм пак да враќа османлиска империја и да се посеруе од крадење у сопствената земја у која има тотална власт и укина иљадници права и слободи (од љубов ко шо викаш).
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Знаев дека не можеш да разбереш зошто умот твој не може да досегне дотаму.Мојата почит кон Ердоган оди од тоа што интересот на својот народ го стави пред личниот ,и се соочи со најсилниот противник.Љубовта кон својот народ и личната жртва се возвишени идеали.На мечкин Камен почит на нашите им одале и Турците зошто таквата несебична жртва неверојатна љубов за која си спремен да загинеш секогаш е цел на восхит.Ти и таквите тоа никогаш нема да го разберете.
 
Н

невидливио

Гостин
Последниве две страни од темава ги прочитав и морамд а признаам дека вакви будалаштини одамна не сум прочитал.
Ердоган може да е се,ама во неговиот карактер преовладува една особина а тоа е љубовта кон својот народ и државата на својот народ.
Да му беше на Ердоган одржувањето на власта тој никогаш немаше да се скара со Западот и полека и во договор со нив ќе ја распарчуваше Турција,а за возврат ќе беше подржан од Запад.Тоа сценарио ние многу познато нели?Заев и Македонија се супер пример нели?
Види вака. Кога имаш пазар, или економија во која има и малку пазар и кога ќе ја отвориш према странство што е нешто сосема нормално во 21 век за очекување е да имаш и кризи понекогаш. Еднаш на 10тина години на пример. Тоа е најнормална работа. И таа криза не ти ја прави никој намерно туку е резултат на самиот пазар.
Проблемот е како ќе одговориш на таа криза и колку си се спремил на тоа.

Неспорен факт е дека Турција со или без Ердо ќе мора да отпушти 15% вработени во државен сектор, да намали бајаги трошење и инвестиции во државно, а просечната плата од сегашни номинални 250 евра да падне на 150 евра. Како ќе го направат тоа е друго прашање али сакале нејќеле нема избор. Ако не сите приватни бизниси еден по еден ќе пропаднат во рок од неколку години и ќе мора како народ во милионски бројки да се селат надвор. И овие мерки немаат врска со западот.

Најголема љубов што денес било кој политичар према своја држава можее да ја направи е во уставот на својата држава да напише дека во време на раст на бдп нема да се земаат кредити туку ќе се ствараат залихи за црни денови. А земањето кредити и имање дефицити во време на економски раст да го направи кривично дело со драконска казна затвор. По формулата за секое 1 евро дефицит или кредит 1 година затвор.
Па така кога ќе дојде криза додека се средат работите нема да мора да отпушташ туку фино лепо ќе правиш краткотрајна антициклична политика со инвестиции и намалени даноци. Од залихите. Без земање кредити. За да не ти пропаднат фирмите додека се средат работите. И нема никој да ти може ништо и нема да треба ниеден политичар да држи говори. И никој нема да треба да се сели надвор.
А не зетот да си го туриш министер за пари...На пример.

Всушност најголема трагедија на на држави во развој се разно разните деспоти кои изникнуваат баш со кредити. И ги трошат на глупости како на пример споменици, иновации ама вработуваат краткотрајно раја. А после коа дојде време за реалност и враќање на кредитите удри на национализам да не примети рајата дека е посиромашна него на почетокот. Измисли противник ако го нема. Тоа не е љубов.[DOUBLEPOST=1535415262][/DOUBLEPOST]
Ердоган испадна многу по силен и отколку што се мислеше. Некои политичари од САД и ЕУ можат водат да им носат на Ердоган.
И Милошевиќ изгледаше силен едно време...
 
Последно уредено од модератор:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Почит - збор за кој дефиниција у распаднатава територија е: "нешто што го немаш за сопствени дедовци и прадедовци, а нешто што го имаш за некој што сака да те ебе, некој што купува нафта од даеш, финансира изградба на џамии и медреси у твојата земја, а у сопствената затвара медиуми, опозициони политичари, гаси социјални мрежи...".
Да ја имале истава "почит", баш ме интересира дали би седнале истите луѓе да ја формираат ТМРО...
 
S

silmarillion

Гостин
Леле имал љубов према својот народ. Да може ко глинени голуби ќе ги потепа тие што не се слагаат со него. Или за свој народ важат само неговите поддржувсчи? Оние другине кој ги ебе? Типично вморонско размислување. За вмороните само гласач на ВМРО се рачуна за македонец се друго е ванземаљец кој треба по брза постапка да се неутрализира.
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Тоталитарски, ама 540 млрд. евра мушнати тамо. Нема да ги броиме немците, ама 22 млрд. од Ниската земjа, 18 млрд. од фалименто Италиjа, 30 млрд од Шпанско... Многу му се смеаме на Трамп, ама близките месеци ке гледаме претворуваньето на "новите пазари" во нови "болвата пазари". Па со Турциjа, ке го отнесе и Русиjа. Цела метаморфоза.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom