@moongoses , чекај малце, а тебе не ти е гледан филмов?
Taste of Cherry - Не знам како да почнам. Прво, очекував нешто слично, зашто имам гледано 4-5 филма од иранската кинематографија, и на некој начин, помалку или повеќе, ако ништо друго, барем по начинот на кој се снимени, наликуваат еден на друг. Најмногу ме потсети на Taxi на Јафар Панахи од пред некоја година, кој исто како овој имаше земено главна награда на еден од трите најреномирани европски фестивали (возењето на џипот низ Недојдија, камерата поставена на совозачкото седиште (таму беше баш камера за во кола, како оние во авто-школите), дијалози-дијалози-дијалози и само дијалози, егзистенцијални прашања...). Но светлосни години е далеку од било кој од филмовите на Асгар Фархади, кои се вистински ремек дела. Второ - филмов дефинитивно е hate it or love it. И покрај тоа што има земено Златна палма во Кан, и покрај тоа што е од режисер кој е почитуван многу низ светот, постојат несогласувања кај критичарите за неговиот квалитет. Дури случајно најдов податок дека еден Еберт го ставил на неговата листа „Најдосадни филмови на сите времиња“, додека истовремено го има и на листата „1001 филм кои мора да ги гледаш пред да умреш“. Јас сум повеќе на страната на тие кои го мразат, да бидам искрен. Филмов ме уби. Од досада. „Кружење околу стол“ како bottom level е пробиен и поставени нови рекорди. Јас се чудам дури како успеав да го догледам, искрено. А што е целата поента: средовечен човек се вози низ некои приградски подрачја околу Техеран, барајќи друг човек кој ќе го закопа под едно полу-исушено црешово дрво откако ќе се самоубие, и за тоа ќе биде платен. И тоа е тоа. Среќава три-четворица кандидати од кои првиот - младо војниче, се посра в гаќи и избега ко куршум, вториот беше преголем верник за да си ги извалка рацете на тој начин, за на крај еден старец на кој му требаа пари, сепак да се согласи да го направи тоа, иако не го оправдува. Причините зошто типот не сакаше да живее, нормално, не ни беа дадени во ниту еден момент во филмот, и разбирливо, зашто поентата на режисерот не беше да ни прикаже зошто некој сака да умре, туку кои се малите нешта за кои вреди да се живее (децата кои си возат имагинарни коли, љубовта која треба да биде овековечена, волшебната месечева светлина која продирајќи низ облаците го прави дури и тмурното небо - убаво...). И сето тоа е ОК, значи филмов е со некој вид на психолошко-егзистенцијален пристап, со по некој симбол ваму-таму, кој ни дава некои кратки одговори на тоа што сакал режисерот да каже, но во глобала, генерално е една голема празнина, и сето тоа е премногу досадно за гледачот. Дури и крајот мене ми беше недокажан и без врска. Единствената светла точка, која пак е на некој начин и одлика на иранското кино беа дијалозите. Има несразмерно повеќе дијалози од случувања тука, и тоа е ОК. И веројатно тоа, и начинот на кој е снимен биле нештата кои жирито во Кан 1997 го препознале тука и затоа го наградиле филмов, иако јас мислам дека поверојатно е дека му дале награда од политички причини, во стил: а-у, филм од Иран, и досаден е, бавен, веројатно има многу да каже, и да ги поттикне Иранците да снимаат, па дај да го наградиме. И му дале Златна палма. А ако тоа било поттик за Фархади и Панахи денес да ги направат нивните ремек дела, тогаш му давам рака на режисерот, и му благодарам многу. Инаку, од мене само една очајна 4/10 за филмов.