Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Екипа вели дека од јануари 2019 градот комплетно го превзема клубот?
Најлогично е ова. Вардар годинава со овој тим ќе се бори за трето место, па со тоа што ќе влезат во јануари се штитат од евентуален неуспех во првата полусезона. Во првиов дел од сезоната најважно е да останеме во игра за второ и трето место и да се пласираме во 1/2 финале во купот. Реално и со ваков мизерен тим достижен е тој пласман.
 
Ajde kominjari UNiSHTITE se shto e sinonim za makedonecot dobro dojde na “zivotot” i vo FK VARDAR
 
Најлогично е ова. Вардар годинава со овој тим ќе се бори за трето место, па со тоа што ќе влезат во јануари се штитат од евентуален неуспех во првата полусезона. Во првиов дел од сезоната најважно е да останеме во игра за второ и трето место и да се пласираме во 1/2 финале во купот. Реално и со ваков мизерен тим достижен е тој пласман.

Градот Скопје засега нема пари во буџетот за да го превземе Вардар, што значи дека ќе се чека изгласување на буџетската сметка за 2019 година, кога ќе треба да се види дали градоначалникот Шилегов ќе успее да одвои 1,5 милиони евра и да го превземе работењето во Вардар.

^Ова го пишува во текстот на спортмедиа дека Самсоненко засега останува, најверојатно од причина што буџетот на Град Скопје е веќе распределен и испланиран и во него нема простор за финансирање на Вардар.. Со Град Скопје ќе живуркаме, ќе се вртиме околу второ-трето место во лига и ќе се молиме да пројдеме некое коло во ЛЕ, ова се мои претпоставки, ама па и реално доста беше од оваа неизвесност, неисплатени плати, долгови, еден ден бомбастични најави следниот ден немаме пари за плати.. Единствен спас е да се најде некој поозбилен спонзор кој ќе вложува околу 3-5 милиони годишно, со кои со правилно работење ќе можеме секое лето да се надеваме на пласман во групи ЛЕ и борба за титула, ама таков спонзор дека ќе се најде, тешко
 

Го знаете ли она кажаното „Спиејќи со непријателот“ ?! :D:LOL: Каде бе курвава Шилегов ќе најде пари? Чоеков е изгубена мува,ќе собере 2 милиона :vozbud::pos: Он не знае па да моча прецизно во шоља прво.:X3: Пијандура ..... Боље дајте го Макрадуљи.....Комитско дете е....

 
Го знаете ли она кажаното „Спиејќи со непријателот“ ?! :D:LOL: Каде бе курвава Шилегов ќе најде пари? Чоеков е изгубена мува,ќе собере 2 милиона :vozbud::pos: Он не знае па да моча прецизно во шоља прво.:X3: Пијандура ..... Боље дајте го Макрадуљи.....Комитско дете е....


Да бе пошто на улица ќе ги бара тие два милиона. Прво Бугарот бил куртон па сега Шилегов нечинел. Крајот не ти се наоѓа најарно да непратиш многу многу спорт ти.
 
тешко да остане на власт 2019 год сдсм па да го преземе клубот
 
Со шилежето све на допинг ќе бидат и премиите во ваучери ќе бидат.
 
