А бе до принципи ни дошло време да држиме, види ги каде се Баерн во поглед на ЛШ што се држат до своите принципи да не преплаќаат играчи.
Барселона да не се држи до Ла Масија? Не го разбирам Вудвард, ако фудбалот му е во преден план, ова ми се нелогични потези.
Е ајде де. Лани за факинг 5м не сме го ангажирале Перишиќ, а како што гледам можно е поради истите причини и Тоби да не го доведиме.
@Ilumious Види, факт е дека за централен бек сме сложни и се поизвесно е дека ќе се случи тоа во наредниве 10 дена. Но, исто така факт е дека нападот ни е премногу еднодимензионален и многу предвидлив. Немаме можност во тек на меч да извршиме некоја си трансформација со тоа што би го изненадиле противникот и тоа е се баш ради дупката која ја имаме десно. Мата кога се позиционира, братот има слобода и тера де по средина, де лево, а се отвара простор за ЛАВ кој нема никаква можност да изигра нешто со свој соиграч и да испадни сам во казнен простор затоа што е сам и секогаш има барем по еден кој го чува. Затоа е многу важно и тука да има солиден партнер кој ќе ги прави нападите многу понепредвидливи и ќе бидеме доста тешки во справувањето. Сети се само колку крилата ни газеле во минатото и често се слулчувало на втора статива да поентираат, да испраќаат квалитетни топки затоа што излегувале сами во казнен простор поради разни комбинации.
Со квалитетен напад, кој би немал проблем во градењето на шанси и би биле реализаторски способни (не само како сега Лукаку), одбраната ќе има далеку порекалсирана задача. Многу е полесно и потрезно да играш кога знаеш дека си во позитива со 2 гола, кога имаш доверба во офанзивците дека и некоја грешка во одбраната ќе биде надоместена со погодок затоа што нападот функционира. За овој дел и Мурињо има голема вина.
Ете и со дефанзивец само сум задоволен до крај јас. Според мене имаме играчки кадар да ја билдаме играта нешто налик Франција на ова СП, со задачите што ги има Гризман да ги има Санчез, Лукаку како Жиру со далеку подобри перформанси од него, а брзината и пробивноста на Мбапе ја имаме во Рашфорд и Марсијал. Со креативен и дефанзивно дисциплиниран среден ред во Матич, Фред и Погба, централни бекови во Баји и Тоби/Мегвајр и бочно како што е состојбата засега со ЛАВ/ТФМ/Далот и Јанг/Шо/Далот. Така мислам дека ќе бидеме способни многу подобри перформанси да прикажеме. Исто ќе имаме и солиден играчки кадар за 3-4-2-1 во варијанти на Англија и Белгија.
Припремиве гледам дека го кренале песимизмот на високо ниво, но мислам дека тимов има шанси да демантира оваа сезона.