Кога ќе се сетам минатата година на црвено-црната машина која газеше во Европа.. На 25 јули го победивме Копенхаген дома, доминиравме игравме фудбал, цврсто, дисциплинирано, имавме посед и иницијатива.. Кога Балотели ги здрма со волеј удар, кога здивевме сите на трибина.. Па несреќните последни 15минути во Данска, кога имавме се во наши раце, но ете загубивме.. Па после историскиот плеј оф во Лига Европа и најголемата победа на Вардар...
Бајка наречена: Моќен, Европски Вардар..
Мислам дека и успехот беше во многу тешко и неблагодарно време, за нас како граѓани на Македонија, што политика, немаштија, проблеми еден куп.. да беше барем малку подобро време, ќе беше лудница од еуфорија, но што би било кад би било..
И сега вести за немање финансии, долгови и што уште не, не може никој да ме убеди за трансферите што ги направивме(продадовме, ослободивме) дека се чисти, уште тогаш некој си спремаше торба, ако размислам реално, логички и со факти, но тешко беше после најголемиот историски успех на овој клуб и било кој друг фудбалски клуб од нашата земја, дека може да се случи огромен пад, иако се се сведуваше на тоа и укажуваше на тоа, но ете за нас надежта последна умира, се надеваме дека некогаш повторно ќе гледаме Европски фудбал у Скопје, а ние како навивачи, симпатизери, ќе го наполниме Филип Втори!
П.С за моменталната ситуација, ништо чудно да се спрема терен за некој спонзор, као еве градот сака да влезе но за неколку месеци, претходниот газда е спремен да си ги исплати/покрие трошковите односно долговите, и тука некој да се намами да се заинтересира за превземање(ако моментално нема таков) и да се среди до нова година, како и да е тежок период, уште потешка лига, вакви тешки противници(конкуренти) немаше одамна, ќе биде пеколно тешко, непредвидливо и напорно ова нова сезона.. Но ете се надеваме на нешто добро и позитивно..
 
Што е ова бе на задњиве страни повеќе политички аналитичари имаме, отколку љубители на ФК Вардар. Убаво викам ја страшно многу се затруени луѓево...
Да бе пошто на улица ќе ги бара тие два милиона. Прво Бугарот бил куртон па сега Шилегов нечинел. Крајот не ти се наоѓа најарно да непратиш многу многу спорт ти.
Друже, најдобар лек за него е уопште да не пишува на темава. Ликот, а гледам и многу други не разбираат дека Вардар побарува средства од институцијата градоначалник на Скопје, а не од Петко, Трајко или Станко. Како што Пенов и Коце со амин од горе одвоиле финансии за клубот, така ќе биде и сега. Чиниш од нив џеб ги дале, ама неуки луѓе толку разбираат.
 
Не е проблемот дали е Шилегов, Коце, или овој на Ново Село што го затворија. Сериозна фудбалска институција како Вардар нема да може да ги отствари резултатите кои сите ги очекуваме под закрила на било која државна институција. За успешен колектив многу е битно да се најде приватен инвеститор кој покрај профитот кој би го отстварил (или не) превземајки го клубот, ќе донесе и определени успеси на кои ние би се радувале. Пошто ни е јасно дека тој наводен спонзор не го гледа Вардар како што го гледаме ние, треба сега од град Скопје (од кога ќе го превземат клубот), да удрат еден добар маркетинг за да се привлече некој странец со пари!
 
Левски Софија за јубилејот 75 години ќе игра против Милан на 11 август.
Толку за маркетингот и афирмацијата на Вардар. 70 години си поминаа и никому ништо за неодбележувањето на тој јубилеј.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Левски Софија за јубилејот 75 години ќе игра против Милан на 11 август.
Толку за маркетингот и афирмацијата на Вардар. 70 години си поминаа и никому ништо за неодбележувањето на тој јубилеј.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
Слават 75 години од раѓањето на Георги Аспарухов - Гунди. Така им се вика и стадионот. На времето бил страшен напаѓач а загинал во сообраќајка со соиграч во шеесетите. Издигнат е на ниво на икона во клубот. Требаше да им дојде Бока Јуниорс ама им откажаа. За јубилејот 100 години од клубот им беше дојден Лацио.
Јубилеј 70 г. славеа и ЦСКА Софија пролетва.
Со хеликоптери, па се симнаа легендите на клубот Стоичков, Бербатов, па војската кршеа керамиди покрај аут линија... Сите знаат да си ги сакаат клубовите и да прават маркетинг. Ние во Македонија сме мали деца во споредба со сите балкански клубови.
Тоа е проблемот кај нас. Немаме ништо. Ни луѓе со врски, ни менаџери, ни ништо. А најповеќе немаме посветеност и идеја да се направи нешто. А да растуриме во тоа сме махери. Не се само парите проблем кај нас. Проблем е незнаење да се направи нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom